1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рол-он депилатор

Дискусија во 'Тело' започната од dorinaa, 21 јуни 2012.

  1. dorinaa

    dorinaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    4
    Aj кажете ми како се употребува ролонот на Силк конкретно? Дали она белото капаче каде што е ролерот се вади или не? Мене ми се чини не ама на упатство пред употреба пишува да се извади првин внатрешно капаче. На јутуб гледам нешто слично на силк ролонот меѓутоа се нанесува со белото, со ролерот.

    Кои други рол-он за депилација ги има во Македонија? Или само на Силк? Ефикасни ли се ролониве и навистина влакното не расте до 4 недели ( на паковчето пишува 4-6 ама како многу ми е тоа) или индивидуално е до кожата?

    Еве за што ви зборувам :)

    [​IMG]
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Па, фактички ролерот е тој што ја врши целата работа со разнесувањето на смесата по телото, него не го вадиш никако. :lol:
    Ќе го одвртиш тоа белото, ќе приметиш дека шишето е затворено со тапа. И неа ќе ја извадиш, го навртуваш капачето и толку.
    Шишето треба да го ставиш во врела вода за да се загрее смесата, инаку нема да ти лепи ниту да тече. Ама најдобро да го ставиш во ѓезве со зовриена вода и да почекаш малце. Сама ќе приметиш кога смесата ќе биде готова, т.е. доволно течна.

    Периодот за кој повторно ќе пораснат влакната е индивидуален. И кај мене варира - некогаш повеќе трае, некогаш за пократко време пак почнуваат да растат ...
    Во последно време и не сум баш задоволна, ама ваљда до мене е, може не сум тегнела убаво, ги испокинав сите влакна, останаа кратки и недоизвадени и пак сум подникната за неполна недела. |(
     
    На dorinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Го имам истиот користено само беше многу одамна и мислам дека треба да се внимава да не се натопи ролерот, знам јас направив утка, после тоа не вртеше и ми остана така неискористен...
     
    На dorinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.292
    Допаѓања:
    16.695
    [​IMG]

    Колку е ова чудо?
     
  5. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    И јас сакав ова да го пробам, ама се премислив поради наједноставната причина, страв да не ми отиде целото за џабе. :lol:
    Ама, како што ја сфатив Мишела по објаснувањето, постапката е иста како со ленти само што со ова мора директно восокот да се нанесе на кожата, така?
    А, после како за тргањето? И ленти доаѓаат со тоа или како обичен восок, така се трга со прсти? :^)
    Ептен ми е нејасно. :$ Поради овие работи и се премислив, па си останав со лентите. Ама баш сакам да пробам поинаков метод.

    Убава тема, корисна. :up:
     
    На dorinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Зависи каде. Последно купив пред месец дена од аптека за 175 денари.

    Малечка има лентички внатре. Десет се. Откако ќе го нанесеш восокот како што кажа Мишела ја поставуваш лентата и тргаш. Има и упатство во кутивчето со ролонот. Со прсти имам јас пробано колку да видам како е , ама лентите си се сигурни. После ќе си ги ставиш лентите во млака вода и може повеќе пати да ги употребуваш . И тоа го пишуваше во упатството мислам :)
     
    На malechkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    И јас го зедов толку.
    Инаку, добивате 10 ленти - како крпчиња, парчиња материјал и тегнете со нив. :)
    Едноставна е процедурата, ама треба брза рака, што очигледно ја немам. :D

    Инаку, страшна финта направив - десетте ленти од претходното пакување си ги зачував и сега ми се дупло повеќе со новото што го купив и автоматски не трошам време на плакнење па сушење и повторно навраќање на депилација, ами си терам до крај.
    А зимата раат ми беше - стави ги на парно, за 5 минути суви барут.
    Сега џабе што е жешко кога бавно се сушат пустите. |(
     
    На malechkata и danniela5 им се допаѓа ова.
  8. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Јас го користам ова чудо некое време и супер ми е. :D
    Многу помалце боли за разлика од депилација со восок, тоа да знаете, а влакненцата ми растат исто без разлика со што се депилирам.

