Ве замолувам да внимавате на речникот и на изразувањето. Искажете си мислење, ама не мора да е со такви одвратни зборови, сепак за луѓе зборуваме.
Зашто не се вклучени бе ? Во статутот на било кое предосновно, основно, средно и високо образование стои клаузула за бан на ромската популација ? Во прво одделение имавме 3 роми соученици, како што се сеќавам кога ние бевме учени да читаме исто беа и они. Кога нас не учеа да собираме и одземаме, исто беа учени и они. Кога нам ни се даваа бесплатни учебници и лектири исто им се даваа и ним. Кога ние одевме на еднодневни екскурзии, доброволно дававме и за нив. И знаеш што ? Пак станаа отпад. Со тоа што вечито ги правите жртви, само полошо правите, ги стокмувате уште повеќе во нивната комфорт зона. А тоа е, живеење на грбот на РАБОТОСПОСОБНИТЕ граѓани во државава. Што направија они за побегнат од шаблонот и од статусот на жртва ? Не можеш да интегрираш некој во општеството, кој не сака да биде интегриран.
Никој не може да не сака да биде интегриран во општеството. Сама размисли си колку е тоа апсурдно. Никој не сака да се оддвојува од толпа, човечка потреба е да си дел од заедница. И тоа на грбот на работоспособни не знам ни дали да го коментирам. Една работоспособна нација што се, џаболебари, ама ај друга тема е таа.
Зошто мислиш дека сме мрзлива нација ? Апсолутно не се сложувам. Се има овој народ наработено и премногу со оглед на тоа колку бил и е платен, низ транзиции што минувал, низ тероризирања од газдинска моќ, низ партиски препукувања. Цел живот и душа имаат оставано на работното место нашите за да земат пензија од 12 000 ? Приближно колку што зема Ром кој нема ден работен стаж во животот ? Нема да оправдам никогаш.
Заради односот на работниците кон работата. Под џаболебари не ги сметам само работниците. И газдите се џаболебари. Со малку сакаат да земат многу. Со грдо понашање мислат дека повеќе ќе извлечат од вработени. А многу од работниците "колку многу работам, а не сум платен" А си оди 10 минути порано, доаѓа 15 минути покасно. Искрено јас разбирам дека е претешко и многу луѓе ќутат. Но тоа не е нешто за пофалба. Храброста е за пофалба. Штрајк цела фирма, да видиме дали ќе се понаша пак така газда. Ама сите сме пизди многу често. И јас. Ама јас сакам да си го сменам тоа. Не сакам да се фалам колку сум добра работничка пошо трпам се од секого. И после да одам дома на децата да им се дерам. Линија на најмал отпор. Е затоа мислам дека не сме сјајна нација кога е во прашање работа.
Комплетно те разбирам од кај ти се мислењава, ама жити сè бар ти си подобра од тоа да донесуваш мислења врз основа на тоа што ти е во околина и од кои си директно афектирана. Не ти велам да не велиш дека опишаниве луѓе преставуваат проблем (крадците, злоставувачите, тие што палат ѓубре), ама врз основа на тоа да наречеш цела една група луѓе гнасно племе или што ти знам. Тоа те прави националист по дефиниција. Дури и да не познаваш ниеден исклучок, не смееш така да збориш бидејќи придонесуваш кон тоа нормалните индивидуи, или барем тие што имаат таков потенцијал, да немаат друг избор освен да станат такви. Да те потсетам, белците што живееле и живеат во близина на гета со популација црнци веројатно го имаат скроз истиот впечаток како тебе. Бескорисни, гадни, проблематични, штетници... И сега ти ми кажуваш дека го имаш истиот ментален склоп ко дебелите расистички чичиња што на Тенксгивинг се расфрлаат со н-зборови и сето тоа. Не ти верувам дека си таква личност, само дозволуваш моменталните емоции да пишуваат во твое име, ко секоја просечна националистичка личност. *** Знам дека сите сакаме Ромите да се уозбилат и да престанат да престанат да прават проблеми на секој чекор, да се цивилизираат итн. Ама додека ние ги третираме ко ѓубриња, ќе се однесуваат ко ѓубриња. И не се прави ова преку ноќ за да кажете дадено им е сè бла бла бла. Да им беше стварно дадено сè, сите ќе сакавме да сме Роми во државава. И жити сè, бидете подобри од нив. Работава, би го поддржала секој од кај нив што е цивилизиран и сака да се интегрира, многу нормално, ама на страна ќе се расфрлам со националистички глупости. Сè што постигнувате така е енфорсирање сегрегација, што уствари е она што ги тера Ромите да просат, да крадат и да прават проблеми. Бидете попаметни од тоа.
Ромите во општеството кај нас дефинитивно не се доволно интегрирани, а тоа сметам дека се должи на образованието. Задолжително е основно и средно образование кај нас, што значи секој мора да посетува редовна настава без одреден број изостаноци. Е сега проблемот е што многу од нив не ги ни праќаат децата на училиште, барем дефинитивно така беше додека јас бев во основно. А тоа треба да го контролира државата и да се казнуваат тие родители според закон. Имаше и исклучоци секако кои што редовно си одеа на настава и секогаш сме се дружеле најнормално и не биле дискриминирани. Како и најголем број други проблеми во општеството, се се сведува на недоволно или неквалитетно образование. Поентата ми е државата не ги спроведувајќи ги законите кон нив не им прави услуга, напротив.
