Барбакан не е воопшто романтичен по мене со тоа зелените ѕидови Искрено и ми смета мирисот на храна кога ќе влезеш, знам дека е ресторан, ама пак. А јадењето е убаво, тоа да. Виторија мислам дека не постои веќе, газдата нели во затвор е.
За Виторија не знам дали работи јас сум била порано и кога ги видов цените више не влегов,а ако збориме за романтичен и добар амбиент, мене лично многу ми се допадна. Барбакан ми се допаѓа баш заради ѕидовите во боја, шишињата со вино залепени на нив, музиката во позадина, одлична услуга и храна...
Нјапрвин честитки за темава... Фантастична е! Е сега, да прејдеме на работа: мене порано Енрико ми беше едно од поромантичните места, посебно кога има некои празници и е накитено (Нова година, Велигден, 8 март...) ама почнав да одам многу често и некако ја снема магијата Ми се допаѓа и во Два елена, кога нема гужва на тие потскриените масички; потоа Старо буре, во Пивница има одличен поглед на Чаршијата... Секаде може вие да си направите да ви е романтично, само не одете за време на викенд или кога има најмногу гужва!
Сноу, Балила ти е у Капиштец, баш карши домот за деца ако знаеш каде е. Односно од Васил Ѓоргов е наједноставно кога ќе застанеш измеѓу стариот трговски и оној новиот што го изградија пред неодамна (гледајќи правец накај Зебра), и се упатиш кон блокот згради со жолтобела фасада и бордо кров кај што е обложувалницата од десно. Балила е скроз на обратниот крај од првиот блок на згради (што би му дошло на средина од таа редица згради), сврти кругче тука околу зградите, помини го 511, и веднаш до него е Балила Ја препорачувам што ради амбиентот што ради јадењето, особено тестенините. Потпечените тортелини им се фантазија. Сепак би рекла во лето е многу поубаво, ептен им е убаво средено она паркчено надвор со фонтана, па со дрвја околу, па со зеленило, убавини! Дури и најголемите горештини се трпат кај нив во двор. Гарантирам. А и во зима не е лошо. Романтични ресторани по мој избор со традиционална македонска кујна - Лира или Стара градска куќа (се наоѓа на влезот кај адвокатската уличка, карши МНТ односно кај Кирил и Методиј основното). Воодушевена сум од амбиентот, јадењето, персоналот. Нема грешка. Јас лично многу го сакам и мексиканскиот на улица Македонија (резервирајте си маса на кат со поглед кон улицата). Со маргарита од јагоди и тапас, како може да тргне вечерта, мх! Еквестријан во Аеродром, такоЃе, убаво местенце само не многу дискретно би рекла. А инаку ресторанот многу го сакам.
Кај влезот на Ми-Да, од внатрешна страна, значи некаде кај раскрсницата на Илинденска, пред да вртиш за накај Аце Палас Патем, Барбакан и не е баш романтичен, има често живи свирки кои се доста гласни, навечер е преполно, едноставно нема романтична амтосфера.
Работи ли Балила? Ова ли е тој? http://www.restorani.com.mk/restoran.php?restoran=54 Има галерија слики,па ако некој бил може да ми каже дали е тоа тој. Читам многу пофални зборови за ресторанот ,па ме привлече. Како стојат со гужва? Има ли потреба од резервирање?Каде поточно се наоѓа?
девојки ако може линк од Барбакан не мозам да најдам да видам мени. и казете ми во Балила дали имаат зимска затворена тераса за пушачи фала
Италијанскиот ресторан во City Mall- Veneto! Многу пријатна атмосфера, префинето уреден ентериер,гостопримлив тим и персонал, вкусна храна декорирана до перфекција, фин народ... Одлично место за парови, не за џабе толку запросувања паднаа
Леоне не ми е нешто нај нај, сум била и незнам атмосфесата ми е далеку од романтична ЛаСтрада ми е следна на спосокот
Дел посто одма во центарот се наоѓа во близина на кафичот на Табу многу убаво тивко и мирно место со пристапни цени.