    Инаку јас не ги користам тие ленти зашто сестра ми ги фрлила, па си направив сама од најобични крпи, чаршави, алишта и такви ствари. Поубаво ми фаќа со нив, а после со млака вода си ги мијам и ги сушам.

    Единствено што ме нервира е тоа што лесно ми се лади восокот, па напати треба да го оставам повеќе време во топла вода за да продолжам со депилација. |(

    Но, се‘ на се‘ - многу добар депилатор. :up:
     
    На dorinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Епа според ова што го кажувате, вреди да се проба и плус економично е. :)
    Купувам уште утре, па се надевам ќе биде mission possible, а не the other way around. :D :lol:
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Одлучив еднаш сама да пробам да се издепилирам на препоните. Имав купено ваков депилатор за нозете и уз тоа си викам ај со еден удар две муви, дај и препониве сама да ги поминам сигурно нема да биде толку страшно. Собрав храброст, стиснав заби, Фрц! и се зезнав. Дали многу жешко го нанесов, или неправилно потегнав, или не ја затегнав кожата немам појма, ама одма откако потегнав на препоните ми испукаа капилари. Мајка ми ми вика дека ќе поминат за 10тина дена ама грдо ми изгледаат. Само на едната страна имам зашто кога видов што беља направив џитнав и депилатор и се’ :swear: . Од сега ни депилатор ни свети депилатор, си одам јас на депилација и мирна глава. Само сега ова мислите ќе помине? :worried:
     
  11. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Да, нормално дека ќе помине. И мене ми се случува постојано, и не е ништо страшно. :) Можеби сега имаш мали модринки, ама тоа се само капилари, ќе заздрават.
    Јас секогаш кога ќе ми се случи такво нешто веднаш го чистам восокот и се мачкам со маслото за бебиња од Бекутан и само оставам така малце да се смири кожата.
    После тоа или ќе го оставам така сат-два или веднаш ќе ставам витаминска крема или крем за бебиња од Бекутан, тие вистина помагаат. :)
    Ја омекнуваат кожата, пробај.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ами јас лани... Седете аман кога ќе ми текне. На препоните со восок и имав исечено крпчиња. Их, трауми имам. Ненормална болка. Капиларите кога се направија црвени, жур. А требаше наредниот ден да одам на плажа. И плажа се одложи и се :lol: Трауми убаво напишав јас.

    Инаку , да преминам на главна тема . СексиЛејди, не се секирај . Убаво ти рекла мајка ти. За 10 -тина дена нема да ти се познаваат. Јас баш ги набљудував бидејќи цело време очекував да ми поминат и да одам на плажа и можам да ти кажам дека 12-13 ден не се познаваше ништо :)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. T-cent

    T-cent Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    12
    Јас најчесто го користам рол-онот на Силк и мн ми е едноставен за користење, само не можам да губам време со тие лентите што ги има внатре па да ги перам, па незнам шо, така да си прам сама ленти од некоја стара блуза и откако ке ги искористам ги фрлам.
    А иначе да има како капачка внатре шо треба пред употреба да се извај, иначе постојат и други ролони... Моментално имам од Леа, го зедов бидејќи беше поефтин :)
     
    На dorinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    ^ A нешто сликичка од тој на Леа нема по нетот?
    И колку е, ако е бааги поефтин, да си го земам - нема да ми дојде лошо вака поефтинко. :D
    Само, ги вади убаво влакненцата или?
    Се надевам дека е ист на квалитет со овој на Силк. :wasntme:
     
  15. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Јас го користам подолго време , се депилирам на нозе. И болката е помала отколку со восок. Барем не правам лом на сите страни, мене ми е супер ролонов, за помалку 1 сат сум готова на двете нозе.
     
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    И јас овој го користам доста долго.
    Порано беше и поевтин во аптеки беше по 140-50, а во продавница 160-70. Последниот пат кога земав беше 190 во продавница, жешко ми беше до аптека да одам за 15 денари разлика во цена.

