Така е, затоа ти работиш и имаш деца колку што можеш да издржуваш, а не раѓаш осум деца кои ќе ги пуштиш да просат.
Не очекував од тебе вакво прашање сметајќи дека многу добро си запознаена со ефектите на неинституционална дискриминација, што постои буквално секаде, некаде помалку некаде повеќе. Веќе кажав, истото што го збориш ти за Ромите, го зборат и расистите во Америка за нивните проблематични црнци. Луѓето заглавени во гетата не се таму бидејќи така сакале, туку бидејќи се родиле во средина која не им дава да излезат од неа. Растат таму без да знаат воопшто за подобро, живеат во гомна цел живот, принудени се на криминал, дрогирање, пропаст... А ако сакаат да излезат од тој вител ги пречекуваат белците што не можат да си погледнат подалеку од сопствениот газ и да помогнат на невина личност што се нашла во таква средина не по своја вина. И тоа средина што се создала токму заради белците и нивната пресвета супериорност и чистота. Се надавам ќе си направиш аналогија, доволно си паметна. И престанете да мрчите за тоа дека имале бесплатна градинка и стипендии. Ко тие што се жалат дека инвалидните имале зачувано пракинг место. Имате доволно среќа да не ви требаат такви работи, нешто што секој можен Ром и инвалид го посакува. Замисли се раѓаш ко Ромка, сакаш да учиш ама мајка ти прости по улица место да работи бидејќи тоа е буквално сè што знае. И доаѓа Трајко роден во добро ситуирано семејство и ти мрчи што имаш повеќе можности за стипендија. Точно е дека со туркање под тепих не се решава ништо, ама уште помалку се решава со навреди и нервозни емоционални плукања по интернет. Проблемот е во сегрегацијата, а сегрегација не се победува така, туку со отворен простор за луѓето да излезат од вртлогот во кој се принудени да бидат. Тоа што државата не реагира на тоа што не ги пуштаат децата во школо, што ги принудуваат на работа е сосема друга работа. Ама ако сакаме да им помогнеме на тие деца, начинот не е агресија верувај. Не пристапувај импулсивно на ова ко секој втор сељак, молим те. Не е продуктивно и не е етички океј кон тие што стварно не пречат на никој.
Ме интересира како вие што сметате дека се дискриминирани би ги интегрирале? Клуч на решението е овие луѓе систематски да се образуваат. Државата им дава бенефиции за школување од градинка до факултет. Исто меѓународни организации. Не ги користат. Не учат. Кој е крив тука? Сите други освен они сами? Тие сами одбиваат социјализација .Па во Норвешка запалија прифатилиште каде државата ги смести. Тие мислат дека од Господ им е дадено да не работат и да живеат на сметка на држава,секаде.
Имам Роми во комшии. Сме се дружеле со децата и никогаш ништо лошо не сум видела од нив. Културни, пријатни за муабет, чисти и вредни. Сум имала и искуства со оние кои живеат на улица. Замислете, ме немаат плукнато досега. Не знам, може е до тоа дека кога мразиш некого од дното на душата се чита и на лице и се чувствува. Воедно, да мразиш некого е премногу силна емоција. Едно е да не поднесуваш некултура, сосема друго е да мразиш некој поради истото. Се бориме за права на жените, за права на ЛГБТ лица, за права на децата, за заштита на животните, ама станува ли збор за Роми, е тука сите се исти. Кога се дискутира за геј лице што се истепал со некој, велиме дека не може според тоа да осудуваме цела една заедница, што е потполно точно. Каде е апликацијата на истово кога станува збор за друг етникум? Кога најголемиот процент од заедницата ве отфрла на работ на општеството, останува само да се борите за преживување онака како што знаете. Неработници биле, а ние како нација какви сме? Од каде толкава фрекфентност на форумов од рано утро, секој ден? Колку трае кафе паузата во работните институции, 8 саати? И последно, една случка не со Ром туку со Албанец, бидејќи и за нив знаете да користите погрдни зборови. Пред некоја година имавме сообраќајна несреќа. Судар со Албанец, по негова вина. Мина на црвено, но не признаваше. Чекајќи полиција дојде друг Албанец кој рече дека бил сведок дека овој минал на црвено бидејќи бил на истиот семафор. Се вратил за да види дали овој ќе си ја признае вината. Кога не призна, човеков се изнервира и остана со нас цели 2 часа за да сведочи во наша корист. Ниту не познаваше, ниту пак побара нешто за возврат. Цели 2 ЧАСА ги потроши за луѓе на кои ништо не беше должен. Е сега кажете ми дека сите се исти и уште повеќе дека некој Македонец би го направил истото за некој друг. Лоши сме, многу лоши. И крајно себични.
