babylove овошни кашички

Ролинг Стоунс (The Rolling Stones)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од annii, 23 февруари 2012.

  1. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.054
    Допаѓања:
    4.918
    Ролинг Стоунс се британски рокенрол бенд од 60тите години. Тие се оригинални во мешањето на разни правци од американските композиции во нова форма на популарна музика. На почетокот на нивната кариера тие свиреле преработки на блуз, ритам и блуз, кантри и рокенрол музика. Нивните први нумери биле преработки на песни Чак Бери, Роберт Џонсон, Скримин Џеј Хокинс, Мади Вотерс и Хенк Вилијамс, меѓу другите. Иако основачите на бендот Мик Џегер (вокал, хармоника) и Кит Ричардс(гитара, вокал) се сметаат за едни од најголемите текстописци во популарната музика, бендот никогаш не престанал да биде инспириран и од другите жанрови. Реге, панк, и денс музика, сите жанрови наоѓаат место на нивните плочи.
    Членови: Мик Џегер(вокал, хармоника), Кит Ричардс (вокал, гитара), Рон Вуд (гитара), Чарли Вотс (тапани).
    Некогашни членови: Брајан Џонс (1962–1969) (починат), Бил Вајман (1962–1993), Мик Тејлор (1969–1974), Јан Стјуарт (1962–1963) (починат).

    Еве ги и албумите:
    England's Newest Hitmakers - May 30, 1964
    12 x 5 - October 17, 1964
    The Rolling Stones, Now - February 13, 1965
    Out Of Our heads - July 30, 1965
    December's Children (and everybody's) - December 4, 1965
    Aftermath - April 15, 1966
    Between The Buttons - January 20, 1967
    Their Satanic Majesties Request - December 8, 1967
    Beggars Banquet - December 6, 1968
    Let It Bleed - November 29, 1969
    Sticky Fingers - April 23, 1971
    Exile On Main St. - May 12, 1972
    Goats Head Soup - August 31, 1973
    It's Only Rock 'N' Roll - October 16, 1974
    Black and Blue - April 23, 1976
    Some Girls - June 9, 1978
    Emotional Rescue - June 20, 1980
    Tattoo You - August 24, 1981
    Dirty Work - March 24, 1986
    Steel Wheels - August 29, 1989

    Имаат и официјален сајт Rolling Stones.
    превземено од википедија.


    Па ги слушате ли Стоунси? Омилена песна, албум?
     
  2. VbetiV

    VbetiV Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    3
  3. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    541
  4. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    M. Jager ♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥
     
  5. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    620
    Anyboy seen my baby ............ Angie ........ :inlove:
     
  6. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Машки
  7. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    2.247
    Пол:
    Женски
    Еден од најлегендарните бендови на сите времиња. Не верувам дека постои човек кој не им ги знае Sympathy For The Devil и (I Can't Get No) Satisfaction.
    Нивни омилени песни ми се Gimme Shelter, Beast Of Burden и легендарната Angie.
    http://www.youtube.com/watch?v=R3rnxQBizoU
    http://www.youtube.com/watch?v=8On3UiBOTdQ
    http://www.youtube.com/watch?v=yFOMyVA3BZk

    Пред некоја недела на еден сајт читав статија токму за нив, со податок дека билетите за концертот кој ќе биде одржан на Хајд парк во Лондон, биле распроданени за рекорни 3 минути.

    Living legends!
     
  8. brienneoftarth

    brienneoftarth Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    чудно ми е што нема повеќе мислења на оваа тема. стоунси се навистина едни од најпопуларните бендови, не само во 60те, туку и денес. пред некое време баш го гледав концертот во Glastonbury и ми беше интересно како сите се во нивните 70ти, а сепак се неверојатно енергични. мислам, Кит личи како да сака да се врати во кревет и да си ја продолжи дремката, ама го гледаш забавува 1 000 000 души. :D
     
  9. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.959
    Допаѓања:
    52.737
    Пол:
    Женски
    Ее кои хитови ги имаат. Предобри се.
     
  11. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.130
    Допаѓања:
    8.906
    Пол:
    Женски
    Јас сум ни Ролинг ни Битлси тим, слушам сѐ што е квалитет, а тука несомнено се и Стоунси.