Боди ролки не носам,но полуролки носам ги купувам од по 200 ден. и никогаш не ми се собираат се додека не избледат ги носам. Имам различни бои.
носам ама полуролки ама не многу имам само една и тоа бела не ми се удобни во вратот кога јадам или пак некои кои се многу тесни
И ролки и полу ролки носам, порано некако не ми беше удобно но се навикнав. Имам две црни, сина и виолетова.
Не носам,мразам ролки мислам дека не ми стојат глупо ми е,кога сум пробала некогаш исто како некој да ме фатил за врат
Каде има убави ролки така свиленкаста за да може на ѓердан да се носи минатиот викенд барав во Ситимол,гледав во мегафешан ама ништо не одбрав.Се беа фолнени,памучни или тенок материјал.Ми треба како за под фустанчиња,тиролка или на сукња имам памучни за на фармерки зимото купував од тера нова.Сакам ролки имам во сите бои ,ама се веке износени.Каде дајте ми совет да си купам.
Имам две ролки - црна и љиљакова. Црната е долга и ја носам со хеланки. За ова време е супер. Ја носам веќе 8 години.
Имам неколку и ги сакам многу, ем ми се симпатични, ем топло држат. Во училиште кога одев многу беше ладно, стари прозори и џабе беше парното, па обожавав да носам ролка и да си бидам стоплена.
Порано не бев некој фан, ме асоцираа на Шехерезад со бисерните обетки, дури мислам и дека ги изложуваа со такви натписи по локалните продавнички . Последниве неколку сезони се неизбежен дел од мојата зимска облека. Потенките почнувам да ги носам уште во доцна есен, а за ладните зимски денови нема ништо поубаво од мека дебела oversized ролка. Ги комбинирам со сè буквално, под кожна јакна, сако, со кожна сукња.
Девојки кај можам да најдам ролки, не прескапи пошо сакам во повеќе бои да си купам. Бремена сум и зимово само тоа ќе ме спаси. Не сум прошетала до калиопе и теранова може има?