    Инаку Мишела добро објасни, значи делот со ролерчето се одвртува и има едно капаче кое треба да се извади, потоа повторно ролерот на место и постапката може да започне.
    Наајдобро во некое големо ѓевзе со превриена вода да го ставите, најбрзо ќе се растопи, а и најдолго ќе стои.

    Јас си земам ѓезве, го ставам рол-онот и во друг леген ставам млака вода. Легенот ми е за искористените ленти. Ја мачкам прво едната половина од подколеницата, одприлика толку ми се долги лентите и си лепам ленти, малце притискам, за добро лентата да се залепи и тегнам. Кога ќе ја искористам лентата ја ставам во легенот, па бидејќи восокот внатре е на природна база, шеќер и лимон најверојатно многу брзо се растопува.
    На крај од депилацијата сите ленти се во вода скоро чисти, им пуштам тушот еднаш-два пати колку да ги исплакнам и се чисти. Немам живци јас едно по едно да ги перам, вака најбрзо.

    Иначе ова рол-ончево ми е многу понежно од лентите на Силк, еднаш брзав а брков ми беше за депилирање и земав ленти. Леле луѓе беља си направив :x . Кога ми се воспали местото, кога поцрвене, кога ми се поду, неколку дена му требаа да помине црвенилото и отокот да ми се повлече.
    Од тогаш реков лента јас не ставам на мое лице, т.е. на кожа у никој случај.

    А и економично е, со едно паковање јас два пати депилирам цели нозе и раце, стомакот и пак ми останува малце за брковите. А брзо иде, само со восоков јас цела се средувам за помалку од саат време.
    Она што особено ми се допаѓа е што восоков ептен лесно се отсранува, не е како други да треба со павловичева, или со млеко за тело, можеш одма со тушот за секунда се растопува, или ако брзаш само со обична влажна марамица помини и нема никакви остатоци.

    Мана му е тоа што влакненцата треба да бидат подолги од 5мм за да ги извади убаво, иначе може само да се искинат или да си останат. За да немам проблеми и останати влакна, првин се поминувам цела со ролонов, а после набрзина со електричен депилатор тој ги вади што туку подникнатите влакна и мазна и раат сум неколку недели.
    Скроз мазна сум 2 недели одприлика, 3 веќе почнуваат да никнуваат, за 4-5 недела да пораснат доволно да можам пак да ги депилирам.

    Е за интима не го препорачувам, барем јас не сум имала добро искуство. Можеби јас згрешив во тегнењето, али последниот пат кога пробав само делумно ми ги извади влакната а ми се направија многу поткожни. Во план сум следниот месец повторно да пробам, во насока на тегење ко што ме тегнат на козметичар, ако не бива и тогаш, таа работа ќе ја препуштам на професионалци.
     
    На Asja, dorinaa и Sanniii им се допаѓа ова.
  17. T-cent

    T-cent Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    12
    Mishela не можев да најдам слика на нет, затоа јас сликав .. Кошта 135 денари и задоволна сум, ете баш денес се депилирав и убо ги изваде сите влакна :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_0934.JPG
      IMG_0934.JPG
      Големина на фајлот:
      93,1 KB
      Прегледи:
      310
    На dorinaa и Mishela им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Туку мене ме интересираше и друго - дали е битно во кој правец ќе ја тегнам лентата?
    Јас ја тегнам обратно од насоката на растење на влакненцата, ама гледам дека ми се направиле многу поткожни. :doh:
    Да не случајно треба да тегнам во насока на растењето за помалце да ми ги кине влакненцата, или нема фајде? :?:
     
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Стварно 4 недели не растат влакна? Малце ми е тешко да поверувам? Која феминка го има користено овај рол-он депилатор и дали навистина еден месец не растат влакна :?:
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Пупи, тоа си е индивидуално, не се ориентирај по тоа кој како ти кажал. :)
    Мене лично најдолго ми издржале конкретно нозете, мазни 3 недели. Значи close enough, ама не е тоа тоа. :D Секој пат е различно. :)
    Барем кај мене. Пробај си и ќе си знаеш отприлика како е и што е, немаш што да изгубиш. ;)