Да и јас сакам ама нема, а и да има кај нас цените би биле соленки за да може секој да си ги дозволи.
Така и си мислев...штета баш би сакала да ја пробам [/quote] Да и јас сакам ама нема, а и да има кај нас цените би биле соленки за да може секој да си ги дозволи.[/quote] Се согласувам дека би биле малце превисоки за наш стандард Ама сепак барем нешто би си купила Ај во блиска иднина ке биди и то.Ке го има и кај нас
^Ќе ви се вмешам малку, за Маc производите, и ќе надополанам дека нема да бидат малку високи туку ќе бидат вртоглаво луди цени за руменило, кармин, било што. Рамо до рамо се носат со Диор и компанија. За мене тоа се луди цени за наш стандард, воопшто за балкански, па можеби и пошироко. Една продавачка ме убедуваше дека 3500 за сенка на диор не е многу. Златна сигурно не е! Квалитена е сигурно, но има и други со задоволително добар квалитет со каде каде пониски цени. Сепак не сме Холивуд и не ни е потребна до толку добра шминка
Јас нa подарок добив руменило и две сенки од MAC. Сенките се високо пигментирани и многу убаво се мешаат со други бои, веројатно затоа што се и такви неутрални нијанси. Руменилото е во некоја нијанса меѓу седефасто розево и кафеавкасто, ambering rose е нијансата, и остава толку убав сјај на образите, што имам желба секој ден да го шлакам по лице. Јас немам користено поубаво румнило, ама вистина е дека со некои далеку поефтини производи може да се постиге сличен ефект. На ebay руменилото на Мас се наоѓа и по 14 долари, ама не знам дали е за продажба на големо, а на офцијалната страна баш ова руменило е 20 долари.
за да може да ти помогнеме како да нанесеш треба да знаеме каков облик на лице имаш , ако не си срамежлива и доколку немаш проблем со откривање на идентитетот постирај твоја фотографија или пак постирај облик на лице од некоја личност(глумица , пејачка///) што има сличен облик или потруди се да опишеш ... па ќе пробам да ти објаснам или евентуално да ти пратам некое видео од нет од девојките кои ги следам ...
Mу го имам фрлено меракот на ова руменило од Benefit се вика Sugarbomb,само ке си почекам малку да си присоберам парички,оти 50 долари е Eве видео за каква боја на кожа,какво руменило одговара http://www.youtube.com/watch?v=Ao468V-pqgk
руменило епа повеќе обожавам перли имам и на авин и на орифлејм ама од тие џордани голд на орифлејм суп пре задоволна
Pевлон имаа нови кремасти руменило,од Photoready линијата,денес гледав дали ги имаат донесено кај нас и ги немаше Mногу убаво ми изгледаат,едвај чекам да ги донесат
Го користам руменилото на Севнтеен. Го имам веќе 2 години и сосема малку е потрошено. Во убава розева нијанса е. Долготрајно е и му дава свеж, пријатен изглед на лицето. Каде и да е ќе треба ново да си купам заради рокот на траење. Најверојатно пак истото руменило и истата нијанса. Имам прилично блед тен и само ова е блиску до моето природно `вцрвување` на лицето.
Ги користам руменилата на АВОН и бронзеното и сјајните перли можам да кажам дека се преубави посебно сјајните за летово. Со перлите имам една тајна кршам (дробам) по едно топче од сите нијанси и низ перлите добивам и руменило во прав за да може полесно да се нанесува за да не морате со четката сто пати да вртите во него .
Moже 180? Флормар имаш и двобојни, и еднобојни а се одлични. Јас ова го коритам и сега за сега ми е погодено, посебно за летно време сакам да изгледам што поприродно и ова ептен ми одговара и сто зачудувачко долго време. Ма презадоволна сум, мислам дека до сега ми е најпогоден руж, и лично и бојата си ја погодив, ама ни маркава не е лоша. Незнам можеби тие со една боја само се повтини но до кај 200 се сигурно максимум. На Голден се поветини ама сум ги пробала, посебно перлите според мене се сра*е во боја.
Спојлер Фала многу Ќе го побарам ова, убо ми изгледа. Досега користев од Голден Роуз, ама не перли, задоволна сум. Само сега сакам да сменам малку, и боја и фирма
Руменилово со две бои праска/бронзер е прекраснотии.. и јас го користам и на сите го препорачав.. ефтино, трајно и многу убав ефект дава