1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Романтична поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lady.Rose, 23 јануари 2012.

  1. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Инспирирана од скорешен настан, решив да ја отворам темава.
    Дали и колку читате романтична поезија или проза?
    Имате ли некои омилени дела?
    Овде постирајте дела кои што ви се допаднале, сте ги напишале вие или некој ви ги напишал вам.

    Јас воодушевена од мојот талентиран пријател, кој исто така е и лудо заљубен, сакам да споделам со вас едно негово дело и дали тоа ви се допаѓа.
    Ги прекрив очите со твоите две дланки.
    Со рацете шетам по твоето мало нежно лице,
    и долги трепки ме чешкаат низ прстите.
    Иако замижен, ги гледам низ моите очи твоите
    и сини се.
    И среќа и надеж спокојно плива во небесно синило.
    Твојата коса мириса на сигурно, и на бескрајно.
    И твојата кожа е понежна од листови роза
    оросени во јунски капки.
    Твоите женски раце, и твоите долги прсти
    да ми шетаат низ косата во зима.
    Твојот мек, нежен глас одамна не ме гали
    по ушите.
    Твојот врат најнежен лебедов кога косата ти е собрана,
    ми буди пријатни топлини.
    И на крај, твоите слатки усни да ги допрам за еден последен пат,
    зошто како да ги има, а ги нема и не е исто.
    Не сакам да ги отворам очите зошто не знам дали си таму.

    ако има ваква тема слободно затворете ја
     
    На Ella.313, MilaKunis, Princess.S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Ми недостигаше твојата сликичка на профилот,името во чет листата,бројот во телефонските повици… Ми недостигаше и начинот на кој чекориш,насмевката која беше последица на некоја моја глупава мисла,твојот глас…Ми недостигаа бадемовите очи и сјајот во очилата претопен од уличната светилка.Ми недостигаше местото на собирање,заедничките кафиња.
    Ми недостигаше да се збуниш,да треснеш некоја зелена,да ми ги избришеш солзите,да ме вдомиш во топлината на твоето тело.
    Само на сон ќе се јавеше колку да не ти ја заборавам бојата на гласот и ликот кој и без тоа,не сакаше да ме напушти.Ми недостигаше да ме поздравиш,да ме гушнеш,да ме стоплиш со зборовите дека -што и да е,ќе помине-… Навистина поминува. Но љубовта меѓу нас,никогаш!



    Опушти се како утре да е првиот ден од твојот живот.Не мачи се мислејќи дека крајотдошол.Насмевни се за некој да се заљуби во твојата насмевка.Симни ја намрштеноста од чело,која предизвикува темна бура кај другите. Пристапувај со љубезност,дури и кога арогантноста се чини најпаметно решение.Биди им пријател на непријателите,љубовник на одљубнеите,татко на познаниците кои се однесуваатдетинесто. За секое лонче пронајди и капаче,за секоја круша одбери свиња.Нека убавите зборови од твоја уста,отвараат железни порти и секогаш биди оној кој попушта,зашто и зад добриот коњ ќе се крене прашина.Трпението нека ти свети како aура која ќе привлекува само добродетел и пријатни луѓе.
    Не заборавај да го развееш здолништето,радувајќи се на ветерот или да дозволиш дождот да ти го налее телото со озонската арома.Ако не ја почувствуваш природата ќе знаеш ли дека живее?

    Не плаши се од неуспех,самото твое постоење на Земјава е знак дека си успеал да ги победиш сите борци при зачнувањето и само ти да стасаш до целта. Секое утро нека биде благодарност штo живееш,а секоја ноќ,молитва да сонуваш.Биди сигурен дека носиш ореол над главата и дека во нечија судбина ти претставуваш светост.Радувај се на годините,како што се радуваше на детството и никогаш немој да заборавиш-кукавиците кукаат,слабите се откажуваат,гордите оставаат,а храбрите ги следи среќа.Секогаш!!!!
     
  3. Blondie14

    Blondie14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    8
    Еве јас се охрабрив и направив блог за моите дела,сеуште сите текстови не се објавени но ќе бидат скоро.Сите совети ,критики и забелешки се добредојдени.Имам 15 години и сеуште се учам да пишувам проза.Ќе ми биде мило доколку ви се допадне :)

    http://izmeshanichustva.wordpress.com
     
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Очи во очи, лице во лице. И кога си покрај мене, јас ќе ги заменам моите очи, на место на твоите и ќе ги заменам твоите очи, наместо на моите. Тогаш Јас ќе те гледам Тебе со твоите очи, а Ти ќе погледнеш во Мене со моите. :inlove:
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Кошмар

    Што е тажно да заспиваш сам
    По ноќ на желби и трескот.
    Јас таа тага ја знам.
    И зошто тогаш сиот баран блескот
    И сета веселба барана?
    И зошто, повеќе од тоа, благост
    Во погледот и зборот наш
    За час макар дочарана?
    Ах, зошто, зошто?
    кога се враќаме ти пак си студна.
    Разочарана
    Се леди од тебе душава блудна.
    Јас сум груб,
    Јас сум луд
    Од тој студ!
    Не, нејќам јас да биде така.
    Ме дави сува рака.
    Јас страдам дека сум сам,
    Во кошмар дека се губам —
    А сакам да љубам,
    Сакам да љубам!

    Блаже Конески