1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ромите во општеството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 23 јули 2017.

  1. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Сеуште има раселени луѓе од 2001-ва што го загубиле својот дом. Да ги ставиме и нив во загрозената група.

    Сами не сакаат да одат во училиште, од дома не ги пуштаат.
    Проблемот е во примарната социјализација.
    Не дека некој ги сегрегира или сапун прави.

    Сите се соочуваме со екстремно тешка економска состојба. Робови сме сите, тоа е човечка природа, хиерархиски суштества.

    Само си имаат створено таква слика за себе. Не сум им јас крив, ниту ти.

    Да, а?

    Да.
    Можеби добиваат дел, ама мал дел, колку за лепак.

    Проблемот со мизеријата е сериозен, но е сеопфатен, сите сме загрозени и треба да најдеме начин како да ги створиме и оствариме своите човекови права.

    ...

    Болдираното ме натера да ти одговорам, најверојатно затоа што е крајно необјективен контраст, такаречи обид за манипулација на јавното мислење.
    Да не ги спомнеше тие работи ќе си читав на раат и понатаму:
    [​IMG]
    Од ова што го пишуваш испаѓа дека ние Македонците, толку многу ги ништиме Ромите што сме ги направиле да бидат она што се.
    Еве да речеме дека си во право, не си, ама хипотетички.
    Ромите се роми секаде каде што стапнале. Слично живеат и тука и во други земји, а во други земји не нема нас да ги „дискриминираме“. :fubar:
     
    На Anacid и Victorian им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Имам читано статија дека нема гинеколог во Шуто Оризари затоа што ниту еден доктор не сакал таму да работи
     
    На calliope, Zaljubena26 и Momichka им се допаѓа ова.
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.
    И тука се согласувам. Не дека нема и такви. Најмногу пишував за сегрегација, поради фактот што повеќето се во специјални училишта.
    Ок. Криви се тие.
    Не знам. Еве ти кажи ми.
    Мора да си подобро информиран. ;)
    Апсолутно. Но тука не е темата за сите.
    Цитирај колку сакаш. Затоа и сме на форум, нели?! :D
    Немам намера, а најмалку пак причина да манипулирам со јавно мислење. А особено не на анонимен форум. :o Само напишав мислење.

    Не. Не сме го направиле тоа ние. Жал ми е ако така си разбрал. Но можеби ние би можеле да ја кренеме свесноста за овој проблем. Тргни од здравство на пример.
    Тоа не го знам. Не сум таму.
     
    На Someonespecial, theowndemon и DAngel им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Мајка ми додека бевме мали често им даваше облека или храна. Имаше некои што само по еднаш ја носеа облеката па ја фрлаа - знаеја дека утре некој друг ќе им даде, па не сакаа да ја перат.
    Знам дека во средно мораа да имаат просечна оцена 3 за да добијат стипендија (поголема од таа што ние можевме да ја добиеме само со освоени први места на државни натпревари). Мислам дека имаат и добри услови за да се запишат бесплатно на факултет. За жал, ретки се оние што гледаат на образованието како некоја можност да постигнат нешто во животот.
    Имаат многу здруженија и организации кои им нудат помош, за жал тие не се доволно освестени да сакаат да се тргнат од таквиот живот, едноставно, не сакаат да работат, живеат од социјална помош, од ден за ден. Сметки не плаќаат, чекаат да им ги "опростат" долговите. Трето и четврто дете, по некоја пара од страна, се снаоѓаат колку можат, за повеќе немаат ни желба (секоја чест на исклучоците, а ги има).
    Кој е крив за ова? Државата, нормално. Таа им дозволила така да се однесуваат. Државата не смее да дозволи овие деца да живеат во такви услови и родителите само да "печалат" на нив. Одговорност на државата е да си ги заштити граѓаните, а тоа не е секогаш преку награди (социјална помош, трето и четврто дете, и слично). Образование, грижа, активни социјални организации, па и казни за родителите и младите личности кои нема да превземат одговорност за себе и за своите деца.
     
