Осман ќе замине сам. Од моментот кога санем и џан ќе направат сообраќајка, без врска се настаните после тоа...
Кој им ги синхронизира гласовите на Џан и Санем од нашиве глумци ? Се мислам не ми текнува на кој ми звучат, а се тие се главните гласовни улоги, во сите серии на сител
100 епизоди да не видиш од серијава, па едно исто се дешава. И дадов шанса на почеток ама досадна ми се виде некако. Гледам вчера пак кратко ја фатив, пак се истото уште се дешава. Ништо не сум пропуштила
Па да, така е со серииве, колку да се тепа време иначе ништо посебно. На оваа не ми се допаѓа како направиле на крајот да завршат две сестри со двајца браќа. Можеби во Турција е тоа ок ама тука ептен чудно би било. Дури глупо
Па кај Турците се е можно. Ова кај нас нема смисла многу глупаво би било. Лејла и Емре се убав пар ама барем да ги ставеле Џан и Емре на пример како партнери, а не како браќа. Едит: сега ми текна во онаа серија "Нашата Дениз" што беше, Дениз и оној мажот не знам како се викаше беа заедно, после се појави синот на мажот и тој и ќерка и на Дениз на крајот се венчаа. И ова многу глупаво испадна.
Изгледа дека само кај нас е чудно ова. Во мексиканската серија Pasion de gavilanes на крај три сестри завршија со тројца браќа. Не е честа појава ама и кај нас има такви примери.
Не е ни чудно,ни одвратно.Сестрите се од една,а браќата од друга фамилија. Низ цел свет се случува. И не е дека ништо не се случува во серијата.Малку ликови се,ама мрдна дејството.
На која страна ја гледаш...ептен безвезе ми се и двата термини на Сител а после 100 години загледав серија..сакам да ја догледам.
Да и мене тоа ме интересира ама не ми текнува кои ги синхронизира . Ликот на санем мислам дека го синхронизора една од народните македонски приказни но незнам точно која,ако некој знае нека каже
Мислам дека не. Но ја има на google напиши Турски серии со превод кликли на првото што ќе ти излезе и најди ја серијата меѓу првите е,јас од таму ја гледам понекогаш кога ја пропуштам на сител,но ја нема целата таму туку епизодите што ги даваат на сител веднаш на оваа страница ги објавуваат.
Ги има сите епизоди мислам, со српски превод, пишете на јутуб ptica ranoranilica и епизодата која сакате да ја гледате, ќе ви излезе.