Девојки..Колку често носите ролки(и полу ролки)...Какви бои преферирате и по која цена ги земате?..Јас носам еднобојни полу ролки зошто целосните ме задушуваат... Инаку си ги обожавам полу ролкитее... Спојлер Ако има ваква тема канта...
Јас не сум јас ако во зимо на мене не носам боди и ролка. Ги купувам еднобојни од пазар за 150 . Имам црна, бела, сива, лилјакова, маслинеста е за годинава ќе си купам и една сина за со новите сини фармерчиња.
потпис а и не можам секој материјал на ролка. дури и ме нервираат што некогаш тие стандард броеви припрво перење се збираат ракавите
Ролките секој ден ги носам во зима. Тие бодите со долги ракави ги носам секој ден, па имаат и ролка. Нешто најубаво, мене пак ич не ми смета тоа во вратот, некои се жалат „ги давело“, мене ми се ептен симпатични, па и те топлат. Плус најлесно е со нив да направиш комбинација. Облечи го врз блуза со кратки ракакви, некоја штосна туника, под маичка да не ти студи итн. Во зима тие се моето секојдневие, едноставно ги обожавам и ги имам скоро во секоја боја. Мајка ми само ми тегне нови.
Ролки не носам зошто имам чувство како да ме дави нешто во врат баш ко што опиша Глоси, ама полуролки обожавам. Ги имам во кремава, кафеава, сива, црвена и црна боја.
Ааа јас зимно време без ролка или боди на долги не излегувам од дома сакам ролки, ги имам во розева, бела, црна, сива, црна, зелена.... ги комбинирам најчесто со болеро или кошулка.
Неможам да носам јас нешто што толку ме гуши,незнам зашто. Имам само црна и бела ролка и ги носам ептен ако треба нешто едноставно да облечам и од горе елече/капутче/тие плетените џемперчиња..вака само ролка не..
Ејј неможам јас без ролки во зима.Па омилени ми се.Како помала ич не ги носев.Ми се чинеше дека ме гушат. А инаку повеќе носам полу-ролки,ролки не носам од причина што имам мало вратче и никако не ми стојат. А ги купувам од бутици а цената им е околу 200 денари,ги имам црна,лилјакова,сива
Јас не сум јас ако не носам во зимно време ролка. Ги земам по 150 денари и ги имам во различни бои: црна, бела, крем боја. Иначе морам нешто над нив да ставам никогаш не носам само ролка
Јас ги сакам еднобојните и ги носам само во зима. Имам бела, црна, кафена, виолетова и виолетова темна. И за оваа зима сакам да си купам жолта и тегет
Ги сакам ролките носам многу често ролки и полуролки во зима ги комбинирам со некој долг дебел плетен џемпер