Дали сте свесни дека постојат школи што одбиваат ромчиња пошо "списокот ни е преполн одете во друго школо". Некогаш школото им е далеку и немаат секогаш обезбеден превоз. Нејќат да ги пуштат децата искинати во блузите, пошо нашите прекултурни дечиња ги чекаат таму за потсмев. Свесни сте дека ретко кој ги вработува ромите пошо постарите генерации не знаат да читаат, пишуваат и плус дискриминација колку и да е во ред човекот, па ги пуштаат децата да просат наместо да одат во школо пошо им требаат пари? Колку и да ви звучи грдо, така е. Какви бенефиции бе луѓе. Прелесно е да кажеш, нека одат во школо. Моето детенце да го чеша увото не го пуштам денес, нека одмара, ама ромчињата ќе стиснат заби и ќе одат ако сакаат, ајде да видиме колку сакаат.
Вие пристапувате кон проблемов со нив носени од емоции, а не рационално, во тоа е проблемот. Зарем не пратите реформи, статистики, проекти, закони, економија, буџетски одлив ? Не гледам да понудите никакво решение, туку само емпатија. ќе се надоврзам после уште, морам да одам.
Зошто ги поистоветувате сите Роми со питачи? Со питачење се занимаваат многу мал дел од ромското население. Останатите чесно си го заработуваат лебот, во најлош случај собирајќи секундарни суровини и чистејќи влезови.
Да, сигурно, и синот на Амди затоа останал со осмолетка, немал превоз и не сакал со искинати алишта да оди, затоа дури кога стана градоначалник се запиша во вечерно средно, кое не знам ни дали го заврши. Македончиња што немаат леб за јадење и живеат во супстандардни услови, во вукојебини изолирани од светот, патуваат со часови до најблиското школо на магариња, по дождови и снегови, со опинци на нозете. (можам и линкови да оставам од такви случаи). Али хеј, не се Ромчиња тие не се дискриминирани. Немале превоз? Зошто тогаш толкава неписменот во Шутка, кога училиштето се наоѓа во самата населба, а за средно имаат обезбеден бесплатен превоз како и сите останати? Зошто ретко кое ромско девојче го продолжува образованието, туку ги мажат уште на 13-14 години и тоа најчесто со мажи кои не ги ни познаваат, односно се работи за договорени бракови во кои невестата буквално се плаќа? Знаете ли колку проекти, кампањи, работилници,каравани и не знам што уште не се организираа за да се сузбијат малолетнички бракови и просењето на деца по улици? Буквално одеа по места каде има Роми, по школи каде учат Ромчиња со цел да се едуцираат дека тоа не е во ред, и дека местото на децата им е во училишните клупи. Настрана тоа што е поразително некој да ти организира кампања за да ти укаже дека не е во ред да си ја продаваш 13 годишната ќерка или да си го оставиш бебето на Камени мост да проси, ништо од тоа не донесе резултати и овие појави се уште цветаат. Што друго да направи државата? Да ги испозатвори сите што го прават тоа, ќе излезат на улицата да протестираат колку се дискриминирани. Постарите генерации не знаеле да читаат па затоа не ги пуштале децата во школо? ПОстарите генерации Роми веќе имаат внуци па и правнуци, тие што имаат деца за пуштање во школо ја фатија и декадата на Ромите и сите тие проекти кои ги спомнав, а кои очигледно не вродиле со плод. И кога сме веќе кај сиромаштијата и неписменоста, имате ли претстава каков бил животот во Македонија после Втора светска војна? Огромен процент неписмено население (буквално неписмено, се потпишувале со прст), сиромаштија невидена и повеќедетни семејства. Па сепак тие луѓе, и покрај сиромаштијата, и покрај неписменоста, не ги пуштале децата да просат и да дуваат лепак, ниту ги продавале девојчињата на 13 години, иако претходно пракса било раното стапување во брак, се освестиле дека е тоа погрешно, и дека до подобар живот се стигнува со образование и работа, и тоа без милијарда кампањи и проекти. Не знам дали сте свесни за мнозинството луѓе колку било тешко да пуштиш дете да учи средно или да студира во друг град, во какви супстандардни услови живееле тие деца, под кирија по подруми и мувлосани сопчиња, со пиперки урда и компири пратени од дома, без стипендии од невладини...