Најправилно е на местото каде што обично поцрвенуваш природно. Тоа е и целта на руменилото - да даде природен изглед. Под јаболчниците обично се нанесува мат руменило неколку нијанси потемно од тенот за да ги истакне контурите на лицето. Руменилото во боја обично оди на самите јаболчници, но не преблиску до носот и превисоко накај очите. Во суштина и нема некое правило, секој нанесува како што му одговара. Пробај ти повеќе начини, сигурно сама ќе знаеш кој е најдобар за твоето лице.
Ова го купив јас, задоволна сум од бојата, баш нежно ми е, иако вака ептен розово изгледа, но не сум задоволна од неговото траење.. доколку го загледате и сакате да го купите, пробајте го прво дали ќе ви трае, пошто можда е до мене, имам мрсна кожа (ако тоа игра некаква улога..) ама јас не би го купила уште еднаш. Сакам да си купам некое како ова сега, ама да ми трае подолго, ова дури да излезам тука е, трае уште 1 час и после го нема
^^^Епа јас најчесто ставам розевкасто руменило - т.е. тоа се розеви перли меѓу кои има околу 10% бронзеникави перли. Јас ставам најчесто на јаболчниците и една другарка ми вика: „О, зошто таму си ставила? Па под јаболчниците се става руменило за да ти ги истакне...“. А јас па дека многу често поцрвенувам па затоа на јаболчниците ставам.
Ги користам перлите на авон и руменилата не севентин,задоволна сум.На Гош стварно не ми се свиѓаат,сакам да купам на Буржоа и на артдеко да пробам...кој има користено на артдеко која им е цената?знам дека е мн.квалитетна фирма,јас користев лакови неколкупати,долготрајни им се.
Руменилото ми е шминка за која не ми се даваат многу пари. Не дека квалитетот не е важен, но џабе скапо руменило ако не е убаво нанесено. Дури поважна ми е четката за нанесување. Некако се навикнав на руменилото на Аура - розеникавата боја. Сите други претходно некако брзо ми се замастуваа или имаа премногу светки. Плус е многу евтино.
Ако некој од вас ја има палетата на сенки од DOVE ,слободно нека ја искористи за руменило.ефектот е неверојатен а башка и светка лицето.Ми стоеше дома и случајно пробав дури и од моето буржоа незаменливо руменило ми се допадна повеќе
Дали дека не сум користела досега, ама розевите руменила ич не ми се допаѓаат. И мислам дека никогаш не би ставила такво нешто на моето лице. Ми делуваат некако пребебешки, кловновски, штознам, до мене ли е или само сум се навикнала на моите бронзени перли. Моите се Џордани, од оние најстарите уште од времето на мамичка, уште ме служат и не би ги менувала за ништо.
Само и само ова. И можда Ланком, ама немам руменило туку во компактот што го имам си има помало, и тоа е исто прекрасно. Инаку ставам минимално. Сакам да изгледа природно, а не шминкано, не само руменилото, воопшто кога користам шминка. Нема нешо шо мразам повеќе од руж што се познава, па уште шеснаес подлоги ако има и три руменила демек ваму светло таму темно, абе ај (скраја да е плус солариум на ова). Сакам да ми дише фацата, не да си ја осеќам шминката. Плус една неам видено да знае два посто да погоди од ова, увек се познаваат ивици де на пудрата де на ружот. Од километар изглеа убаво, да се приближиш, тапацирано. И избегавам да се поздравам во образ со такви, копија ми има останато на образ.
До сега немам користено руменило а во план сум да купам и ме интересира која е разликата помеѓу овие руменила Дали е подобро во прав или во топчиња и во што се разликуваат ?
порано користев од орифлеим (од џордани, на попуст го зедов), и ми беше супер, а, отпосле како да не ми беа истите перли, како да го загубија квалитетот..... потоа од дебора купив (околу 700ден), убаво беше руменилото, но многу ми сјаеше на лицето..... сега за сега имам од лореал и дефинитивно сум најзадоволна , се многу поскапи, ама и трајни се, па ми се исплаќа....
Девојки знае ли некој кај можам да најдам руменило во праска боја, имам многу бел тен и темните бои не ми стојат ко кловн сум. И да не биде со светки значи сакам мат боја и онака имам мрсна кожа. На интернет барав, од MAC има едно многу убаво руменило во нијансата што јас ја сакам ама има ли некаде кај нас од MAC производи? ( и да има сигурно ќе се бледа копија ) Ако сте сретнале некогаш руменило во мат праска боја од која и да е фирма кажувајте зашто јас до сеа не сум ни купувала руменила, понекогаш ставам од сестра ми навечев ама тие кафените нијанси бе не ми стојат, не, не и не... Е вака нешто да биде
Користам руменило на Deborah розева нијанса и сум многу задоволна,одлично е дава многу природен изглед,а и многу споро се троши го имам можеби една година и ни половината не е потрошено.
моментално имам руменило од bourjois i golden rose и мозам да кажам дека 2то ептен ми е поубаво , посјајно е , поефтино и има поголема грамажа
Jас моментално имам од Mac,купив на дјути фри,многу убаво е,и дава убав сјај Hекоја праска-розе боја е,еве го