1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ромео и Јулија (Вилијам Шекспир)

Дискусија во 'Книги' започната од chocolate.chick, 26 јануари 2012.

  1. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Ромео и Јулија (Romeo and Juliet) е љубовна трагедија која многумина ги поттикнала на размислување за постоењето на вистинска љубов која би можела да заврши трагично.
    Дејствието започнува со улична расправија меѓу Монтеките и Капулетите. Доаѓа принцот од Верона и им вели дека доколку продолжат да го кршат законот ќе бидат казнети со смртна казна. Подоцна, грофот Парис го прашува г-динот Капулети дали ќе му ја даде неговата ќерка за жена, но тој се двоуми бидејќи Јулија има само тринаесет години. Го моли грофот да почека уште две години и го поканува на бал „ под маски ” кој ќе се одржи во неговиот дом. Г-ѓата Капулети и дадилката ја убедуваат Јулија да го прифати додворувањето на грофот Парис. По завршувањето на уличната расправија, Бенволио разговара со неговиот роднина Ромео, синот на г-динот Монтеки, за неговата скорешна депресија. Причината за Ромеовата депресија е невозвратената љубов од девојка по име Розалина, една од внуките на г-динот Капулети. Ромео, наговорен од Бенволио и Меркуцио, оди на балот во домот на Капулетите со надеж дека ќе ја види Розалина. Меѓутоа, на балот Ромео ја запознава Јулија и се вљубува во неа. По завршувањето на балот, настапува таканаречената „ сцена на балконот ”, при што Ромео се прикрадува во дворот на Капулетите и ја гледа Јулија на балконот од каде што му се колне на вечна љубов и покрај омразата која што постои меѓу нивните семејства. Откако ја вади маската Ромео и Јулија одлучуваат да се земат. Со помош на фратарот Лоренс, којшто се надева дека ќе ги помири двете семејства преку венчавката на нивните деца, Ромео и Јулија тајно се земаат наредниот ден. Роднината на Јулија, Тибалт, навреден од тајното влегување на Ромео во домот на Капулетите, го предизвикува на двобој. Ромео, којшто го смета Тибалта за свој сонародник, одбива да се бори со него. Меркуцио му се лути на Тибалта за неговата дрскост, како и на Ромео за неговото толку лесно предавање, и тој самиот во име на Ромео го прифаќа двобојот на Тибалт. Меркуцио е тешко ранет и Ромео, потресен од пријателовата смрт, и бесен на самиот себеси, го убива Тибалта. Принцот го протерува Ромео од Верона поради убиство. Исто така додава дека доколку се врати истиот тој час ќе биде убиен. г-динот Капулети, не земајќи ја предвид болката на Јулија, му дава дозвола на грофот Парис да ја земе за жена, и и се заканува дека доколку одбие ќе се откаже од неа. Јулија ја моли мајка и да го одложи бракот, но таа ја одбива. Ромео тајно влегува во собата на Јулија и таму заедно ја поминуваат ноќта. Наредниот ден таа го посетува фратарот Лоренс и бара помош од него, тој и дава напивка што ќе предизвика лажна смрт односно Јулија ќе биде во кома наредните два часа и четириесет минути. Фратарот и ветува дека ќе испрати писмо преку кое ќе го извести Ромео за планот, односно тој да биде до неа кога таа ќе се разбуди. Ноќта пред венчавката, Јулија ја испива напивката, и кога ја пронаоѓаат „ мртва ”, ја погребуваат во семејната гробница. Писмото, како и да е, не стигнало до Ромео, и тој дознава за „ смртта ” на Јулија од неговиот слуга Балтазар. Скршен од болка, Ромео купува отров од апотекарот и се упатува накај гробницата на Капулетите. Тука го здогледува Парис кој дошол да ја оплакува Јулија. Воден од мислата дека Ромео е вандал Парис го напаѓа, но сепак на крајот Ромео го убива. Ромео мислејќи дека Јулија е мртва го испива отровот. Тогаш Јулија се буди и здогледувајќи го мртвото тело на Ромео, самата се прободува со неговиот нож. Скараните семејства заедно со принцот се сретнуваат во гробницата, откривајќи дека сите тројца се мртви. Фратарот Лоренс ја прераскажува приказната за двајцата млади љубовници. Смртта на Ромео и Јулија ги помирува двете скарани семејства со што се става и крај на нивната долгогодишна омраза. Трагедијата завршува со принцовата елегија за двајцата љубовници׃ „Не постои потажна приказна од оваа за Ромео и неговата Јулија.

