А би можело ли ова на Вит, да се користи откако ќе се потроши смесата која ја добиваме со пакувањето? Мислам, да си додадеме восок од друг рол-он и да си тераме депилација. Вака некако, ептен неекономично. Или има рефилери?
^Па, да. Може и повторно да се користи, бидејќи си има и полнач за полнење, што значи има рефилери, само се става восокот и повторно може да се користи. Пишува на самата паковка дека ролонот е електричен. Е сега, поскапо е бидејќи ги има сите тие нешта што претходно ги споменав. Но, тие повеќепати може да се користат.
Јас си прогуглав и мислам дека ќе си купам едно вакво, само да го потрошам Силк. Еве што уште оди со него. Ми се допаѓа тоа што има и додаток за бикини зоната. Pack Contents A self heating device and its cap A 50ml roll-on wax refill, specially designed for use on legs & arms 12 non-woven strips 4 Perfect Finish Wipes A base to hold the device and electrical cable Starter kit available for legs and body. Two Easy Wax refills are available, one for the legs and arms and one with a smaller roll-on head, specially designed for bikini line and underarms. Veet Easy Wax Replacement Strips are also available. Working Time 20 min heating 7 Steps to Salon-Perfect Results in your own home.
Не ми се верува дека е толку ефтин, обично производите на Veet се поскапи од останатите, а ова дури со греење на струја и можност за повторна употреба
И мене не ми е баш веродостојно. Та само една туба крема за депилација им е 250-270, па и оние нешто како спрејчиња за депилација (најверојатно пена) им се 300 и кусур денари. Ова ќе да е минимум 5-6 стотки. Освен ако не е на некоја промотивна цена колку за почеток. Јас утре планирам да проверам низ Тинекс, па ќе видиме.
Толку се, 500-600 денари. Јас ги гледав лани во Тинекс. Баш се зачудив кога прочитав дека се околу 300
Го купив ролонот на Силк и така ми стоеше 2 дена и ај се решив некако денеска да пробам да се издепилирам сама. Зовријав вода, го ставив ролонот и кога време му беше си почнав. Притискав ама едвај течеше...бицепси си направив со рацеве од што се мачев. А внимавав капачето да не го натопенам,што значи суво беше. И после ми тргна работата И двете нозе ги издепилирав само на предниот дел и истовремено го чував ролонот во врела вода. Се убаво ама после престана да ми излегува восокот. Не ми течеше. И така се откажав и си останав депилирана само напред. Да соберам сили и ќе пробам пак да видам дали ќе течи. А убаво се вадеја влакната тие што се извадоја.
^ Требало да ја загрееш водата уште еднаш, најверојатно се изладила. Мене ми се случува и по два-три пати да ја загревам кога ги депилирам и нозете и рацете.
Јас го пронајдов својот рај за овој болен и трауматичен чин. Овој депилатор, кој Славица го фалеше. Фирмата се вика Sinelco, јас го барав како италијански, но девојчето во Космо ми рече дека всушност бил германско производство и се зачудив ама нема врска. Восок е, најверојатно наменет за топење со помош на топилка (ќе си ја купам онаа Вит новата), засега го топам во врела вода и супер е, дури не ми е ни болно и во план ми е да пробам и госпожата да ја средам, па ќе пишам како ќе поминам. Јас сум некој страшен изрод, иако сум плавуша, влакната по нозете и рацете ми се доста темни, со страшно силни корени и се убивам од болка. Со ова додека му ја сфатам цаката ми одеше малку потешко, но финтата е во тоа водата да ви биде постојано врела, многу врела, за восокот убаво да си тече. Си набавив високо садче, утре ќе се спастрам цела. Воопшто не ми беше болно, а влакната ги вадев од корен - нанесував во насока спротивна на растењето на влакната и тегнев во насоката на растење. Супер е смесата, не е како кај Силк - таа е многу дебела некако и нерамномерно тече. Со него си одат 10 убави, широки ленти од убав материјал и чини 160 денари. На здравје депилација. П.С. Дури и да ви влезе вода внатре во депилаторот не е страшно. Јас како што сум несмасна, го испуштив несакајќи и само ја истиснав, си беше како воопшто да не бил истопен.
