Ромите во општеството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 23 јули 2017.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.238
    Допаѓања:
    44.775
    Пол:
    Женски
    Во време кога сите се борат за своите права, што е со ромите? Колку општеството се грижи за нив? Бараат засолниште во напуштени објекти или самите прават импровизирани кампови, претураат по контејнери и просат на улици. Немаат никаква заштита, немаат здравствено осигурување. Нели секој човек има право на достоинствен живот? Има роми кои вистински ги уживаат човековите права, но е што со овие другиве, оставени сами на себе? Кој е виновен? Дали општеството не се грижи за нив или тие самите не се борат за себе? Има ли некакво решение?
     
    На sofijanoka, Victorian, "Zoki" и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    4.151
    Самите не сакаат да одат на училиште, а со тоа остануваат многу од нив неписмени и на крај се без работа, тоест на товар на државата. Чуваат по 5-6 деца и нормално дека толку деца не може секој да издржува. На тој начин тонат во сиромаштија.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.624
    Допаѓања:
    13.948
    Пол:
    Женски
    Има вакви луѓе кои не се Роми.
     
    На buba4e89, Mari*, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    До скоро немаа Гинеколог во Шуто Оризари. . .
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    13.945
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека Ромите се најранлива етничка заедница во Македонија. Потребно е подобрување на статусот на нивно интегрирање во сите општествени сфери. Ромите во Македонија не живеат. Преживуваат. Да, живеат во импровизирани бараки. Во супстандардни услови, без основни средства за егзистенција. И да, раѓаат многу деца. Ама ова последново јас го гледам како проблем на сексуална едукација, односно не едукација. Поради образовна сегрегација повеќето немаат ниту основно образование. Од таму и проблемот со невработеност. Општествениот систем, односно дискриминацијата во образовниот систем го подвлекува ова второто.

    Се соочуваат и со екстремно тешка економска состојба. Земаат (ако земаат) социјално, минимум. Имаат обесправена општествена положба, поради нивната слаба економска ситуација. Исто така, институционално се дискриминирани.
    Мислам дека кон нив сеуште важат стереотипите и предрасудите. Ако некој види Ром, автоматски го гледа како потенцијален крадец. Треба, многу да се работи на проблемов. Да се поттикне десегрегација на образовниот систем и ред други норми.

    Од друга страна. Познавам многу луѓе што работат во социјално. И многу пати ми имаат зборувано за проблемов. Ги собираат децата што просат по улица и ги згрижуваат. За потоа, овие да побегнат и да се вратат на улица. Ако ме лажат тие мене, лажам и јас тука.

    За истиов проблем, имам слушнато, а не знам дали е вистина. Оти тие деца под закана се на улица. И дека на истата мора да останат, се додека не "направат" одредена сума пари. А од истата не добиваат ниту дел.

    Проблемов е сериозно сериозен. Џабе е што и да пишувам. Гледаме се по улица.
    И не знам кој носи поголема вина. Дали државата, дали народот, дали самите тие.

    @Tanjamm Зошто ги испраќаат во специјални улилишта?! Колку Роми имало во твоето училиште?!

    Во моето средно, ниту еден. А да не зборувам за факултет.
     
    На J.J., sofijanoka, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Meckicja

    Meckicja Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    4.289
    Допаѓања:
    6.090
    Пол:
    Женски
    Koj bre romite romite kaj nas zemaat povisoka Plata I od nas vo firmata kaj sto rabotam plus toa da videte nekoj od niv kakvi palati imaat novi koli vozat nisto ne plakaat oti se socijalni slucaevi a ni najmalku ne se odat rabotat na crno argati prodavaat niz pazarite romite ne se toa sto bea prethodno nie sme bile kaj romi domovite I'm se dinastii
     
    На Плавуша123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.817
    Допаѓања:
    31.608
    Пол:
    Женски
    Познавам роми кои се добро ситуирани имаат добри плати, средени се дома, а и они исто така. Пример во клас имав двајца роми коишто беа нај дотерани од сите јадеа од најскапите сендвичи секој ден значи не се сите сиромашни, ама тие богатите мислам дека се во мал број. Имам видено роми коишто секој ден собираат шишиња, облечени во парталави алишта со мали деца качени врз шишињата. Секој ден поминуваат покрај мојата улица и тоа кога е нај жешко и ми паѓа многу жал да ги гледам така :( ах да може да им се помогне, ама не се само они за жал ги има многу.
     
