Зависи како ке ја поделат кај нас, ама за 3-4 сигурно. Уште малку епизоди има најмногу уште 2 недели кај нас ке ја даваат ни толку, при крај е. Една турска епизода ја делат на 3-4 кај нас.
ај сега така, така... ама ко ќе направат сообраќајка џан и санем и тек после то да видиш шо е жива глупост.
Спојлер: После сообр. Ќе му се врати ли сеќавањето после сообраќајката целосно или допрва ќе се нервираме хахаха
Патетика стана филмот а Мефкибе и мажот и жива досада, што мораше да одат кај зетот на работа да виделе кај работи да пиеле чај... Санем ко изгубен случај.
о ќе го изгуби џан помнењето, со онаа мелахат фризеркана ко ќе прават чај во казан од некоја бајачка да видиш...
И мене не ми беше јасно, уште во агенцијата си се рашетуваа, некаде воопшто не смееш да „припариш“ така!
Да да, ептен глупаво, мислиш мора секоја работа низ нив да помине, тука одма леташ така негде ако си земаш за слобода. Туку, таа ако беше работа, агенцијата, жива заебанција, цртан филм... повеќе озборуваа и набљудуваа одошто што работеа. Оти е филм, ни е интересно така што се ко мрднати ама во реалноста би побудалеле со такви родители.
Со сармите заакани на работно место кај ќерките, па ова ни на филм го немаше и еве го изрежираа и тоа. Плус напорни ги направија родителите да се мешаат до толку во се, не е ни смешно.
Работењето или поарно речено неработењето во агенцијата беше апла забегано идење далеку од реалноста. Жити работата што ја имаа,се мешаа во приватниот живот на газдите. А,и дел од облеката што ја носеа е несоодветна за деловна средина. Сепак,највеќе утнаа со ликот на Санем.Толку глупава и тврдоглава. Не му верува на саканиот,туку на Јигит. На Џан оди си,па не оди. А,после зошто вака,зошто така... Психологот е скроз непотребен лик.Не оти ја пази,делува позабегана од Ајхан.Не ни приметува каков е Јигит. Тип што дури Џеј Џеј го прочита. А,бе,дете ќе напише поарно сценарио.
Мене пак ми е жал што ке заврши на програмиве беше единствена со среќен крај, хумористична и лесна за гледање за разлика од другите
Ќе си замине, глупости. Михрибан ќе се скараат со хума, и тој ќе фатит такси чао и ќе замини. Ептен без врска на крај.