Ако обрнете повеќе внимание на долниот веш а помалку на сечење зеленчук во облик на срца, подобра `вечера` ќе падне
^ Тоа додека си млад, со тек на време потребата за добра храна некако се изедначува со потребата за добар секс
Епа момички се претежно, млади се, убаво им викам. Остави не нас постарите, веќе желбата за филет стек и добро вино знае и да претежнее на вагата со сексот. Спојлер А па кога ме гори киселина во градите после добра вечера, едино што цуливам е шишето со течен ментол
Од темава добив инспирација да му направам романтична вечера на дечко ми. Прва прилика кога ќе бидам цел ден сама ќе му го приредам ова бидејќи не сакам да бидам на штрек ниту пак да ме гледаат моиве додека спремам. Би сакала да биде тоа неделава и мислам дека има доста шанси за тоа, па ќе ви пишам ако го направам тоа. Инаку јас на дечко ми знам често да му припремам нешто, дури и десерти, но тоа е се направено набрзинка и јадеме набрзинка, без вино и такви работи. Дечко ми е далеку попрактичен отколку романтичен, но сепак би требало вакво нешто да го изненади, нели? По алкохолот многу не е, посебно не по виното, така да би се снашла поинаку во оваа ситуација, на пример со газиран сок, производот без кој не може да му помине ниту еден ден. Ова со менито баш би сакала да го направам, премногу е јако и знам дека слатко ќе се изнасмееме. Специјалитети не обожава многу, тој си е по веќе испробаните работи, премногу е едноставен.... но според мене не е тоа поентата кај романтичната вечера, нели? Лазањи ми имаше тој сега скоро направено, така да не би било тоа тоа ако и јас му направам него лазањи. Сега сакам совет од вас.... Што да спремам за волку едноставен дечко, да биде убаво и романтично, но не претерано? И дали навистина ќе му се допадне или едноставните дечки не можат да бидат пријатно изненадени од ваков гест? И ваше мислење, да го направам деновиве кај мене или поубаво би било да му го направам тоа на одмор, иако не би било изненадување бидејќи ќе види ама дали е добра идејата?
Ние сме немале прилика за ваква вечера а многу сакам, не дека е нешто вауу ама пак тивка музика, вино, свеќи а и знам дека ќе биде ептен изненаден.. и секако идејата со сметката е предобра, првата прилика обавезно ќе го натерам да плати за се Lovely93 јас вчера барав рецепти и најдов еден што ептен ме бендиса, едноставно и ефтино, можиш да направиш пилешки прсти со компир рецепт во споилер Спојлер Пилешки прсти со компир Стекот се сечи на тенки ленти. (може и да се исчука за да може побрзо да се испржи) Се разматуваат јајцата и се става тава со зејтин на огнот. Кога ќе биде врел зејтинот се зема стекот, парче по парче и се потопува во јајцето, во презлата, па во сусамот и се ставаат да се пржат. Компирите се лупат и се сечкат на коцки. Се ставаат да се сварат и кога ќе бидат сварени се стават во тава со зејтин малце да се запржат. Додека се пржат му се става малце магданос, вегета и сол. Совет: На пилешките прсти може и да се исцеди лимон или да се макаат во мајонез!
Мој совет е да приготвите нешто несекојдневно и храна која што е афродизијак. Нема ништо романчитно во похованата храна само ќе се прејаде, а после ќе му се спие Има доста рецепти низ интернетов за афродизијачка храна па побарајте нешто. Убаво би било се да набоцкано, да не се замарате со сечење на храната. А за пиење освен вино може и нешто жестоко. Бадеми, лешници, индиски ореви се обавезни на менито.
^^ Ма не ни треба нас афродизијак, пред некој ден и пржените тиквички послужија еднакво. Би сакала идеја да зготвам нешто навистина вкусно и несекојдневно, а при тоа да ми успее од прва. И десерти се добредојдени.
http://gurman.mk/recepti/fancy/polneti-kompiri-so-kashkaval-i-pechurki/ Полесно и повкусно од ова - амин! Јас неодамна го готвев, супер-лесно е, иако не е нешто којзнае колку несекојдневно. Обично јадење, ама во секој случај ќе ти успее од прва.