    На Mari* и Плавуша123 им се допаѓа ова.
  8. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    55.520
    Ни во моето средно немаше роми...
    Факт е дека не се заштитени и дека никој не се грижи за нив, ама до некаде и во самите нив гледам вина...Полесно ѝм е да просат, ако ѝ речеш на некоја да ти дојде дома да ти исчисти за пари,ти вели јас сум питачка, а не чистачка...
    Се согласувам со тебе дека мораат да се на улица, мислам дека се жртви на некоја голема и доброорганизирана банда
     
    На Tan4ence, Someonespecial и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    4.151
    Ромчиња се запишуваат во специјални паралелки за да родителот зема надомест од државата. Многу од ромските семејства земаат пари за трето дете, социјално, плус работат на црно и имаат повеќе приходи од дел од Македонците на кои им е срам да кажат јавно на тв дека немаат. Јас имам братучетка со факултет, 6 години работеше за хонорар од 8000 денари, без придонеси, без ништо. Дали е фер некоја Ромка за трето дете да зема повеќе од неа?Индиректно од нејзини пари, оти оваа со 8000 плаќа данок.
     
  10. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.055
    Допаѓања:
    97.125
    Познавам роми кои имаат прекрасни домови и семејства, ама тука се тие и горе над градот кои на зима кога им исклучуваат струја за неплатени сметки кај бараките - го блокираат тој дел од градот.
    Искрено, работоспособен човек можи да се снајди, мене ми е жал за децата. Колку само деца се сами на улица, питаат, идат родители кои им ги земаат парите и помали од десет години се веќе со цигара в уста. Ми иди пред некој ден едно мало и немав ситно, ама и не би му дала зошто дојде да тропа со тупаница да сум му дадела пари. Тоа е "едукацијата" на родителот и е крајно жално во што ќе порасни тоа дете. Имаше еден пијан кој форсираше две ромчиња да се бакнуваат на сред плоштад. Се приближа човек за нели, на помош, и тие рекоа дека тоа сакаат, за пари. Имаа не повеќе од 13тина години. Грозно е како се однесуваат и останатите кон овие деца.
    За возрасен, работоспособен човек сметам дека секогаш можи да се најди нешто да се работи, а и здравството се надевам е флексибилно и добро за социјални случаеви. Сепак, не сум запознаена.

    едит. Основно немав ромчиња во клас, а средно имавме распрскани низ паралелките. Зошто имавте пишувано и за ова да се надоврзам.
     
    На Mari*, Someonespecial и crimson им се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    13.945
    Пол:
    Женски
    Чудно ми е мене ова со специјалните училишта. Затоа и прашав. Мислам дека не е ни малку лесно, да се запише дете таму, освен ако е навистина за таму. Не е по желба, ами до потребите на детето е. Е сега, наша држава и се е можно, е сосема друга тема.

    Не е фер Тања. Ама не е фер ниту да просат по улици, ниту родителите да ги тераат на тоа. А најмалку пак е фер, наместо државата, општеството да направи програми со кои ќе ги едуцира родителите, да го избегнува проблемов. На децата не им е местото на улица. А особено ми се превртува желудник кога ќе видам мајка со бебе тогаш родено како проси, на минус 20 или на плус 40.

    Треба да им ги одземат децата. Колку и да звучи лошо ова. Детско село кај нас, барем што до сега сум слушнала, функционира добро на оваа тема.

    Мал е бројот на добро ситуирани Роми.
     
    На J.J., sofijanoka, Joi и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    4.151
    И јас се чудам како успеваат да ги запишат, ама и самите наставнички си признаваат дека Ромчиња кои се просечно интелигентни се запишуваат во специјални паралелки, но работата е да се земат пари од државата. Инаку, и јас сум да се одземаат децата ако родителот нема услови. Исто знам Македонки кои живеат во руинирани бараки, но бидејќи се сиромашни се проституираат и постојано раѓаат деца, дее преку дете. Едната скоро ја видов веќе ќе се породи. Државата треба да преземе мерки, а не секое летенце детенце и на улица седам, искинати, парталави. Греота за децата.
     