    На sofijanoka, Lianna Anna, calliope и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Амбивалентен сум во однос на ромите иако е веројатно популација со која имам најдобри односи општо земено :party: не знам зошто.
    Од една страна имаат позитивни особини, незамарање на ништо, живеат само денес, утре кој го ебе и слично, едноставни се некако.:)
    Но од друга - има премногу малтретирање на малолетни особи, ваљда и педофилија, жените се третирани лошо, терање на деца на питаат по улици и остали cringeworthy ситуации .

    Никогаш не разбрав зошто се дискриминирани тука, демек македонците и албанците се нешто WOW па ќе гледаат одвисоко на други а не гледаат дека се дно во Европа самите :D
    Или скраја да е, срби...
     
    На Mari*, calliope, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека Ромите се дискриминирани во општеството.
    Имаме законска рамка која што ги штити од дискриминација и институции до кои можат да се обратат доколку се дискриминирани. Имаме бесплатно образование, добиваат стипендии (со понизок просек) и полесно можат да се запишат на факултет...
    Доколку сакаат државата им дава доволно услови за да напредуваат и да успеат !

    Но тоа што живеат така е нивна вина (на родителите) .
    Родителите се тие што децата ги осудуваат на живот во мизерија !
    Секоја шанса за напредок и излез од таквата состојба им ја земаат кога ги лишуваат од образованието...ама они сакаат инстант резултати и пари. Затоа денес има деца од по 12/13 години кои не знаат името да си го напишат, на 14 веќе ги мажат (читај: продаваат), за додека да наполнат 18 да имаат по 2/3 деца ... и така во круг цело време.

    А жално е поради тоа што има многу паметни деца. Деца со голем капацитет и потенцијал, кој за жал никогаш нема да го искористат поради тоа што нивните родители се невидени идиоти!

    И воопшто не можеме да зборуваме за сексуална едукација кога многу од нив немаат ни основна едукација.
     
    На calliope, theowndemon, Jas! и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Then again, ако се спореди сето тоа со злото, криминалот, корупцијата, убиствата, непотизмот и останатите секојдневни ужаси кај останативе колективни идентитети...
     
    На Nalutena1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Ружо тука за ромите се зборува како они се "дискриминирани" во државичкава, а највеќе привилегии имаат. Тоа они што не се цивилизирани и никогаш нема да бидат е нивен избор баш. Ама наместо нашиве да се бранат меѓу себе, они попрво нив ќе ги бранат. Не гледаат колку македонци се пропаднати на питачки стап ама никој не се залага за нив да им помогне, него на ромите. Абе ајде
     
    На Jacques, Aquamarine93, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.999
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека не се дискриминирани, и самите си сносат одговорност за начинот на живот кој го водат. Имам куп примери каде роми одбиваат да се образуваат и не посетуваат училиште и покрај тоа што за таа цел им е обезбедено се што им е потребно. И потоа очекуваат да бидат вработени а во спротивно државата да им помогне. Многу е нормално дека ниту еден работодавец нема да земе на работа некој кој нема ни основно образование завршено во време во кое на располагање има еден куп лица со завршено високо образование. Што се однесува до помошта, не се запоставени конкретно ромите, има еден куп македонски/албански/турски семејства кои живеат на работ на сиромаштијата и не им е помогнато. За жал, голем удел во уништувањето на животот на младите роми имаат и нивните родители кои ги спречуваат да учат и за сметка на тоа ги тераат да питаат или продаваат по улици само за да им однесат некој денар дома. Тука малку поактивно би требало да вмешаат прсти социјалните служби па ако не постои друга алтернатива да почнат и да одземаат старателство и да ги смествуваат децата во домови каде ќе се растат во строг ред и дисциплина и каде ќе ги воспитуваат дека брак не се склучува на 14 години и дека ако веќе си решил да имаш голем број на деца на истите треба да им обезбедиш и пристојни услови за живот.
    За хигиената пак и не би сакала да коментирам, нема понечиста населба од ромската населба во Скопје. На секој чекор само депонии и непријатни мириси. Епа не е тука државата виновна, самите би требало да знаат дека ѓубре се фрла во контенјер или на специјално место за таа намена, дека редовно се бања и дека облеката треба да биде чиста и уредна. Самото ниво на хигиена повлекува и одбивност на било кој кадар да работи таму. Искрено, мој другар само што заврши медецина доби понуда да работи како општ лекар во амбулантата во Шуто Оризари. Уште пред да ја слушне понудата одбил, модерен културен дечко кој води хигиена на завидно ниво, со потсмев ни раскажа дека нема теоретски шанси да работи во такви нечисти услови. И целосно го разбирам
    Неодамна одделив некои работи кои немам намера да ги носам, испрани и испеглани, спакувани во кеси. Сите нови, сочувани и облечени само по неколку пати. Во близина кај контејнерите постојано седат роми па мајка ми ги прашала дали ги сакаат тие работи. Тие и рекле аа не тетке, дај пари ако имаш. Да напоменам дека биле облечени во испокината и никогаш не испрана облека. После овој настан и онаа доза на жал и сочуство која сум ја имала исчезна. Облека имам давано на мои посиромашни другарки и со најголемо задоволство ја прифаќале и си ја носеле. А господата пари сакале.
     
