Да на Енрико мислам ама не ми е баш романтичен. А каде поточно се наоѓа овој Еквестријан? Првпат слушам за него.
Балила е поромантично место од Енрико и тоа многу и се е превкусно таму посебно Кари пица и амбиентот е многу убав,за Еквестријан незнам што да ти кажам освен дека се наоѓа во Скопјанка и дека изгледа убаво, отмено ама не сум била за да ти кажам како е. Балила и Енрико не се скапи според мене, но во случајов доколку бараш баш романтична атмосфера не ти препорачувам тоа да биде Енрико. Балканика е убаво место за романтична вечера ама не е пицерија ниту италијански ресторан. Во секој случај што и да избереш, каде и да одиш најубаво да си поминеш
Со вистинската личност кога сум секое место ми е романтично. За Енрико, ми се допаѓа атмосферата и услугата и се, делува романтично, ама таму понекогаш е премногу гужва што може да ја убие романтиката. Ова малку е прашање и на вкус. Мене на пример романтични ми се типични македонски ресторани ( како на пример тој на црквата горе од водно накај Нерези, не знам како се вика точно ресторанот)
А Балила каде се наоѓа? Сум ја слушала и од другарки дека ја фалат,ама никако да прашам каде се наоѓа,таман можам за роденден со дечко ми таму да излеземе.
Балила се наоѓа во Капиштец спроти кафаната Алтан. Оди во Балила, многу е романтично и поефтино е од Енрико. Еве ти лунк за да си видиш цели и слично. http://balilla2.com/index.php?
Да тоа е точно. И мене не ми се допаѓа пицата во Балила, ама местото е топ, одлична атмосфера. Ама затоа во Енрико пицата е каде каде подобра и поскапичка
Кинескиот ресторан Ѕвезден океан, оној позади хавана. Горрниот кат, баш е фино за со дечко. Ќе си изберете нешто интересно, па ќе си се трудите да си јадете со стапчињата. Убав амбиент, нема премногу гужва, одлична услуга. Мераци. Е сега, дали ќе се најадете или само ќе пробуричкате низ чиниите, тоа не знам
Да се надоврзам на темава,Еквестријан се наоѓа некаде во близина каде што живеам. Местото е некаде на крајот од скопјанка, почетокот на кафичите и Палма. И да не бидам out од темава, ние со дечкоми скоро идевме во Ања, но не ни се допаѓаше услугата, односно келнерите, и колку да го фалат еден ресторан сепак треба да има културна услуга нели А за италијански романтичен, Џино.Супер храна,само малце поскапичка
Не знам кој ја фали Ања, ама дефинитивно е некој што нема отидено подалеку од таму. Да, точно порано често си одев во Ања, ама тоа беше пред неколку години. Сега секатастрофа жива. Ниту храната ми е вкусна, ниту келнерите се услужливи А и местото нема никаква врска со романтика На кеј подобар избор ми е Торос кога сум за пица или сендвич... А во Џино лазањите се многу поинакви од другите места. Ама вкусни се.
На прво место ми е Балила, преубав ресторан, амбиент и храна за романтична вечера. Тестенините им се закон, а пиците лудница. Скоро го открив и Барбакан и премногу ми се допаѓа, имаат добро мени, жива свирка, секој ден мислам дека има различен бенд, баш е опуштено. Често поминувам покрај Драмски и гледам дека имаат и ресторан, амбиентот надвор е прубав со воденица, мандолини, само не знам како им се цените. И Виторија е убаво место, услугата е чиста 10ка, ама од цените за глава да се фатиш.