    На theowndemon и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  13. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.412
    Допаѓања:
    2.098
    Јас познавам неколку што завршија факултет, паметни се, културни и во склоп на општеството. Фамилиите им се исто образовани, донекаде, кој основно, кој средно, но се потрудиле да се вклопат во нештото кое се вика општество и да не просат по улици со 15те деца. Тие самите не сакаат да им помогнеш. Колку пати порани ни тропале по дома, барале пари, баба ми и мајка ми им нуделе тегла ајвар, или мармалад, тие не, само пари прифаќаат. Епа нема. Ни мене некој така ми ги дал, ни ти ќе ги добиеш. Оние што на било каков начин си го вадат лебот и не замараат со децата по улица, нека си тераат. Ваквите научени на дај само, немам, од мене ништо не добиваат.
    Инаку, школото и сите други работи поврзани со образование им се бесплатни. Дури и постдипломските им се мислам до некоја мера бесплатни. Јас немам такви привилегии, пример. Али кој да учи и да се образува, полесно е ваљда да просиш денес.
     
    На Tanjamm, Victorian и Abeja им се допаѓа ова.
  14. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.885
    Допаѓања:
    6.250
    Пол:
    Женски
    Мислиш лесно би се нафатил гениколог да работи со нив?
    Кога чекам пред матичен гениколог, немам видено ни една ромка да влези кај доктор без + минимум 2ца членови од фамилија во придружба.
     
    На forumce и Cka им се допаѓа ова.
  15. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
     
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    2.952
    За децата постои дневен прифатен центар (мислам дека е финансиран од некоја ЕУ земја) каде добиваат оброк, лична хигиена и образование. Но таму одат само оние деца кои сакаат и воедно родителите ги пуштаат да одат, и тој центар поради можностите (персонал, пари и сл.) работи само една смена. Благодарејќи на нивната работа некои деца завршуваат и средно училиште.

    Ситуацијата со ромите во македонското општество генерално е подобра отколку во земјите низ средна Европа (Полска, Словачка, Унгарија и тн.) каде се далеку побројни но и населението повеќе ги отфрла и мрази бидејќи честопати имало конфликти.

    Решението е во долгорочно и континуирано правилно финансирање на тимови и организации кои навистина би можеле да им помгнатм а за тоа е потребна посилна економија и мудри одлкуи при распределба на државниот буџет.
     
    На sofijanoka, mareane, Црна Ружа и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.885
    Допаѓања:
    6.250
    Пол:
    Женски
    Во склоп на темата би сакала да споделам линк. Ромите во соседна Бугарија.

    ~1989 во Јамбол, Бугарија, ги собираат сите роми од градот и им дават опремени живеалишта во блок згради.
    Од тогаш до годината кога Марин Карбоски го прави видеото, 2010 година, погледнете во каква состојба се зградите. :^)
    Ве молам погледнете...


    Неколку факти:
    Ги палат рамките од прозорците за да се стоплат зимно време.
    Сами ја вадат инсталацијата и ја продаваат за старо железо.
     
    Последна измена: 23 јули 2017
    На Aquamarine93 и Abeja им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.624
    Допаѓања:
    13.948
    Пол:
    Женски
    Знаете, луѓето ќе видат оддалеку некој бездомник, неугледен, алкохолизиран, и веднаш претпоставуваат дека е Ром. А честопати не е е така, не мора воопшто да значи. Што се однесува до Ромите, проблемите ќе постојат, се додека се третираат како заедница, наместо општеството да пружа еднакви права/можности/грижа за секој ПОЕДИНЕЦ и да не ги групира и гетоизира луѓето.
     
    На J.J., sofijanoka, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.156
    Допаѓања:
    61.763
    Уште немаат.

    Јас имам колешки и колеги роми со факултет и постдипломски. Сите се од ромски угледни семејства. Имам комшии цигани. Работат сите. Кој тезга кој такси...
     
    На sofijanoka и Mari* им се допаѓа ова.
  20. Someday

    Someday Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    1.509
    Пол:
    Женски
    Како сака нека звучам ужасно сум изреволтирана од ромите во државава. Ако зборуваме за оние исти што ги тераат/учат децата уште од мали нозе да питаат на улица. Второ па понечисти луме не сум видрла. Тоа никогаш не било цивилизирано ни па ќе биде сега. На река со извинение одат по голема нужда и тоа таму каде што сите се бањаат, влеваат во вода со се алишта. Абе да ти се згади да ги гледаш. Нив што и да им понудиш и вила и школо ма што сакаш они никогаш нема да се сменат. А мислењето околу ова посебно летово ми се смени кога се почесто почнав ова да го гледам.
     
    На Petar80, christinnn, Nigredo Odor и 3 други им се допаѓа ова.