Девојки би ве замолила да ми препорачате розево руменило за лице, само да не се перлите од авон и орифлеим Многу ви благодарам и поздрав до сите
Gosh имаат преубави руменила. Имам едно од Deborah што не ми се свиѓа, некако е многу суво, мат, безвезно. Аура се исто убави, а и поефтини, само се многу пигментирани па треба внимавање при нанесувањето.
Си купив руменило од деборах и убаво е, од тие што се испапчени 390 ден. од космо, само ептен помалку треба да ставаш зошто многу остава боја ама стварно е многу убаво и нијансата ми се погоди меѓу розе и лилаво. Фала на сите што ми одговоривте. Поздрав
Девојки каде да си најдам руменило со светки, така праска боја да е,ама да е мрсно не од оние ептен суви со се.ги купив светкавите перли од авон,ама некако не ми се по ќеф ФАЛА ОДНАПРЕД
Го користам руменилото на Lancome и презадоволна сум. Ми одговара со тенот, а и сите ми го бендисуваат еве кој го интересира може да погледне овде http://www.lancome.fr/_fr/_fr/catalog/p ... =AXEMakeup
Извини не Голден роуз туку Габрини,баш проверив сега има дома.Габрини било,извини за погрешната информација.Побарај убаво е а не е воопшто скапо.позз
Никако не можам да си го погодам руменилото, па го користам тоа на мајка ми Инаку одамна е го нарачавме од Орифлеим, Џордани мислам се викаше и нежна праска нијанса е, не е многу нападно.
јас како поцетник во шминкањето би побарала помош од вас имам средно темен тен и сакам да купам руменило но незнам кое би ми одговарало мислам на бојата,а иначе имам слуснато дека биле добри на менхетен поздрав
Колку се отприлика на Гош руменилата И да ве прашам дали е убаво ова руменило на Орифлејм..Доста е намалено Oriflame Beauty Blush
Имам читано дека на девојките со темна коса, црна, темно кафена, повеќе им прилега руменило во розе боја. А на девојките со посветла коса - руменило со нијанса на праска. Така што внимавајте при изборот на бои. Јас одамна си купив една палета со руменила во различни бои и нијанси, па некогаш си правам комбинации. Бидејќи мојата боја на коса е светла, обично користам руменило во праска боја и имам едни бисери од Авон ама тие имаат сјај па ги користам обично за вечерни излегувања.
Jас користам перли на Џордани, кафено-розеви се боите, и сум задоволна многу, даваат свежина и потемен тен, дека јас сум со светол тен. А и еееептен споро се трошат со години ги користам. Иначе многу гледам една емисија за облека и шминка и таму препорачуваат розево или праска руменило, не кафено. И јас земав розе, си ставив и се газев од смеење колку бев смешна. Како селско девојче со румени обравчиња и го избришав и си ставив од перлите кај кои доминира кафената боја