Ги користам руменилата на Аура во розева нијанса Ептен ми се погодени,а летно време задолжителен е бронзерот од Gosh http://aka.media.entertainment.sky.com/ ... arls-1.jpg
Сакам руменило праска/бронзено и да има седефаст сјај,значи да светка малку но не со светки туку како сјај,како сенки што има.Валда ме разбравте Како на Кардашијан вака И да не е голден роуз,аура,кетрин арли и сл.зашто лицево не ми ги поднесува. Предлог?
Нај слично на ова мислам дека е Maybelline expert wear blush бр 45 можеш да видиш на нет има слики како изгледа п.с. има ли некој што е користел од орифлем руменило да каже какви се ме интересира тоа розевото а да ме посоветува некоја поискусна феминка какво да си земам немам многу светол тен ни пак многу темен (користам пудра на буржоа бр 53) дали розево дали некоја друга боја да си земам
Ги користев перлите на Џордани, па ми здосадија и го купив ова супер е, трае долго и тешко се брише. Го користев секој ден 3 години и не можев да го потрошам Сега ги имам розевите перли на авон, ама не сум многу задоволна. Некако брзо се бришат, а и не се познаваат многу, па се мислам кое руменило да го купам
Денеска си го земав бронзеров на Гош.Многу ми се допадна,конечно со златест сјај/шимер А,и доста е големко така да сигурна сум дека ќе го користам во следниве година,2
Сум ги користела и на Авон и на Орифлејм перлите не се лоши ама на Гош најубави се руменилата. Ама се премислив кога го добив подарок Макс фактор бронзерот, нема збор за сјај и издржливост, се чудам како ви се брише по цела вечер ми стои, а гледам да не ставам многу еве веќе точно година дена до пола ми е одвај. Е сега сигурно е сочна сумичка, ама тоа Макс фактор си е макс фактор по незнам кој пат се покажува дека е број 1 Следен ќе го пробам овој или Буржоа гледам доста го фалите
Ај препорачајте ми некое мрсно-кремасто руменило, зошто тие поприродно ми изгледаат од правкастите. Вака нешто да биде
Hазад во темава се жалев на руменилата на боржуа,дека не ми пуштаат боја,но сега сфатив дека до четката ми е,купив нова четка и руменило како се нанесува убаво,бојата е супер,а како ми е мака што толку време така стоеше A и четкичката што доага со руменилото и со неа не се нанесува убаво ,и со неа се имам отепано од пробување Mногу сум задоволна од руменилото на Mac-Warm Soul,преубава боја има,некакво праска-кафеава боја,и малку светки има(ненападни) ако имате некој во странство да си го порачате одлично е Eве вакво е Спојлер Mе интересира какви се руменилата на Loreal,убави се?
И моето на Буржоа не чини,пффф.....не пушта боја,со 5 четки имам пробано бе луѓе,и тоа убави четки.Го протривам со палома за да ми пушта,али на секое така па тоа не е работа.Ме разочара.Подобро се покажа тоа на Флормар и на Есенс него ова а дупло е поскапо.Ама на есенс пак руменилата не траат ич.
Аман бе девојки баш се токмам да го купам, а вие почнавте да се жалите од него. Ке ме пишманите изгледа хммммм.....
Девојки а дали препорачувате употреба на руменило за лице со акни ? Јас баш на образите имам и незнам дали ќе биде тоа добро за кожата.А и еден шминкер ми рече дека тоа повеќе ќе ги истакнело и затоа мене не ми стави кога ме шминкаше. Има некоја девојка искуство ? И ако користела , кое руменило го користела ?Мислам дека минералните најмногу би одговарале...
Моето навистина не чини,и јас едвај чекав да си го купам кога пробувам дома што да ти кажам,ама сум се нанервирала.Па скоро 500 ден.го платив а да не чини...Ете на некои им се погодило,незнам зошто некои се фалат некои се разочарани како мене. Пробај можда ќе имаш среќа,што да ти кажам...ама ако не се погоди криво ќе ти е.Јас уште еднаш не би ризикувала со Буржоа руменилата.