    На Alisa22, Momichka, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Има еден куп Македонци кои се загрозени, па не се жалат дека се дискриминирани. Какво време дојде Ромите имаат поголеми приходи од многу Македонци. Жените во текстилот работат за 10.000, а Ромите за трето дете 8.800 плус социјално, земаат повеќе од таа кутра жена на која со одбивање на превоз и јадење едвај 100 евра ќе и останат. Имаше пред неколку години случај во мојот град, се појавија на тв луѓе со магистратури кои имаат 3 деца, а се невработени. За Македонци зборувам. Си кажаа луѓето дека се образувале, имале работа, прошириле семејство и имаат 3 деца, но после 40-та години од животот ги избркале од работа и никаде не ги примаат со изговор дека се веќе стари. Жената рече „Јас за што се школував, за што потрошив толку години од мојот живот за да моето дете денес трпи и нема ни за кифла на училиште“. Никој не им помогна, никој не се потресе, плус и слушнав коментар од колешка на работа како биле „немиени“. Нормално дека жена која живее со социјално од 50 евра не може за пред камера фризура да прави, не ни треба. Ахххх каков лош народ сме. Плус коментар на колешката „еее што правеле 3 деца“. Направиле 3 деца затоа што сакаат деца, и затоа што кога децата се родиле имале плати, а и грев ли е да се име 3 деца. Ахххх кога ќе се сетам какви злобни усти има, се ежам.
     
    На moonlight-girl.55, mareane, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Ама стварно. Наместо македонциве да се залагаат за својот народ, они права за ромите ќе барале. И после ќе се жалат како шиптарите и зајко и Груев ни се криви. А за злобата нема потреба да се дискутира воопшто. Тоа одамна ни е познато нас. Зошто викаат од наш што подалеку да бегаш. Епа не е за џабе речено тоа.
     
    На mareane, elimkd, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Треба да се направи разлика помеѓу загрозени и дискриминирани.
    Загрозеноста не бира род, пол, возраст, националност, религија, бла бла... Дискриминираноста - тоа во оваа дупка од држава е дискутабилно, пошто ко основа, 80% сме граѓани од трет ред, од кои пола се на просјачки стап и крпат едвај крај со крај. Ако се дискриминира на основа на немаштија, тогаш колективно сме ојдени у три лепе и нема кој кого да дискриминира, освен оној мал процент буржоазија.