Мишела, едно прашање Како го отстрануваш восокот од кожата после депилацијата? Мене ми е ужасно тешко, премногу се лепи и не се отстранува со вода како тој на Силк. Единствено со некое мрсно млеко за тело, го правев тоа со Елдена, но премногу е мрсно и тешко за летно време. Инаку задоволна сум, до сега два пати имам купено и супер е за таа цена.
Масло му е мајката! И јас тегнев, пустев, де со млеко за тело, де со крема, де ладна/топла вода и ништо, само го размачкав повеќе. Ми светна дека имам малку чичково масло, го размачкав и го извади лесно. Тоа што остана го тргнав лесно со нокти, ептен беше растопен восокот. Мислам дека и маслиново, ореово, било какво масло ќе заврши работа. Планирам да си купам бебешко, па со него ќе го вадам. А да те допрашам и јас уште нешто. Како ја одржуваш топлината на восокот така на подолго време, имаш топилка или? Мене депилирањето не ми беше воопшто захтевно, ама смрт ми беше топењето - го ставав рол-онот во врела вода, стоеше и кога ќе го извадев одвај пушташе восок. Колку време отприлика го оставаш во вода? Изгледа тука грешам и си мислам дека треба нешто подолго да стои за да биде функционален, па да си прашам да не има некоја друга финта која очигледно не ја знам.
И јас се депилирав со восоков пред некое време, го видов во ДМ па ајде да го пробам, каде-каде е подобар од тој на weet и лентите се поцврсти ама и си носев рани 2 недели по нозете, така да сакам да ви кажам бидете малце повнимателни
Јас го користам при депилација на рацете. На нозете пробав ама не ми излегуваа. Е сега дали се цврсти па затоа, или беа прекратки незнам.. Ќе пробам следниот пат, баш да видам Иначе многу помалку боли од восок а уште помалку од депилатор. Од мене има лајк
Си го купив овоа на Veet коа се појави уште, и плус и дополнитена туба со восок И ете ги така стојат без врска Депилаторот Чини 16 евра скоро , а дополнителна туба околу 7 евра Еднаш дали се издепилирав со него на рацеве , додека се загрее ехееее плус и потешко се вадат влакната ....безврска Јас од секогаш си бев Фан на Veet warmwachs Си загревав вода убаво , супер вади восоков презадоволна сум , а и плус после користење се перееа лентите
Ти благодарам на одговорот Инаку немам топилка, се мачам и јас го оставам околу 20 мин. во врела вода, а водата ја загревам 2-3 пати Последниот пат пробав додека беше загреан да ги намачкам двете нозе наеднаш и ми успеа, после уште еднаш го загревав за рацете па и нив беше иста постапката. Така ми се виде полесно некако ама премногу треба да се пази да не залепиш нешто, после нема вадење
Добро е значи, проблемот е во мојата нестрпливост. Јас сакам, т.е. се однесувам небаре ко во микробранова да го ставам ова - на минута-две го проверувам и многу јасно дека нема да биде доволно растопен восокот, ама ајде де. И јас така практикувам, ставам на цела нога, т.е. од коленото надоле, лепам и ... забавата почнува. Е сега ми остана нерешена мистеријата уште со лентите - восокот го вадам со пегла (ставам хартија над лентата и ја поминувам со пеглата), но уште ми се понаваат остатоци и ги сакам ганц чисти. Да ги ставам во перална !?
И јас го проверувам на 2-3 мин, цели 20 мин А лентите ги ставам во врела вода, одвај некако се вади восокот па ги стругам со нокти, па повторно во вода Пак останува нешто на нив, но добри се за користење. Не ми текнало на пегла до сега Пробај после тоа да ги ставиш во врела вода, би требало да ги снема колку-толку остатоците од восокот Ах, мачна работа