@Lella не знам зошто не се разбираме. Дали сте свесни дека вие уствари правите 'позитивна' дискриминација према нив и со тоа ја успорувате нивната нормализација и интеграција ? Го правите тоа со тоа што постојано проблемот со таа популација се турка под тепих и се мижи пред теророт кој е секојдневен и неизоставен дел од нашето секојдневие. Еве ако проблемот е во нас, останатите граѓани и Македонија како држава, зошто прашањето со Ромите сеуште е огромен проблем и во високо развиени држави, кои нудат одлични проекти за нивна интеграција во општеството, за нивно припитомување и функционирање како нормални човечки битија ? Зошто ? Зошто не смееме да искритикуваме стандардни навики и начин на живот нечиј, без да сме етикетирани како расисти ? До кога малцинството за својот неуспех ќе го обвинува мнозинството ?
Ние можеме да направиме со тоа што нема да им даваме пари кога просат. Секое давање пари ја продолжува детската експлоатација. Ама можеш да им купиш сокче или кифла. Или чорапчиња. И мене ќе ми е мирна душата дека не сум ја успорила нивната интеграција со тоа што ќе купи со парите лепак, и тие ќе добијат еден оброк. Не те разбирам, дали мислиш дека со tough love ќе им помогнеш? Ние ќе ги навредуваме и тие ќе се налутат и ќе речат еве сега ќе ви докажеме дека не сме такви, и одма ќе почнат да одат во школо, ќе станат најдобри работници. Не иде тоа така.
Така е, проблемите што ги кажуваш Стоундке се реални и свесни сме за тоа. Ама еве да отидеме у Германија или Италија кај што живеат илјадници роми од Мкд па да видиме како живеат таму па како тука и дали проблемиве се последица и кривица на нашево општество и систем или нивна карактеристика.
Ромите не се интегрираат никаде,ниту во Италија ниту во Англија. Кај нас постои позитивна дискриминација. Градинка за нив е бесплатна,знаете? За ромските деца да одат во градинка ,државата плаќа,додека другите деца плаќаат 1500 ден. Основно ушилиште,стипендии за останати ученици просек е 4,5 ,а за ромските 2. Стипендија средно училиште исто,за на факултет исто. Нема никаква дискриминација,имаат услови ,избираат да живеат во племенска заедница.дури се и привилегирани по многу точки.
И купив смоки, сокче чоколадо, знаеш што направи? Пред мене го фрли. Една ми бараше пари, не и дадов и у сред Центар почна физички да ме напаѓа. Минам си по маалото најнормално ми довикуваат зборови како: к*рва, ѓаурка, дој да те е*ам... Пријавувани се, џабе. Полицијата дојде и после полицајците си го добијат ќотекот. Имам пишувано за една случка со пиштоли кога пукаа. До тогаш и јас бев со исто мислење " не е фер системо спрема нив" ама испаѓа дека е обратно. Ромите имаат повеќе привилегии. Ни плаќаат вода, струја. Отидат на работа земат си кредит, фирмата им е жирант и не одат на работа пошто не смеат да ги отпуштат. On the bright side, знам многу Роми со големи амбиции и ги поддржувам. На татко ми лекарот му е Ром, купувам од ромска продавница. Не правам дискриминација од тој тип нити пак мислам дека се неспособни. Исто како што има македонци мрзи така има и роми. Само што, реално, ДЕЛ од ромската популација си имат некој филм во глава дека се многу доминантни и го прават ова див Запад.
Е па шо ти кажува тоа? Исто и за нас така вика некојси Петре кога ќе види малку живот преку барата. Ми ја разбираш поентата
Апсолутно точно. Да надополнам бесплатни курсеви по странски јазици од времето и денес, бесплатни правни совети, про боно екскурзии, ексклузивитет на неплаќање комуналии. Ова ако е дискриминација, тогаш не знам што е.
А бе шо збориш, не смееле да ги отпуштат. Значи апсолутно не е точно. Имаш примери, во ред. Сакаш примери кај што се понашале океј, а ние сме биле ко копилиња спрема нив? Пошо и од тие примери има милион. Во болница ром да лежи, некои сестри со гнасење го гледаат? Во советувалиште ги мерат бебињата ромчиња сосе пелена пошо не знам што мислат дека ромското гомце е различно од македонското?
Точно е дека имаат карактеристика да си создаваат општество во општество. Но, сепак мислам дека во странство тоа се првите генерација-две кои нема да се интегрираат. Сепак таму функционираат законите и би проработело социјалното доколку се злоупотребуваат децата. Не знам, можеби грешам. Позитивна дискриминација е во ред до одреден степен, при упис на факултет, вработување... Сепак постои лоша стигма кон нив која треба да се разбие. Ама обид за интегрирање е потребен од двете страни.
Вклучени се оние што сакаат да бидат. Во Штип ги имаме многу. Некои кои ги познавам се доста добро прифатени. Доаѓа кај мене една жена која чисти и е многу добро платена, ја бараат многу луѓе, солидно наплаќа и морам да кажам дека е чесна и принципиелна. Има Роми по улициве кои просат, крадат, ми украдоа нешто и едвај ги фатив за да ми го вратат. Досадуваат децата за цигари, стојат пред сендвичари и ти го креваат сендвичот додека се свртиш. Тие не ни треба да се вклучени некаде. Ги имаме насекаде Ромите, но пак ќе кажам, има и чесни и нечесни. Ако сакаат можат сите да заработат и пари и да се школуваат. Нема потреба да ги третираме поразлично од другите, но самите тоа го прават.. Има Роми кои се и професори, има роми газди на одредени угостителски објекти. Не ги дискриминирам, а и не ми се чини дека некој вооошто ги дискриминира оние чесните. Имам многу против овие што крадат по улици што се влечат, и не ги жалам веќе, порано им давав по нешто, сега гледам дека не заслужуваат.