сепак успеале, некој станале професори, доктори на науки, некои работници во фабрика...но битно се избориле да станат свои луѓе и самите да заработуваат, а не да чекаат од државата. Значи на нашите (пра)баби и (пра)дедовци, пред 80 тина години им било јасно како да се интегрираат во општеството и да се изборат за подобра иднина за своите деца, иако биле малтене неписмени и повеќето од нив селски луѓе кои цел живот се бавеле со земјоделие и сточарство и не мрднале подалеку од соседниот град, и живееле во време без интернет и телевизија и немале нивна декада, али ете на Ромите никако да им успее тоа, не само тука, туку секаде во светот. Можеби затоа што не ни сакаат да се интегрираат.
Мене ми е јасно се што кажуваш и така е, но имате тенденција многу да генерализирате. Пред 80 години биле пресвесни нашите. Тикви биле пресвесни. Старите сега да седнеш 5 минути да направиш муабет ќе видиш до кај се. А не пак пред 80 години. Тоа со мажењето рано стварно е болна тема. Кажи ми ти според тебе решение, ги мажат на 15 години, на 18 имаат веќе две деца сакале нејќеле, и после таа што родила ја осудуваме што мајка бараше да раѓа млада. Присилени се и сама велиш. Во индија кога ги мажат на 7-8 години со мажи по 50 години, кој е крив тука, девојчето што не се изборило против системот? Ние бараме краткотрајно решение, а коренот на проблемот не го решаваме.
Одбиваат напредок? Кој нормален би одбрал живот под мост место нормален живот ко сите нас? Дај жити мене, одбивале напредок. Никој не е глуп да не напредува ако има можност за тоа а они ги немаат реалните можности колку што тоа изгледа на хартија бајно. @Asparagus Да, ги имаат сите можности де јуре ама он ќе одбере да оди у школо или да заработи корка леб за да го преживее денот? Ти што би одбрала? И пак не можам да разберам некој да одбие работа за да мрзне по семафори да питачи, еве јас знам многу жени ромки што чистат по згради за да заработат, шо значи дека не се плашат од работа туку ги немаат истите можности за да конкурираат на пазарот на трудот. 90% меѓу Трпе и Амди би го одбрале првиот јер Амди е циган и е лопов нели
Дете да одбере меѓу одење во школо и заработување корка леб? Не е работа на детето да заработи корка леб, туку на родителите. Нормален човек би копал со раце ако треба за да му овозможи на детето барем минимални услови, а не да наштанца 8 деца и од нив да чека да му донесат пари. Ти што би одбрал? Да работиш било што да им донесеш леб на децата или да ги пратиш да питаат по семафори? Да, има жени Ромки кои чистат по станови и како тоа нив никој не ги дискриминира поради националноста? Како тоа не ги одбиваат затоа што се нели "циганки и лопови"? Најверојатно затоа што сакаат да работат. Можност да конкурираат на пазарот на трудот немаат поради необразованост, не поради националноста, со осмолетка никој не може да конкурира на пазар на труд за некое поугледно место, без разлика на националност. И Ромка и Македонка и Марсовка можат само чистачки да бидат. Да имаат некоја дефицитарна и барана професија од типот на програмер, електроинженер, лекар...