Романска музика

Дискусија во 'Музика' започната од Doberman, 14 октомври 2011.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    513
    Цел подфорум за Музика го пребарав, и за чудо не најдов тема за Романската музика :)

    Романската музика во последниве неколку години е многу застапена во македонија, и Романците навистина знаат да направат добри хитчиња.
    Песните најчесто им се со многу енергија и едноставно те тераат да заиграш :rock:
    Едни од најуспешните романски пејачки се Ина со хитот Hot и Александра Стан со хитот mr. Saxobeat , но да не ги заборавиме и групите Моранди, Акцент ...

    Оваа ми е една од омилените романски песни, весела песна, полна со енергија :inlove:

    http://www.youtube.com/watch?v=AsttKUXIkeU
     
  2. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    771
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.201
    Допаѓања:
    41.158
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.262
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.706
    Многу ја сакам романската музика и често ги слушам нивните хитови. Имаат навистина добри песни, полни со енергија. Супер се... Имам многу омилени, ама ќе се обидам да ги издвојам оние што ми се ептен незаменливи.

    http://www.youtube.com/watch?v=Afyf4Db6 ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=APcTSBbc ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=wT8BEa5liBI

    http://www.youtube.com/watch?v=FswDuVmG ... ure=relmfu
     
  6. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    1.820
    Пол:
    Женски
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Сведоци сме дека во последните неколку години, Романците направија растур на светската музичка сцена. Доколку направиме опсервација на ваквите песни ќе приметиме дека ја следат истата формула, лесна музика и текст, совршени за chill. Ова лето Александра Стен со Saxobeat направи растур, пред неа Ина секоја песна што ја изваде беше апсолутен хит, Акцент, Едвард Маја, моите миленици Моранди...

    Што мислите, дали оваа музика е квалитетна?
    Дали е само комерцијала која е добра за во дискотека?
    Дали заради веќе познатата формула за успех песните се повеќе и повеќе наликуваат едни на други?
    Дали овие артисти се само one hit wonder или има потенцијал да бидат запомнати како одлични музичари?
    Колку ви се допаѓа нивната музика во споредба со музиката што произлегува од Балканскиве земји?
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.773
    Јас пак тек минатата година дознав дека пола од песните кои се толку популарни и вртени секое лето, се всушност романски :D
    Болан, где то ја живим?!

    Како и да е, им симнувам капа што толку многу се пробија и навистина речиси да нема лето да помине без романско хитче.

    Мене лично за во лето ваква музика ми одговара. Мозок на пасење, ти на плажа, сонце пече, музика си свири, и не ми е битно. Поготово ако сакам да мрднам со рамо во некое диско.
    Лично хитче ми е онаа од Едвард Маја една, не знам како се викаше - автоматски ме потсетува на минатото лето и некое убаво чуство ми надоаѓа, не можам да објаснам зошто а ако не се лажам и ова лето имаа слична песна.
    А Ина јас лично не ја поднесувам и гласов нејзин ми е бре ко казна. Онака - кога ќе почне да пее си викам, a - ha! The karma strikes back at me! :D Ужасно многу иритира.

    Александра Стен е Романка? :o Песнава мислам дека беше ringtone на секој мобилен летово |(

    Како и да е, дефинитивно не ги сметам за квалитетни музичари, ова е музика која треба да привлече широки маси, да биде слушателна секаде, на плажите и успева во тоа. Ама за жал, односно за среќа ваквите хитчиња не остануваат запаметени. Или можеби не сите, туку само некои па единствено по што ќе ги препознае човек е веројатно летото во кое ги чул и уште и ако ти се случило нешто убаво, тогаш сигурно, инаку - тешка работа :)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Па донекаде и добро е што се појавија вакви хитчиња.

    Воведоја свежина во тој тип на музика, доколку се слушаат сите една по една се приметува дека имаат сите сличен ритам. Пред тоа во кафичите се пушташе доста техно, поп и хип хоп, ова е некоја мешавина која е доста добра за играње, поразлична, пред тоа сите се трудеа да ги емитираат Тиесто, Гета и Пол Ван Дајк правејќи слични песни.

    Но, исто така како што кажав сите пак меѓунив наликуваат една на друга. Летово беше Александра Стан (Која претпоставувам нема да издаде уште еден таков моќен хит), другото лето ќе биде Александра 2 која ќе биде буквално копија на неа.

    Ина доста добро се проби, но песните и се сите исти, истиот ритам, сличен текст, не можам ни да ги распознаам меѓу нив.

    Ден Балан со неговата Chica bomb направи растур а во песната освен згодна девојка ништо нема.

