Викторијас сикрет. Поубаво не сум имала,предобро е. Мислев дека Буржоа нема да го сменам ама ова е ноу комент :up: Кој пробал-знае
не се сомневам една од најубавите колекции но добар дел од тоа не е достапно во мк и е прилично скапа за наш џеб. еве малку да уживате во шминката на Викторија сикрет и тоа како ги шминкаат со истата колекција. http://www.youtube.com/watch?v=jbdGjyPj ... rofilepage многу убаво, според мене овие модели се најубаво нашминкани, секогаш свежи и мазни во лицето.
Ги фалите и фалите и решив земав розевкасто потемно Bourjois blush rose de jaspe 95. Али мора да признам дека одвај го купив, многу малечко за таа цена, ама пуштив срце ај и онака руменило со години не сум купила скапав со перливе кафеавкасти
И мене Роси малечко ми се виде,ама премногу го сакав,и кога ќе видиш веќе неколку месеци 5,6 дали пола се има потрошено,а пази секој ден ставам,некогаш по 2,3 пати.Јас ја имам peche нијансата ,и супер ми е,ама ете сега го заменив за ова на Викторијас :up:
Роси, без гајле, ќе ти трае дооооолго! Освен розевкаста, следен пат пушти срце и за праскеста нијанса, кафеавкасти перли веќе имаш, па ќе си имаш избор
Јас константно си ги користам тие на Буржоа. Еве баш денеска си се подновив со едно. Второто во прв ред,32ката.Некоја праска боја,баш е симпа. А и ми одговара највеќе бојава со тенот. Порано го користев тоа првото во трет ред 35ката,така кремасто,малце светкаво ...најубав руж досега што сум го користела!Ама више го нема бе,се разочарав ептен. А баш гледам тоа Лилит што го постирала на Мејбилајн е таква нијанса,па ако ќе може да ја сподели со нас,би и била врло захфална. Иначе Роси да не жалиш за парите,можда изгледа мало али трае долго,а и на лице не се брише брзо,одлично е. Исто и Севнтин да ги пофалам за руменила.Неколку пати имам купено и екстра ми биле.Плус не се ни скапи нешто а и убави нијанси имаат. Аааа,и Гош имам е вакво,убаво е ама па многу брзо исчезнува,после саат два као да не си ставил,а баш ми е во јака боја моето.
бр.3 тоа е некоја нијанса на праска така нешто, пред некое време го земав и сум премногу задоволна и од бојата и од квалитетот, руменилото како ќе го ставам така стои се додека не го исчистам лицето.
Тажна сум зошто само јас не можам да дадам позитивен коментар за буржоа. Многу ми е тврдо и не ми пушта,ама ич.Тоа малце што ќе пушти душа да го даде,брзо се брише.
во шутка има вакво слично (изглед) 70-80 денари е, прекрасно е тоа руменило има и на розево и на кафено и мешано, абре секакво, така да за тие пари вреди да се проба вака нешто му е кутивчето, инаку мене ми се потроши дури 2 имав, сега ако ме дувне ветер натака обавезно ќе зеам дури 3 , ем пушта боја, ем долго стои, по тезгите ги има, само таму сум ги видела
Лилит ма заштооо си толку лоша,oдговори ни за тоа на Maybelline кое бројче е пааа . Не напали сите и сеа си ќути ејјј итрица!
Купете си го руменилото од Аура - издржува и убаво го прави лицето Е сега за цената не се сеќавам, ама не беше скапо сигурно.
Вчера го купив ова на Essence - How cute is that бр. 10, и задоволна сум. Јас не сакам нападни руменила, ова има некоја мнооооогу нежна кафено-розеникава праскеста боја (ама објаснив), ама навистина е такво и многу малку пигмент на светки. Дискретно, слободно може да си ставите и повеќе и воопшто не изгледа вештачко и нападно. Цената му е 210 ден, и од овој тип има уште една комбинација, ама со росветли и порозеникави тонови. Ги гледав и нивните, околу 300-350 ден, убави нијанси имаат, ама не сум ги пробала на себе. Многу зависи како руменилото ќе прилега на тенот и колку ќе стои и од пудрата. Јас си имам забележано дека истото руменило врз две различни пудри - има и различен ефект.
Супер се овие руменила јас го имам ова како што рече трендафилка дискретно светкаат,трајни се.Многу убави нијанси имаат.