Јас го користев порано на Силк восокот. Ептен ми ги изретчи влакната, имам делови на нозете каде воопшто и немам, не ми растат. Ама го прекинав откако си купив електричен депилатор. И сега не би можела, кога ќе се потсетам на тие фрустрации со топлењето вода, па рацете ако ми се направат со восок, па стани миј се, па суви да се, па цела исполепена такви сеќавања ми идат Ама ми се свиѓаше што беше експедитивно, не се концентрираш на болката влакно по влакно, туку големи делови наеднаш зафаќаш. Иначе јас лентите ги перев со топла вода, онака низ раце и се чистеа Сега ова за топлење, електричново...што пари е? Може би размислила пак да почнам со восок, ако барем тој дел е олеснет
Топилките не знам колку се, а би биле добра инвестиција, но мислам дека не би биле испод илјадарка. Тоа на Veet уште го немам сретнато некаде низ маркетите, но познавајќи ги, сигурно им е некоја стандардна големина за да одговара само на патроните на Veet и не би можело да се стави партон ете да речеме на Депи или овие германскиве. Лентите од Силк се чистат прелесно зашто тоа е некоја си природна а.к.а. шеќерна смеса и затоа се вади прелесно, восокот засега ми е баеги комплициран. Ама си го најдов чарето, е-хе! Не му се давам толку лесно! Си зедов обични бели листови, ги изнасеков на ленти во различни димензии и ставав на лентата од рол-онот прво, па ја лепев. Многу брзо ми одеше, на восокот конечно му ја открив цаката и следниот пат сигурно ќе ми оди побрзо и не планирам да си имам работа веќе со овие готовите ленти, те пегла, те што ти знам. Вака ем брзо, ем експресно.
Ако некој го има новиот ролон депилатор на Veet нека пише дали топилката може да се користи и со други патрони што се продаваат у дм, космо ?????
Јас сум многу задоволна од германскиов ролон, го земав од ДМ чоколадниот, мириса многу убаво и многу мека ми ја остава кожата, а остатоци од восок немав многу, се истуширав пак и готово. Имам проблем само со лентите, ги фрлив пошто не успеав да го извадам восокот и сега не знам со што да го дотрошам тој што остана, каков материјал Пробав со еден памучен ама не, не ми излезе ништо, добро може и самите влакна беа прекратки и не излегуваа. Многу фина работа, а ова на Вит, па се попалив ама Маченце Ена ме предомисли сега
Здраво феминки би сакала да прашам каде може да се најде рол-он депилатор , дали го има во тинекс во кои аптеки го има.....
Па не би рекла дека дејствува, зашто ова е исто како депилирањето со ленти, така што влакненцата мора да бидат со соодветна должина за да не се искинат или за да не случајно воопшто и не фати восокот. Исто како при обичната депилација со ленти е.
Ги депилирав нозете со восок во рол-он и ми останаа темни флеки. На две-три места имам темни флеки со должина околу 2-3 цм, баш како сум го влечела ролонот надолу по должина. Првите денови не ги бев забележала подоцна станаа се повпечатливи, пробав на скоро секаков начин да ги отстранам со триење со крута крпа, со онаа каменчето за пети што е, и ништо не ми помогна. Најверојатно премногу го имам загреано восокот па се изгореници, дај кажете постои ли начин како да ги отстранам или барем да ги избелам малку ?
Пробај со лимон, што знам. Направи си пилинг со шеќер и лимон, можеби ќе се осветлат ама се сомневам. Мене цели нозе ми беа такви ишарани благодарение на моите невешти раце, но ете со тек на време си се вратија во нормала. Им требаше долго време, но се опоравија.
Јас го користам рол - он депилаторот Силк, оној зелениот, го има во Тинекс, но доколку им е потрошен може да се најде и во аптека. Не е скап, од 150 до 170 денари, го користам за рацете и едно шишенце ми стигнува за два пати. Задоволна сум, не само поради тоа што после депилацијата кожата ми е значително помека, туку и значително ми се изретчија влакната. Така да, супер е..
Не може да се ставаат други патрони,затоа што на Вит се помали,а другиве се поголеми.Јас мислев дали ќе успеам да го отворам капакот на витот и да префрлам восок од друг патрон...затоа што рефилот е скап,400 денари е...
Сакам да ве прашам дали знаете каде може да се купат додатни траки-ленти за депилација со восок-ролон. Дали знаете каде се продаваат рефус како што ги има по депилационите центри Благодарам однапред
Јас кога се депилирам дома со восок користам од онаа меката хартија што е да пакување подароци( незнам правилно како се вика) ја сечам на парчиња колку што ми е потребно.И си се депилирам,па потоа ги фрлам.
Не знам од каде си, но јас кај мене со вакви ленти на парче се снабдувам од специјализирана продавница која располага со козметички производи наменети за потребите на салоните за убавина и фризерските салони. Си купувам едно пакување или ролна - кога како и опремена сум за половина година.
Рол - он-от на Силк како го топлете?? А оној на Вет? Ме интересира дали можам да си дотурам смеса и колку би ме коштале отприлика? Ваши искуства со нив..и ленти каде да набавам-за употреба со рол -онот Дали можете да ми ги кажете потезите за депилирање на машко и женско тело?
Ќе го купувам денес електричниот рол он на weet, само @MacenceEna ми мати малку сметки, зошто не е задоволна ако може да се изјасни Разгледав неколку видеа, демек едноставно е, и единствен проблем е ако не се загрее восокот добро за 20 минути па го оставаш уште десетина. И ме интересира колку пати може да се издепилираат две прилично доooлги нозе?