Јас ги користам овие на Голден Роуз, но ги извадив поголемиот дел од розови топчиња, зошто многу на розе нијанса добивав, што не ми одговараше. Сега сум задоволна од нијансата која ја добивам, но дефинитивно тие од Авон се врв, подобри навистина немам користено и не верувам дека ќе најдам.
Го купив ова на Голден роуз, ко за дневна употреба, мат е, сликава не ја дава оригиналната нијанса, малце праскеста а розова е, ненападна, супер ми е, и што е најбитно таман ми трае на лице Е за 100 денари ми е кадекаде супер Додека не си најдам баш каква што сакам боја и да си купам поскапо, ќе ми лсужи добро и ова и перлите кои ги имам. А нив ги поделив на бронзени и розеви, па мешам, па ставам и од ова од Авон и добивам што сакам нијанса. Махер станав за мешање бе
Би ти препорачала да го земеш Giordani Gold розевото руменило. Имам кафено и розево. Не се нешто посебно, но задоволна сум
Девојкии, предлог за нежно розева боја руменило за светол тен? Дискретно и добро пигментирано. Нешто како ballerina pink на benefit dandelion, само не би ми се исплатело да го нарачувам на нет, па сакав некое слично на ова што би изгледало вака ?
Денес си го купив ова за само 155 денари, сакав по на розенишкаво и ова некако нај ми се допадна А инаку го имам и ова и кој знае колку многу години го користам и сум презадовлна
И јас ги корстам овие на Голден роуз, и сум задоволна, а тие од Авон, следни ми се за порачување, сите велат дека се многу добри.
јас го користам руменилото на буржуа Спојлер (мислам така се чита врска немам француски) Искрено сум ептен задоволна.
Ги има и во Зегин во сите нијанси, околу 230-240 ден. и се преубави. Трајни, убав ненападен сјај и многу природно делуваат.
Можам топло да ви го препорачам на флормар двостраното руменило,180 денари е,ама супер е. Јас имам малце потемен тен и супер ми прилега,иако е розе,а и на светол тен супер би изгледало. Малце порозеникаво е во живо.
Дали е убаво ова руменило на Авон, намалене е па се мислев да го земам. И ме интересира да ми препорачате некое кремасто руменило, значи не во прав туку кремаста структура. Имав едно добиено поклон, ама не е од тука го потрошив сега барам нешто слично многу повеќе ми се допаѓа ефектот на кремасто руменило одошто тие во прав.