    Мене сепак омилени ми се Моранди. Си ги сакам уште од времето на Lоve me. И тие беа едно време актуелни со Angels i Save me, според мене исто така супер песнички. А ова ми е омилено од нив

    http://www.youtube.com/watch?v=PXtbjk5hHFg

    Оваа инвазија на Романска музика нема да престане во скоро време, баш напротив мислам се повеќе и повеќе ќе се прошири. Гледам се повеќе и повеќе артисти се појавуваат, а исто забележувам и дека некои странски артисти почнуваат да копираат од нив.
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Мене не ми се допаѓаат ниту еден од овие изведувачи и песнулки (со исклучок на 2-3 песна од Моранди, што се фини и подносливи).
    Мразам инстант хитчиња, ама овие посебно ми лазат по ганглии. |(
    Едноставно - не ги поднесувам и не ја сфаќам опседнатоста со истите, а кај нас колку ги отекуваат, леле мори мила мамо (дали е така и во останативе држави, баш се прашувам).

    Таа Mr.Saxobeat е ужасно досадно песниште, за таа Ина немам зборови, а верувајте и' го имам преслушано целиот албум, песничките Love, Ladies, On&on ми останале во глава итн.
    Едноставно не ја варам и точка.
    Што музика ќе беше?

    Мислам дека се' започна со овие морончињата , јес да беа мешан бенд романско-молдавски, ама сепак...
    http://www.youtube.com/watch?v=Bk7Sxpmr7wI

    Која дебилна песна!
    А кој хит беше.

    И таа Стерео Лав ми е крајно неподнослива, глупава песна.

    Сега се сетив на оној ланскиот хит - We don't speak Americano , зашто ја ставам во ист кош со овој sugar шунд, ама тие биле аУстралијанци.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.875
    Ќе речете - дојде напаста, ама морам да се произнесам на темава.

    Овој квазиденс ритам е сквернавење на поимот за добра комерцијала. Освен инстант слух за лесно запаметлива, а уште полесно да се заборави тема, нема никаква уметност во оној стандарден шаблон на изработка на денс нумера.
    И Акцент, и Александра Стен, Едвард Маја, Ксониа, Андреа Баника, Ина, дудинка или кој и да се, како од ист калап вадени се.

    Нека пукнат О-Зоун, да би аир не виделе со идиотизмите на векот и зародишот на униформноста на нотите.

    Романската музика последниве години стана исто како кинеските продавнички последнава деценија. На секој чекор, во ист декор. :|

    Реално гледано, квалитетната музика потекнува од Европа, од центарот на уметноста и креативноста, но далеку од шаблоните.
    Сепак, за мене на жалост, моментално ова е она што котира на пазарот на музика. Допадливо на прв поглед и слух кај мнозинството, поради што се продава и замара со истото.
     
    На Trendafilka и Magnolija им се допаѓа ова.
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.619
    Откако ни ја испратија Ина веќе се е кажано :D Колку ми е само одвратен и гласот и стасот на тоа женче...
    Далеку од квалитетна музика, кич, кроени по исти шаблон. Мене ми се како исти песните на Ина и на овај Едвард Маја и Акцент, ништо квалитетно, обични летни хитчиња, како ветар поминуваат.

    Ако ме пита некој мене, збирам у ќесе овоа романско ѓубре, заедно со Питбул и сељак стилот со смешните хитчиња и право у канта.
    Никој бре мене не ме пита, јас сум досадна, не слушам модерни песни :D :|
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Најужасен ми е моментот - ремикс на оригиналот.
    Микс на радио верзијата.
    Денс ремикс на оригиналниот ремикс.
    Техно микс на денс ремиксот...

    :headbang:

    Каде бе вака, каде?
     
  14. bonbona92

    bonbona92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    128
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.706
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.074
    http://www.youtube.com/watch?v=IFSGQ9SMoqo

    А околу песната Dragostea din tei имаше спор помеѓу молдавската O-Zone и романската Хајдучиј, на суд победиа О-Зоун, но мене изведбата и спотот на Хајдуќиј повеќе ми се допаѓаат:

    http://www.youtube.com/watch?v=MhuTaD-B4qs

    Од молдавската О-Zone ми се допаѓа сентишов:

    http://www.youtube.com/watch?v=L04jS2aQooE
     
  17. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.074
  19. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    2.546
    Пол:
    Женски
    Јас најмногу слушам романска музика, не велам дека сите романски песни се интересни, напротив повеќето песни може да звучат исто ако се од еден исти изведувач. Како на пример
    http://www.youtube.com/watch?v=0xos86e07SQ
    и потоа по некое време испадна и нивната втора песна која е слична на првата
    http://www.youtube.com/watch?v=SaQXTISMBJg

    Но, секако има и многу други добри песни кои кај нас беа и хитови на летото. Мене најмногу ми се допаѓаат
     
  20. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85