Носам ролки преку зимово ладно ми е така да почесто се наоѓаат на мене.Инаку имам црна крем црвена и лилаково ролка до кај 150ден се и си ги комбинираам и со блузи и сл.
И јас зимата многу ги носам,скоро секој ден.И за по дома,а и за секојдневна комбинација не се лоши Имам црни,бели,кремови...скоро секоја боја
Носам ролки често, имам во многу бои, црвена, виолетова, бела, зелена, плава....... Многу се лесни за комбинирање, одговарат со скоро се, затоа ги сакам.
Каде наоѓате ролки по 150 денари?!? Квалитетни се, памучни? Јас прошлата недела си купив една бела-во една маалска продавничка за 250 денари, ама некако ми е крут памукот и + ептен е тесна горе кај вратот-ептен тешко ја облекувам и соблекувам, а кога ја соблекувам цела пудра ми останува на неа.
Во овој период од годината ги носам скоро секој ден и ги комбинирам со марами и џемперчиња.Имам бела, црна, сива и розова.
Кога носам ролки имам чувство дека имам јаже за бесење. Имам само една плетена, широка и не ми дава таков филинг.
Ме гушат и не ги сакам ниту пак ги носам. Имам црна, бела и лилјакова, единствено кога ми е ептттееенн ладно да ја облечам лилјаковата затоа што е најширока и не ме гуши. Инаку шанси нема. Кога бев помала ги носев многу тие како боди што се, не ги ни соблекував од мене. Сега нема шанси.
И јас не ги сакам ролките, ниту полуролките - ма мразам секаков вид маичка што има висока и прилепена јака нагоре. Порано, уште кога мајка ми ми ги командеше комбинациите за во школо, носев од оние боди-ролки. Сега се ежам од самата помисла на нив. Не ми се пријатни за носење, мразам зашто ме стегаат и не сакам да ги комбинирам никако, иако признавам дека можат да се направат убави комбинации, посебно со оние плетените ролки, чија јака паѓа онака слободно - не знам како да ја објаснам поинаку. Е, такви можеби би носела само, оние класичните - њет.
Мене поран ме гушеа ролките,ама сега супер ми се,таман на ладново си ги носам.Еве деновиве ос се ги комбинирам.Имам неколку,едни се памучни,другите волнени и плетени.
Ич не ги сакам Ме нервираат, ме стегаат и ме гушат. Носам само од оние со поширока јака (како да ги наречам не знам ), ама и тие многу не ги `мирисам` Додуша, имам само два џемпери со таква поширока ролка, ама и тие ретко кога ги носам
Имам две ролки кои ги носам два пати годишно и толку. Многу сум осетлива на материјали, плус ме гушат и кога носев порано во школо цело време го тегнев горниот дел и така седев. Ако има некој фан на ролки тука, топло му препорачувам да си купи некоја квалитетна, од Манго или Зара на попуст, затоа што се од многу добар материјал. Мајка ми неколку пати се обиде да купи поевтини, и заврши со растегнато парче облека после 2 носења.
Не носам, стварно не можам да ги поднесам, во никој случај. Многу пати се случило мајка ми да ми купи некоја и ќе ме натера да ја пробам и ќе ја пробам ама после.. незнам, се чуствувам како некој да ме фатил за грло и да ме стиска, а јас се гушам и се гушам се додека не ја соблечам Се сеќавам како мала носев, бидејќи мајка ми така сакаше и она ме облакаше ама тогаш не ми сметаа. Сега воопшто неможам да ги трпам ни ролките ни никои слични на нив што стојат стегнато и припиено околу вратот.