Пушти слика тука. и од канчето ако го чуваш или кеса каде стоеле. не чувај печурки во кеса никогаш. можеш завиткани или незавиткани во кујнинска хартија (како тоалетна).
чим не горчело ко пелин, немаш гајле. а кога веќе ја спомна датата, јас и три дена после рок сум ги правела ако сум проценила дека се ок. у глобала пазат фирмите на дати, па ко ќе им ги вратат препакуваат ако сметаат дека има простор уште да останат свежи.
Добри се, ги пропржи малце пред тоа или врела вода? ако не, друг пат можеш оцет во шоља. овие ти се добри.
@LiliBoz @MemoryOfUniverse фала ви женски. Да да ги пропржив и ги подваррив малце. Оваа не ја стадов другите за нијанса беа посветли
Јас имам ограничен простор за чување храна, немам голем замрзнувач и фрижидер. Немам подрум. Домот ми доста топол и не можам да чувам долго надвор од фрижидер многу намирници на кои им треба да се на ладно и темно. Обично само конзервирани производи чувам на полица. Зелена салата и спанаќ ми стојат свежи во фрижидер со денови ако претходно се измиени лист по лист, убаво процедени од водата и ставени во затворен сад со капак или длабока чинија, па покриени со пластична фолија. Секогаш кога купувам зелка и марула, па и други зеленчуци или еве печурки (пошто ги спомнавте) им ги гледам дршките кај што се пресечени. Ако се потемнети тука тогаш знам дека одамна се набрани и не се свежи и не ги купувам, без разлика дали се од горе убави на око. Карфиол да е снег бел, без црнки точки, брокула да е зелена без жолти точки. Смрзната брокула испадна дека е најекономична, зашто е секогаш пакувана на парченца без дршка и ништо не фрлам за тие пари, а секогаш е свежа. Купувам обично она што му е сезона. Јаболка стојат долго зашто се мачкаат со глупости преку 20 пати. Однадвор се убави зашто се како мумифицирани, а од внатре почнуваат да гнијат од кај семките. Се знае дека на есен се берат, тогаш се свежи, а сега овој период се берени лани и не купувам многу баш. Јаболки, киви, патлиџани се чуваат надвор од фрижидер, на суво и ладно место. Јас на зима и на есен ги чувам јаболката и кивите во гајби и кутии покриени за да не се на директно светло, на тераса. Ако е многу ладно под нулата им редам парчиња стиропор околу гајбите. Траат со месеци. Патлиџани се чуваат со дршаката, надолу и наредени убаво во гајба на суво место. Ако се тазе набрани од бавча, тие со недели ми траат на тераса, дури и на лето. Не чувајте грав и ориз во тегли. Еднаш така се зезнав, се појавија бубачки во нив зашто им било топло. Ако не се вакумирани од продавница, чувајте ги во вреќи што дишат од платно на пример и на суво, потемно/посвежо место. Шеќерот, лимонот и солта се природни конзерванси. Вариво од зеленчук ако е со сол, подолго издржува. Инаку без сол за неколку саати е заникаде и не се јаде. За овошје и овошен сок рокот и свежината им ги продолжувам со лимонов сок и шеќер, ама гледам да не стојат и тие долго- преку ноќ или на пола ден плус во фрижидер. Компир никогаш немојте да јадете ако е зелен или ако нагорчува при јадење. Тој е стоен на сонце и полн е со токсини. Може да се затруете ако изедете доволна количина. Ми се има ова случено, не е ич пријатно. Не купувајте компир во пластична вреќа или намокрен, влажен компири на сонце што се печел. Компир се чува во темница на суво место (покриен со песок го чуваат). И лупете го обавезно, зашто и тие се третираат со секакви хемикалии, фингициди и што не... Уствари се што има лушпа го лупам од таа причина.
Како ги чувате јаткастите плодови, бадем, лешник, ореви ? Оревите ги купувам во лушпа, ги чистам и ги ставам во тегличка, но приметувам како нешто бело низ нив, си викам да не почнало да се ствара афлатоксин, а и при чистењето наоѓам некое мувлосано и го фрлам. Исто и лешниците, чистени ги купувам, но вчера најдов еден со малку мувла на него, што значи почнало да се ствара афлатоксин и треба цела тегла да ја фрлам. Навистина не знам како да ги чувам, какви да купувам и како да се избегне појавата на афлатоксин ? Дури некогаш си велам, можеби и од таму од каде што се складирани биле зафатени веќе со афлатоксин и по дифолт сите се нејадливи. Ако некој знае некој совет, трик како да се чуваат и конзумираат безбедно, би било од корист за сите. Сепак се работи за здравје, купуваме здрави работи, а добиваме нож со две острици.
Во ќесичка никако ни во пластична кутија. Побро се расипуваат така. Само во хартиена ќеса или стакло. Јас така чувам. Кога чував во ќесе или пластика побрзо ми се расипувале. Јас ги замрзнувам. Го имав истиот проблем. Пробај.