секако дека ќе бидат конкурентни. А нивната неволност да се школуваат е многу подлабока од немањето пари, па ете прееска го спомнав Амди Бајрам, еден од најбогатите луѓе во државата го оставил синот со осмо одделение?! Ама затоа за сунети и свадби праеше циркузи со најмување авиони, хеликоптери, со општонародни весеља со 200 печени вола, со разни познати певаљки и слично. Не се работи тука за сиромаштија туку за ментален склоп кој е многу поразличен од твојот, од нашиот и затоа ти не можеш да ги разбереш. И не е само Амди, имаш еден куп Роми гастарбајтери кои парите ги трошат на скапи коли, најнови мобилни, огромни куќишта, а децата нивни пак се со максимум средно образование. Едноставно е, ако за просечен Македонец, образованието е приоритет во животот, буквално се двои од уста за да се школуваат децата, за Ромите не е, си имаат поинаква замисла за животот. И кој е сега виновен, државата ли е виновна што мнозинството Роми имаат такви приоритети и таква перцепција за нормален живот, кој ти погоре го спомнуваш? И зошто насекаде, буквално насекаде низ светот, дури и во објективно најпрогресивните и најтолерантните држави од типот на Шведска, Данска, Норвешка, пак си тераат со штанцање 10 деца, просење и живеење на грбот на државата? И не зборувам за Роми што мигрирале во последниве години, туку за Роми што живеат со векови таму, а сепак си го задржале својот традиционален начин на живот. Во таква земја од афричко племе да донесеш луѓе па ќе се интегрираат, ако не првата, втората генерација сигурни...ако сакаат секако.
Е така де, истото го кажав погоре. Цела скопска елита што живееше по куќи, имаа жени ромки што им чистеа по дома. Ко дел од фамилија ги третираа, по цел дома им беа, не сум чула за недоверби и измами (бар тие јас што ги знам, од пред 20-30години). Не може, ко Лела што вика, немала мајката школо, единствено што знаела е да проси. Не. Постои работа, каква било (соодветно на немањето школо), а таква секој ќе ја најде ако ја бара. И постои просење, семи-криминализирана активност. Цел живот сум живеела во Скопје, просјаци не постоеле одсекогаш. А особено не било отсекогаш тоа плукањето по минувачи ако не им дадеш пари. Немојте сега филозофии, психологии и останати оправдувања. Просењето е организирано, ретко кој излегува сам да проси, оти тоа е единственото што може да го прави. Организирано е и носи некому добар профит. Се злоупотребуваат и жени и деца, не им е нив тоа избор. Општеството конечно треба нешто да превземе по тоа прашање, не се да му се сневиди 50 илјади просјаци, пар банди се. Ама како и секогаш, како и сегде, никој нема интерес да го реши проблемот. Дека е нерешлив- не е.
Најголемите добитници во државава после арачиновци, не плаќаат ни струја, ни вода, ни ѓубре, ни данок ништо а плус земаат пари за 3то дете, социјала и бла бла и само се котат и ништо не работат само лежи ..
Баш и тоа го прават ,одбиваат,слушаат старешината што ке каже,тоа е нивни стил на живот,која држава успеа да ги интегрира и да ги промени,ниту една. Гледајте малку емисии за Ромите низ светот ,каде и да гги прашаат зошто не учат после основно одговараат не им се учи. Попрво Кинези што отвориле продавница ке се интегрираат отколку Роми. Единствено го решиле држави каде се третираат исто,а не се заштитени ко поларни мечки. Злоупотребуваш и малтретираш дете ,ке ти го одземе државата. Ти плаќа да го школуваш,ако не оди во школо, одземи му ги средствата. Па да видиш како ке учи кога ке знае дека нема да добијат ништо ако не учат. Тоа е единствен начин младите да се интегрираат,старите никако. Малтретираат коњи и ги мкнат низ цело Скопје никој ништо не им може,ке им го дискриминираш превозното средство. И премногу имаат посебни привилегии,мора нешто да почитуваат! Никој не им брани да се откажат од обичаите и нивниот начин на живот и да се интегрираат,напротив,ама тоа е нивни избор. Не е нивни избор образование,туку да се роди 14 то дете . И статистички Роми кои ствараат се реткост,а кои паразитираат масовна појава. Ама тоа се толерира,бидејќи ако се побуниш си расист.
