секогаш користам бронзеникави нијасни,не темни ама сепак такви некои бои на руменило,па сега сакам да испробам некое за fresh look знаете на какво мислам?....не сакам да биде апла розево нешто како праскесто розеникаво не знам како да објаснам,ако знае некоја од вас таква нијанса нека ми посочи
Mи падна во очи, сега 500 денари е, ама за Hова година ќе си го купам,наместо облека Hајвеќе ми падна во очи тоа дека 3 години некои феминк го користеле, епа се исплати ако е така Mи се гледа дека е доста убаво
На Catherine Arley се одлични! Сестра ми е зависна од руменило и не можам да ја одделам никако од ова. Го преферира овој преку MAC. Што значи чудо е! Има добра пигментација и кога ќе се видите во огледало после 3-4 часа се ќе ви има паднато од лице, ружов не.
Го користам руменилото на Flormar, и сум презадоволна од него.Трајно, доволно пигментирано, и не те прави како кловн. Мојата опаковка е розева. Користам едно на Fashion&Friends, многу ми е убаво, една убава розева нијанса, исто доволно пигментирано. Tука изгледа кафено, ама воопшто не е такво.
Му дојде ред на руменилото на Флормар, 172 ден. во Веро центар, на нивниот штанд. Перфекција за тие пари. Сум пробала поскапи, а далеку полоши руменила за лице. Во розева опаковка е само, сакаш розе нијанса - бујрум, сакаш на кафено, а ако се блендираат двете, се добива некоја нежна праскеста боја која дава толку свеж и природен изглед, жими се` потсетува на бонбона. Јас го препорачувам, си купив и нова четка, ми се погоди ептен. Многу добро руменило. Ѝ благодарам на Лепа која ме убеди да го купам.
Да не знае некој кај можам да најдам руменило за лице на флормар во КИЧЕВО најдов на едно место од оние теракотни мешани што се али не ми се убави тие.хелп плс
Исто и јас го користам руменилото на Флормар и сум презадоволна, а земав и таква нијанса, многу нежна и сосем природно делува Додуша тука видов дека го фалеа, па го земав и јас Убавко е руменилото
Одамна го имам земено руменилото на Флормар, го земав од Шатци, мислам беше некаде отприлика околу 200 и нешто денари
Голден Роус руменило користам и мислам дека поубаво нема околу 300 ден мислам дека го платив ама долго се служам со него.
Јас си ги земав перлите Џордани од Орифјелм. Порано многу ги сакав, но неколку години немав купено незнам зошто и сега кога ги начев во понуда заедно со четката не се двоумев да си ги купам. Многу убава боја пуштаат, нежно бронзена пропратена со нежни златести светки, многу гламурозен изглед даваат. А и четката е преубава и пренежна. Многу сум задоволна од овој производ на Орифлејм
како сте задоволни од руменилата на фломар и есенс?кое е подобро? си дојдов во МК па додека сум тука да си купам нешто за по-евтини пари
еве си се подновив со ново руменило , во розевкаста боја , не сум користела производи на Менхетен па да видиме дали ке бидам задоволна
во Битола каде ја има козметиката на Флормар?пошто читам многу девојки го фалат руменилото па ај си викам да го испробам која му е цената?