Потребно време: 2h 30 min Нема да се разочарате воопшто туку вие ке бидете тие кои ке сакате да ја продолжите оваа приказна
Книгава ме остави без здив. Едноставно кога ја завршив неколку саати само лежев непокретно и плачев. Треба секој да ја има прочитано и да биде на полиците од домашната библиотека.
Книгава има толку наивно име, толку наивно делува описот, што јас искрено очекував некоја „срцепарателна“ приказна за некој љубовен триаголник каде две другарки прават драми за некој дечко кој им се допаднал и на двете. Затоа мислам и толку време ја одолговлекував и не ја читав, предност им давав на други книги. Ја прочитав целата книга за неколку часа, не трепнав дури не стасав до крајот. Преубава приказна и далеку е од тоа што го имав замислено во глава за оваа книга. Многу тажна, но во исто време многу искрена и реална приказна која носи длабока порака. Им ја препорачувам на сите, без разлика на возраста.