Имам доволно причини да ги мразам, ме имаат кетколнувано и плеснато по задник дури. Ама тоа поединечни личности, не секој Ром на светов, за да трубам наоколу како се одвратно племе. Не ми е до толку ограничено менталното расудување. Знаеш кој си си ги формира мислењата според чувствата и искуствата нели?
Значи сепак никој не ја осуди постапката на контролорите. Ако му е, и така ништо не работи он, гнаса е ово и оно. Заради случајот се активираше темава. Се сеќаваме на случајот со таксисот што ја бутна жената. Епа и ова е нешто слично, само што нема снимка. Сепак бил на сила изнесен од двајцата и пцуен, па наше е да коментираме на она што е кажано. Такситот беше таму крив. Овде контролорите - де бе, за еден циган ли да се потресуеме. А утре и вас може да ви се погодат контролориве и да ве нападнат зашто можда не им бил денот, без разлика што вие сте светата и чиста раса. Тогаш ќе барате ли правда? Мислам ако дечково треба да ќути, треба и вие. Ако не треба вие да ќутите, не треба ни он. Што сте вие како поединци попосебни од него? Еве дечково студирал бај да уеј. Да не било дека они ИЧ неќеле да се образуваат. Ова као педерите само СИДА шират. Против сексисти сме, против хомофоби, ама циганите ни се гнасни. Епа ако ни се гнасни, исто како и хомофобите и сексистите да ги подржуваме. Едит -До пред десетина години живеев одма до ромско маало. Секојдневно минев од таму, и сама како дете сум поминувала. Једино некој некогаш да ми кажал некој лош збор, и тоа сигурно било два-три пати најмногу. Инаку никакво лошо искуство не сум имала таму.
Не знам каде виде дека некој ја оправдува постапката на контролорите, нормално дека секое насилство треба да се санкционира, без разлика на националноста. Тоа што мене ме интересира како разликуваме обичен инцидент од дискриминација на етничка основа. Затоа што контролорите на ЈСП се редовно инволвирани во вакви инциденти, што како напаѓачи. што како жртви. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...-patnik-dobil-potres-na-mozok-i-skrshil-raka/ https://republika.mk/vesti/skopje/kontrolori-na-jsp-tepale-patnik-vo-avtobus/ https://lider.com.mk/hronika/kontrolori-na-jsp-povtorno-istepaa-patnik/ https://kajgana.com/kontrolori-na-jsp-napadnati-vo-avtobus Ова се само дел од тие случаи, и мене ме интересира како тоа во овие случаи нема национална или било каква дискриминиција, ниту некој излезе на сите телевизии да кука како неговиот народ е угнетен, ниту изникнаа невладини организации да кукаат за дискриминации? Дали за да зборуваме за дискриминација неопходна компонента е Ром како жртва? Дали ако Ром истепа Македонец ќе се дигне тревога за тоа како Македонците се дискриминирани или тоа ќе помине со краток натпис во црна хроника, без имиња, без националност, само со иницијали? Инаку, да прочитав дека студирал право, и за некоја година ќе го видиме како директор на некое јавно претпријатие или може и министер, а Македончето со истиот факултет ќе купува бурек и ќе фотокопира документи во некоја адвокатска канцеларија за сича. За некој ден очекувам да прочитам дека поднел тужба и бара оштета од ЈСП...овие ромаверзитас се први штом намирисаат можност за пара. Патем одете на нивниот сајт да видите кои се можности ги имаат кутрите угнетени Роми.