    Најверојтно кај повеќето ова дело побудило многу емоции, па доколку сте ја прочитале какви чувства и емоции побудила кај вас? Какви впечатоци имате за книгата? Што ви оставило најмногу впечаток и што ве изненадило? :)
    [​IMG]

    Ова е една од моите најомилени книги. Делата на Шекспир постојано ме инспирираат и исполнуваат. Зачудувачки ми беше описот на Јулија, како заљубена девојка на свои 14 години била подготвена да умре за љубовта. :(

    [​IMG]
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Забранетата љубов е секогаш најслатка. Мене ме изненанди тоа што и двајцата трагично завршија, а родителите дури по нивната смрт прогласија мир. Јас ти го препорачувам филмот да го гледаш. Леонадро Ди Каприо е Ромео :D :D
     
  3. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    Многу ми се допаѓа книгава. Штета што љубовта така им завршува.
    Ако би снимала филм Кејт Винслет би била Џулија....
     
  4. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    не знам што е убаво во книгава, патетичниот Ромео се заљубува во 14 годишна размазена девојка која е сеуште во длабок пубертет, од самиот поглед тие се заљубени и истата вечер Ромео се прикрадува во дворот на капутелови и и ветува вечна љубов. Потоа ромео го убива тибалт односно братучедот на јулија зошто тибалт го убива другар му на ромео и приазнава нормално кулминира со самоубиство на ромео и јулија поради тотално недоразбирање. И вие според сета приказна заклучувате дека ова е најубавата љубовна приказна на сите времиња? Не знам каква била логиката на Шекспир да напише приказна за љувов на двајца малолетници кои извршуваат самоубиство можеби дека е 16 век ама Шекспир fuck logic
     
  5. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Ја знам целата приказна од почеток до крај ама книга како книга ја немам прочитано но многу сакам..
     
  6. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Иако не сум љубител на драми,од Шекспир обавезно ги читам и плус ни се како училишни дела.Сега имавме избор на лектира и ја одбравме Ромео и Јулија..Прекрасна е! Се чита за 2 часа..
    Најмногу ми се допаѓа стилот на кој пишува Шекспир па затоа ќе биде оковечен како автор на сите времиња и неговите дела никогаш нема да бидат заборавени посебно оваа драма за љубовта помеѓу двајца млади и нивната храброст да им се спротистават на семејствата :clap:
    За Хамлет исто така немам збор :bow:
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Лимонатка :D
    Брзо се чита, приказната на сите ни е добро позната, ама некој ВАУ ефект немаше врз мене. Сонетите повеќе му ги сакам.

    Во однос на филмската адаптација, ви ја препорачувам онаа верзија од 60-тите, не оваа со Леонардо.
    http://www.imdb.com/title/tt0063518/
     
  8. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Многу брзо се чита, интересно.. :inlove:
    Ми се допаѓа начинот на кој е пишувана. Како поезија, тук там по некоја рима... Ми се допаѓа :nod:
     
  9. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    6.008
    Пол:
    Женски
    "Ромео и Јулија" ја имам прочитано и на македонски и на англиски. На македонски ја читав со препевот на Драги Михајловски. Неговата верзија ја имам прочитано буквално во еден здив. За англиската ми требаше отприлика недела дена.
    Да прокоментарам на самата содржина: според мене оваа книга повеќе е трагедија и патетика отколку романса, љубовна... за 3 дена умираат 6 души за ништо.