И јас ќе ги пофалам руменилата на Аура. Поточно овие, околу 230-250 денари се. Има дискретни ненападни светки. Доволно е пигментирано за да остави боја со еден потег, но не премногу за да остави кловновски изглед. Најпогодена ми е нијансата 541 Chianti.
И јас го имам истото ко Трендафилка, how cute is that само во малце по други бои Убаво остава и не е многу нападно да, заради тоа и го купив, ама ме нервира многу брзо се вади тоа му е маната само.
Имам светкаво доста,имам и дискретно светкаво,а сега сакам мат руменило,ај препорачајте ми некое,не прескапо,не мислам многу пари да давам на руменило,да не е над 400-500
Јаболчниците не ми се изразени, а малечка фаца имам. Никако за руж да се среди. Секогаш изгледав како кловн. Е сега, знаев дека најдобра варијанта ми е кремастиот руж. (ако претерам едноставно можам да ставам течна пудра над тоа, и да ја осветлам бојата, или тотално да се избрише.. ) Нејсе, си дадов шанса, и ме густа. Мнооогу маалку ставам, а и штом е кремаст, некако лицето го пие, и останува уште помалку, што е супер, комплетно се согласува со тенот, јаболчниците ми се поистакнати (they look rounder), изгледам поздраво (што е супер, оти имам жолтеникав тен, како да сум болна ), така да, ќе купам уште нијанси. Уште бронзер и таман.
Јас ке ти ги препорачам на Revlon matte.Ако не се лажам го има или во Шатци или во Космо Тинекс За цената незнам ама мислам дека не е над 500 ден.
Јас користам едно од Авон и воопшто не сум задоволна. Може ли да ми предложите некое квалитетно без разлика дали е од Авон или Орифлејм.
Јас неодамна купив на Аура руменило и супер ми се покажа . Цел ден стои , а мислам го земав околу 180. Е сега да ве прашам јас сум плава и имам светол тен , а ова дава некоја боја на праска , не сум ја утнала бојата ?
и јас имам светол тен и користам руменило, праска боја на Bourjois. Мене убаво ми стои верувам дека и на тебе нема да ти биде утнато
Јас сум презадоволна од руменилото на Севентин. Прекрасно е. Го имам Silky blusher No37 Festive Plum. Доволно е еден потег со четката да остави боја и не е прејако, има кадифена структурa, доволно е сосем малку да ставиш, дава убав свеж изглед. Речиси две години го имам, и речиси секој ден го ставам, како што можете да видите од сликите навистина долго ќе го имате. Девојката на сликата е со тоа руменило да видите како стои. Дека не можев да го најдам на нет го сликав.
Не сакав да ризикувам со скапи руменила па да ми стојат,сега за сега земав Голден роуз број201 и ми се допаѓа,убаво е,само еднаш поминувам,баш е убава природна бојата.Еве го,ми се допаѓа не с ебрише брзо
Користам перли, ми се допаѓаат, ги имам пред 2-3 неколку год. земено и уште не се истрошени. Знам дека шминката отприлика треба да се чува 3 год., а потоа да се фрли, ама се` уште не замирисале чудно. Едните ми се бронзени и тие ги имам земено од Орифлејм, мислам дека беа Џордани , ама не сум сигурна, еве вакви се. А другите што ги имам се од една парфимерија кај мене во населба, беа дупло поефтини, ама добри се...еве ваква им е бојата.
За секоја форма на лицето има посебен начин на ставање руменило. Еве слика па според формата одлучи на каков начин ќе ставиш.
Јас користам бисерчиња од Авон. Ма прекрасни се, даваат толку природна боја и сјај.. ги обожавам Еве баш овие ги имам, исти се скроз но ситни се, и тоа доста ситни, не се големки како на сликава. Сепак, не се трошат брзо и ќе повторам-воодушевена сум од нив.
Истите ги користам и јас. Ги имам и на розова нијанса и прекрасни се! Ми се допаѓаат бидејки немаат јак пигмент и делуваат природно, посебно преку ден. За вечерна шминка треба да се стави повеке што не ми пречи, но во никој случај со бисерчињава нема за изгледате вака
Женски знам дека ова не е руменило ама не можев да најдам тема за хајлајтер.Дали вреди да се купи ова чудо од менхетен?? Имам мат бронзер и розевко руменило, дали е потребно и вакво да ставам? На свадба сум ,а не ми се даваат пари за шминкер и решив да се подновам со поквалитетни шминки (а и ова скапо ми се виде во шатци е 600 и нешто ) Некој коментар ако го имате користено, дали вреди да го купам или да направам некоја комбинација со беж сенка како хајлајтер да ја нанесам?
Eве ги и моите исто така од АВОН ... Повеќе од задоволна сум ! Нежно изгледаат и сосема си природна,во никој случај не си нападна ...