Доколку знаеш како ќе сте сместени на одмор таму е поубаво Ние лани бевме сместени во апартман со огромна тераса со поглед на море,го начекав додека спиеше љубави да спремам нешто без да осети дека подготвувам нешто. Сварив макарони и направив сос, за пиење имав моментално добро бело вино не бев сигурна дали макароните одговараа со виното ама ја поставив масата. (немав можност да пазарувам времето беше кратко) Уште од дома си носев убава прекривка за маса (за таква ситуација,внимавам на детали многу ) Виното беше убаво изладено чаши, 2-3 свеќички миризливи на маса и ставив 2-3 цвеќенца затоа што терасата ни беше полна со цвеќиња Во позадина го сместив лаптопот и ги пуштив нашите омилени песни тивко да си терат со ред Ептен беше убаво,се израдува ме гушкаше како да нема ме видено подолго време ... Љубави доколку имаш можност можеш и дома да направиш нешто слично ама ако мислиш дека додека сте на одмор ќе имаш шанса ти предлагам за тогаш да го изненадиш и да уживате заедно Исто така и тој ме има изненадено со цезар салата и вино ,пица и пиво,некои негови специјалитети со месо итн се убаво средено и направено. Во таков момент јас мислам дека јадењео на маса не е толку важно отколку трудот и гестот
^^ Секако дека е заради гестот највеќе, се согласувам комплетно љубави. Ама проблемот е што ние на одмор сме постојано заедно, ако легнуваме преку ден легнуваме заедно а ако пробам да се искрадам се плашам да не се разбуди, исто така и додека готвам гарант ќе се разбуди. Знам каде ќе бидеме сместени ама не знам воопшто како ќе изгледа собата, ако добро памтам ќе гледа накај море, да. Се договараме за годишнина во октомври да одиме во Париз или некое слично примамливо место, па ако не го прелажам на одмор, таму ќе го прелажам што сака нека биде. Иако дома ми е најизненадувачка опција.
Исто добра опција освен дома е да спремите се што ви е потребно и само да му кажете дека излагате. На преубав сончев ден , фатетет го за рака и однесете го на пикник. За мене тоа е уште поубава, понесекојдневна и поромантична опција ... Јас го планирам тоа за иднава недела
Сакам за нова година да му спремам на мм изненадување и вечера. Годинава за нова година дома ќе сме. Дајте совет како да го изненадам и што да подготвам? Мм сака месо и вино .
Мене мнoгу ме изненaди мoјoт сo пицa и мнooгу свеќи ... музикaтa,свеќите винoтo си јa нaпрaвихa aтмoсферaтa.. знaм пирaди слaбите oкoлнoсти пицa е нaјлеснo.. сепaк сеќaвaњетo oстaнa пицaтa јa лaпнaвме
Вечера:Похована топла даска нарачај си од некаде и моеш да додадеш некои интересни ствари како декорација на даската,исто така напраи некои специфичен сос и пржени лебчиња со нареднано сиренце. Десерт:пржен сладолед И сеа моеш да напраиш нешо романтично со свеќи,земи вода во сад сипи црвена боја и мали свеќички пушти ги во водата,баш романтично ке иаглеа. се надевам дека помогнав,пријатна вечера
Исто и, зеленчуци, печурки запечени со сирење/кашкавал/павлака..доколку не сте од групата што избегава и млечни производи.
Porano pravev pilesko vo sos, seckav pilesko na pomali parcinka, pa go przev. Koga ke se isprzese za da ne e ziv stekot, stavav pecurki, ama ne svezi, i zaprzuvav za da zarumemat i stavav pavlaka za gotvenje. Posle stavav zacini, moze nekoj saka kari, ama jas kurkuma stavam. Sol normalno. Za nova godina napraviv svinski kremenadli so pecen kompir, i bombici. Bombicite bea ubavi i na izgled, i na vkus, ama nesakajki gi ispustiv na zemja, i kutriot posle si gi zema doma da gi jade za da ne se osekjam loso
Јас за романтична вечера би спремила пица што сама ќе ја направам не купена па само да се испече,или стек со сос (стекот пржен се става печурки,павлака кашкавал и кари ) или шарски плескавици (смеса од месара се подготвува внатре ставаме кашкавал,малце кечап и така се пржат) и двете јадења со гарнир од ресторан компир ,а како пред јадење (поховани тиквички или похован кромид) и добро бело бино