    Ромското (па и албанското, да бидеме фер, ама тоа е друга тема), население претежно се става во „леле, ме сметаат за подолно суштество“ група пошто самите така сакаат т.е. добиваат бенефиции од играње жртвено јагне.
    Кога се селевме, мајка ми ги молеше млади, работоспособни Роми, да ни помогнат со носење, за 1000ка дневница, што реално дали два часа би им одземало разнасањето некои стварчиња.
    Не сакаа. Навикнати се да пружат рака и со молежлив поглед да идат со она „Тетке, дај 5 динара, за лепче“... мисли за лепакче и цигари, или па ракија за татко му, ако е мало.
    Облека мал милион пати сум давала, па гледаш долу ја влечат, расфрлаат, а една специфична блуза видов и дека ја препродаваа на оние тезгине за Нова Година. Е, јбг. :D
    Од мали се учени дека од државна цицка колку-толку ќе капне, ќе се собере од улица, нешто некој вредничок од фамилија ако проработи, океј, ако не - си свиркаат и си наоѓаат начини. Некогаш и за завидување е.
    Нормално дека има и мала група што би работела било што за да преживее, ама немаат среќа и тоа е многу незначаен број население. (Ова човек секогаш осеќа потреба да го нагласи, да не му рипнат со „Ама не се сите исти“. Да, знаеме.)
    Познавам и сум се дружела со Роми од побогати фамилии и таквите луѓе нема човек основа да ги гледа ко подолни. Писмени се, колку-толку нашетани, знаат културно понашање, итн. Е, сега, стилчето си го имаат по дома, со сите шаренила, черги, чудни лустери (се зезам за ова де), ама таквиот можеш да го класифицираш ко Ром во општество на хартија само. Да седи до тебе, нема никој да рече „Види, седат божество и дискриминиран“.
    Ама од жедно за погача преку, не леб, туку брашно, секој бега.
     
    На J.J., christinnn, sofijanoka и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Затоа јас викам ние сме криви народот, не Заев или Грујо. Демографијата е таа, не цицаат шиптари и цигани, а ние јадни со 200 евра плата полниме буџет додека тие се толерирани за се. Исто Ромки и Албанки живеат со маж, а се пријавуваат како самохрани мајки за пари да земаат по тој основ.
     
    На Zaljubena26 и Someday им се допаѓа ова.
  14. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Ма јас нив не можам ни да ги коментирам. Во крвта им е тоа да лажат, ама сепак се снаоѓаат. Одлично им оди кај нас
     
    На Zaljubena26, Tanjamm и elimkd им се допаѓа ова.
  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Јас па ко што сум видела оние по улици се помалку ги има, памтам пред едно десетина години кај мене како се распостелуваа покрај Вардар со черги, со шатори и со све и како копаа по депонии, а сега во Шутка има куќи палати.Не се ич за жалење, можат да работат како аргати, кај што дневница не е под 1000 ама полесно е детето во рака и питај по улици, после ги гледаш лепак како дуваат по автобуси.|(
     
    На Zaljubena26, Victorian и Meckicja им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Не дека државата има најсјајни, совршени и правилно поставени мерки за вклопување на Ромите во општеството, но за жал во голем дел самите тие се виновни за својата позиција, поточно возрасните Роми – родители.
    Се согласувам во целост со @Victorian – во глобала возрасните сѐ уште и покрај сиромаштијата раѓаат многу деца, не сакаат самите тие да најдат некаква работа, а она најлошото и најнеодговорното е дека децата не ги праќаат во училиште (кадешто имаат одредени привилегии, па и посебни стипендии) да се образуваат и добијат шанса за пристоен живот, туку ги спремаат за малолетнички бракови и повторно раѓање куп деца. И така во круг се продолжува тој менталитет што не им дава да мрднат од жалните супстандардни услови... како да се навикнати на тој живот ,,од ден за ден“.
    Општеството треба да преземе ако е потребно и поригорозни мерки со казни, па и кривична одговорност за непраќањето во училиште и малолетничките бракови. Новите генерации од која било етничка заедница треба да бидат вклопени во образованието и да имаат шанса за нормални услови адекватни за 21 век.
     
    На theowndemon, Lella, Aquamarine93 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Ромите не само кај нас, туку и во светот си се прича сама за себе
     
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Стереотипите и предрасудите кон ромите се во некоја рака ''оправдани''.
    Зошто?

