Има и со една боја и вакво, иначе се во “прав“, со четка се нанесува ги имаш во Веро Центар и Рамстор како штанд се во холот, има во Шатци, Јуник (ако си од СК).. и мн споро се троши бај д веј.. го имам од март можеби, секој ден ставам (па и по два пати) абер нема, ни до пола не е
Не сум многу голем фан на руменилата за луце и не ги користам многу многу. Сакам пред се да биде во некоја нежна боја, да не се приметува многу, чисто онака да не бидам многу бледа само со пудра и нанесувам многу малку. Ми се допаѓаат на Буржоа, го користам тоа праска боја што е http://1.bp.blogspot.com/-Nu5HlcU3brY/T ... h+pots.jpg Го имам и ова на Лореал, ама не сум задоволна, не се нанесува убаво кога ќе ставам се нанесува само на едно место и соти така ко дамка,а не ко руменило, многу ме нервира
Јас користам од овие на дебора од скоро и прв пат до толку да сум задоволна од руменило, ептен ми е погодено
Essence silky touch blush, 20 babydoll (од лево на сликте) и 10 adorable (од десно на сликите). Очекував помалку добив повеќе. - Мека свиленкаста текстура - убво се блендаат и даваат рамномерна боја секаде - доволно пигментирани, бојата може постепено да се појачува така што не постои ризик од кловн образи - нијансите се мат и изгледаат многу природно на кожата - боите се ептен погодни особено за луѓе со слетла кожа - одлична цена - 195 ден.
Многу е добро руменилото. И јас го имам скоро две години и уште го немам потрошено. Цената е 490 денари, меѓутоа се исплати за парите бидејќи трае прилично долго време. Ви го препорачувам
Ми треба совет, помагајте! Праскасто-розево мат руменило? Ми здосадија перлите од орифлејм а и некако темни ми се за во зима па се мислам што да купам.
^ Тоа од Флормар, го препорачаа многу девојки, а има и пристапна цена. Вака на слика го има низ темава многупати, ама бројче бре девојчиња, ако не ви е тешко. Никој не видов никогаш да напише бројче за тоа двобојното на Флормар, тоа праска-розеникавото.
Имам пишано бројче наназад, знам баш Мишелка прашуваше Двобојното руменило на Флормар, тоа со праска боја+бронзер, е број 115. Од двобојните имам видено на нет многу нијанси, ама мислам дека кај нас го носат само ова, бр. 115, така да нема шанси Детелинка да го утне Инаку, руменилото има многу дискретен сјај. Не е мат, но не е ниту премногу сјајно. Сосема малку, колку да даде здрав сјај на образите И само да кажам, и еднобојните руменила на Флормар се многу убави. Мат се и има прекрасни нијанси. Јас користев една розевкаста, пудреста нијанса (леле, описов ), нешто помеѓу беж и розова боја и беше преубаво. Тоа не знам што бројче беше, ама сега се потсетив на него, ќе одам да си го земам деновиве. Паметам убаво дека беше 135 денари ~ Едит: Сега ми текна дека и Дебора имаат убави мат руменила, ако не се лажам чинат околу 400 денари.
Ги користел ли некој новите мали перли на Орифламе -Џордани и како сте задоволни? Јас до сега имам користено само од поголемите перли на Џордани, а сега гледам во каталогов има попуст со четка се 650 ден. И воопшто како сте задоволни од ситни перли?
Минатата недела го добив на поклон Флормар руменилото,од блиска пријателка и искрено мене ме разочара .Инаку планирав сама да си го купам,ептен го испофаливте,и бев радосна кога ми го подариј,ама џабе.Мене воопшто не ми се познава бојата кога ставам од него,нити пак нијансата е таква како што изгледа,сосем друга ми е на лицето. Викторијас Сикрет ми е при крај,Буржоа за тие пари не е посебно нешто,може ќе земам Голден роуз гледам имаат со светки.....Ако имате пофалба за руменило со светки (дискретни) -бујрум
Имам руменило од miss sporty,avon(перлите),essence и catherine arley.Најзадоволна сум од есенс и мис спорти,од Авон убаво е,најчесто го комбинирам со друго,а исто така и кетрин арли.За тоа од кетрин не очекував дека ќе биде убаво. Од мис спорти го имам тоа на крај-десно
Руменилата на Аура, ако си за розева нијанса - Chianti, ако си за бронзеникава - Marthini. Долготрајни, пигментирани, дискретни светки, економични, долго траат. 230 ден. во Зегин. Постојано ги користам, и јас им се намерачив на Флормар, ама сега кога те прочитав ... Изгледа пак ќе си купам на Аура.
Наназад го имаа пофалено руменилото на Есенс- silky touch blush, па да си кажам и јас. Нема баш изразени светки ама не е ни ептен мат. Прекрасно е, доста пигментирано, лесно се нанесува на образите, издржливо- ми издржува цел ден, препотување на журка и последното снежна виулица. Имаат многу природни тонови и на розевкасто и на поземјени тонови. Дефинитивно дава природен изглед. Цената не ја знам точно ама е околу 150денари мислам. Топло препорачувам