Девојчиња, што бројче е двобојното руменило на Флормар? Она кое го постирала Хипстер. Ми фати окце, посебно оваа праска бојата. За неа и ме интересира ако знае некоја да ми каже кое бројче е и да си го земам. Баш сум за ново руменило периодов, а оние на Есенс сомнителни ми се, не знам дали ќе си ја погодам нијансата. А уствари комбинација е од руменило+бронзер или?
Двобојното руменило од Флормар е број 115. И јас го користам и сум пре, презадоволна од истото. Едната боја е убава праска нијанса, а другото мене ми делува на бронзер, кафеавкастото. Како и да е, за тие пари вреди, и тоа многу. Јас го имам веќе 8 месеци и абер нема да се потроши, а секој ден ставам од него. Дава многу убав ефект, трајно е, и дава малку сјај на образите, но не премногу, баш колку што е потребно. Некогаш си ставам само од праска бојата, некогаш комбинирам, а некогаш па само од бронзерот. И да напоменам, воопшто не делува вештачки ако се нанесе само бронзерот, бојата не е претемна и стои убаво на секаков тен. Ако си за земање, нема да се покаеш
Си купив минатата недела на дебора, мат, нежно розево. Многу е убаво, трае цел ден. Претходно користев на гош ама ова ми е подобро
He знам како да го наречам постов први импресии или ревју Пред неколку дена или недела пишав дека ги порачав руменилата на Mејбилин тие баунси и ми стигнаа Прво ми се допага пакувањето,мало е и практично,но не ми се допага текстурата\производот внатре,како тесто за леб е некако и пробувам да не го чепкам многу,оти после на лице нејкам да го ставам. Земав три руменила,едно во корална боја,мава накај праска,бебешко розе и другото ми мава на виолетово. Спојлер Coral candy,Orchid Hush и Fresh Pink Hајмногу ми се допага бебешкото розева(фреш пинк) Hегативна страна:не се многу пигментирани и не пуштаат многу боја и до крај на денот не се познава ништо на лицето т.е образите Спојлер A денеска земав и на Hарс,колку се пигментирани Tреба да се пази колку се нанесува :geek: ќ
Kaко сте задоволни од руменилата на Флормар? Сакам да го земам ова ,нијанса 88 најверојатно. Пигментирани ли се, дали се постојани?
Јас го имам руменилово и можам да препорачам. Јас сум презадоволна од него. Ми го дадоа на поклон ама ми се чини дека е околу 400 и нешто денари. Ќе ставам на раката да видите како изгледа на кожата. Едит: Читам наназад дека не е доволно пигментирано. Ова моево е 16 rose coup de foundre. Јас го користам со четкичката која е внатре во руменилото. Да не е случајнио до четката? Штознам јас сум задоволна од тоа колку нежно изгледа на кожата. Пробав да сликам ама подобро ќе биде утре на денска светлина.
Сеа у Сесилија стил да ви вратам, е не е на Хипстер,мое е, ај видете кој го постирал таму прв уште зимата,еве тачно 11 февруари! Се зезам,се зезам. Стварно убаво руменило. Ама не е за исончана кожа,лошо изгледа праскестото,ама тоа бронзерчето е супер,па така што,баш за сите сезони е,исплатливо нешто. Кога ќе опадне сончаното,на природен тен многу убаво изгледа,па дури и на потемен тен како мојот. Уствари ете сум пишала.
15 долари за MAC и не е многу, тоа е фирма бе, фирмиште. Hи Mакс ни диор ни никој не може да им се рамни Jас ги имам на Aвон и Oрифлејм, за таа цена се глупави. Jас сум си задоволна од Kинеските, на баолиши, абе супер си се вака се слични без огледалце,и прозирен капак, ама тешко се наоѓаат ко алва си одат
Не можам да си најдам совршено руменило, моментално користам од Кетрин Арли ама не сум задоволна. Препорачајте ми некое убаво и ефтино ?
Која е разликата помеѓу овие две руменила? Кое е подобро? Јас сакам да купам некое светло розево или праска боја зашто имам светол тен
^ Првото ти е камено, а второто ти е кремасто. Мислам дека многу подобар избор е првото, подобро ќе успееш да го размачкаш. Кремастата текстура не ми е погодна воопшто за руменило. Конкретно за тоа на Буржоа имам прочитано многу позитивни критики на форумов
До сега немам користено никакво руменило, ниту за некоја посебна пригода, но добив некоја желба па би сакала да ми препорачате какво руменило да си земам? Да биде пристојна цена, бидејќи не ми се тупнуваат многу пари за руменило што верувам дека нема да го користам секој ден.
Еве јас да ти препорачам едно руменило Тренди се вика и е 130 ден. многу убаво е . Убави се и тие на Боржуа ама се многу поскапи.
Од Флормар, има и еднобојни, има и со две бои (едно како бронзер, и другата половина е боја) преубави се.. дискретни, ненападни со убав сјај.. го имам испофалено и претходно.. јас го имам купено на попуст, но не верувам дека е повеќе од 200 (и нешто) а ќе го користиш долго време, можеш и само бронзер, само боја или пак заедно.. (сега мислам се во друга боја на амбалажа )
Од Флормар, има и еднобојни, има и со две бои (едно како бронзер, и другата половина е боја) преубави се.. дискретни, ненападни со убав сјај.. го имам испофалено и претходно.. јас го имам купено на попуст, но не верувам дека е повеќе од 200 (и нешто) а ќе го користиш долго време, можеш и само бронзер, само боја или пак заедно.. (сега мислам се во друга боја на амбалажа ) [/quo Фалаа )) Една другака знам има руменило од Флормар но не е вакво двојно, и сакав само да прашам дали е како кремасто руменилото и каде точно можам да го најдам ?