    Прво, затоа што во Шутка и ден денес врие од деца кои свесно не се вклучени во образовниот систем,
    само и само поради родителската (не)одговорност. Деца кои наместо на шест или седум годишна
    возраст да одат со книги под рака, просат на улица за пари кои подоцна ќе бидат фрлени на сѐ, само не на средства за основна егзистенција.
    Кога еден родител ром ќе прашаш зошто детето не оди во училиште, ќе ти даде изговори од типот ,,па се нема пари'' или ,,не сака да оди''..

    Како бе побогу, може дете од шест години да сака оди во школо? Па, и мене да
    ме прашаа на шест - седум годишна возраст дали сакам да одам во школо и да учам ќе речев не!

    Друго, не е мит дека голем дел од нив и ден денес лажат крадат и не обрнуваат внимание на
    личната хигиена. Точно е дека и меѓу нас има голем број вакви случаи, но кај нив е тоа
    поупадливо од причина што тие самите генерално не оставаат простор за поинаков суд.

    Некои од вас погоре ја споменаа државата како индиферентен фактор, и можам да кажам дека се согласувам.
    Се согласувам дека и надлежните имаат голема одговорност. Наместо да потпомогнат преку проекти и кампањи за воспитна и сексуална едукација, тие го продлабочуваат јазот на етничка тензија и омраза, без да покренат иницијатива за инкорпорација во свеста на горе споменатите вредности.

    Сега скоро, откако видоа дека не бива така, почнаа нас Македонците да не дискриминираат, на тој начин што листите за упис на факултет се преполни со дотични Шељи Маниз, Рабис Курамов кои имаат дебело понизок просек од тебе ама битно ќе ти го земат местото дури и по цена да не се појават на факултет. Битно нас ни светна сијаличката дека треба и они да бидат форсирани за подобар статус и иднина.
     
    Последна измена: 24 јули 2017
    На Alisa22, christinnn, sofijanoka и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Државата треба да презмете мерки не со кампањи, затоа што тоа не дава ефект, туку да ги укине тие глупости за 3 дете и да ги чисти оние кои се на список за социјално. Да има некое правило, земаш социјално една година, а потоа или ти ноаѓаат работа и ја прифаќаш или нема пари веќе. Инаку вака не оди. Се стимулира мрзливост, а и плус знам луѓе кои цел живот се приматели на социјално. Сега можеби ќе речете ееее од социјално ли се живее, со 3000, 5000, ама па и од плата во чевларство која е 150 евра се живее ли?Еден куп албанци со куќи палати земаат социјално, иако роднините ги помагаат од странство, ама важно тие 2000-3000 денари ќе му ги земат од пред нос на некој инвалид кој не би можел да работи. Треба строга контрола, да не одат парите од социјално кај што не треба. И се е тоа ок, ама ние како мнозинска заедница излеговме ли негде, баравме ли да не се стимулира давање социјално од наши пари и на кој треба и на кој не треба? Пак ќе кажам, ние сме народ со национална свест и општествена одговорност до минус бесконечно. Треба да бараме отчет за нашите пари од даноци, да бараме да се градат болници, да се реновираат школи, да се отворат фабрики во малите места, а не секој втор ром и албанец да зема социјално. Кога би имало било каква граѓанска активност на оваа тема би поддржала, било протест, било петиција, што и да е.
     
    На moonlight-girl.55, theowndemon, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    @Tanjamm

    Не гледам друг начин освен бон тонот и сексуалната едукација да бидат покренати преку отварање центри и масовни кампањи во кои ќе бидат вклучени стручни лица кои би држеле предавања, би делеле брошури, улошки и бесплатни средства за контрацепција.

    Околу социјалното, се согласувам. Зимаат и нашите социјално, но во помал број, бидејќи тука пак има предност мултиетникумот. Затоа во постот го посочив и примерот со факултетските уписни листи.
     
    На theowndemon, Lianna Anna, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.