Да ги пофалам руменилата на Catherine Arley :up: Го зедов бр 3,200ден ,сосем ок цена. (Кога ќе споредам за Буржоа колку дадов а нема врска ) Еве ова е мојата нијанса,кога ќе се стави се добива праска нијанса(иако вака првично мислев ќе биде на розе,ама не) и дискретно свети.
Девојки, сакам да купам руменило боја праска, експериментирам со години никако да го погодам. Сакам праска и мат! Ако некој има користено, нека ми препорача
Немам време многу да прелистувам по страниве, но да ми препорача некоја руменило светло розово, или праска боја, да нема светки.. значи прилично да е мат, или барем мааалку сјај да има, по поволна цена фала однапред
има избор и мислам дека се негде до кај 200 ден ама не сум сигурна, ама ја кога барав само од нив ми кажуваа крем руменила и не се нешто посебни не оставаа ич боја како да немаш ставено, неможам да си најдам убаво крем руменило и ако не најдам на крај ќе земам кармин и од него ќе ставам
значи читам и гледам дека сите сте го испофалиле руменилото на Flormar.....е сега ме интересира каде можам да го најдам ова чудо од руменило во Битола?а како шо читам има праскаста боја....таман како шо барам
^ И мене ме интересира истото а и да прашам дали некој го има користено ова руменило на Голден роуз. 10 Peach Glaze
Девојки ми треба руменило кое оди со добра четка. Ми треба за во чанта, а да не влечкам дополнително и четка со мене. Кое би ми го препорачале до кај 350 ден?
Марамке руменилата на Боржуа. Пред се бојата е толку нежна и вкусно и умерено изгледа, што дава можност и преку ден да имаш руменило, а да не си нападна и со некој џишка тон. Како марка се доста квалитетни и досега не сум имала проблем со нафрлање или слично, имаат голема палета на нијанси, го користам со сестрами турбо и абер нема од трошење, и е мало практично пакување и за патување, и за ташна или несесер. Јас го купив од Шатци после толку позитивни коментари на форумов и сум презадоволна. И оди со мала четкичка која лично јас баш таа ја користам бидејќи ми е како мера за ширина на нанесување. Моето е 95 rose de jaspe и цената му беше околу 400-450 така нешто, ама вреди и трае. Посебно м се допаѓа малиот сјај кој го остава со што ми заменува бронзери и додатни работи.
На флормар единечните.Мислам дека одат со четка.Јас го имам двобојното и сум презадоволна. Ми трае година ипол и нема абер да се потроши.
Руменилата на Буржоа моментално се на акција во ДМ на 29% попуст, околу 330 денари се.. Попустот ми се чини дека е до 25ти Март.. За четката која оди во руменилото има најразлични коментари, лично јас ја користам долго време и ептен ми е погодена, мислам дека со друга четка нема да знам убаво да си нанесам.. Инаку во пакувањето има и огледалце, мало ама практично.. И руменилава имаат неверојатно добар мирис..
Еве и јас да го пријавам руменилото од флормар бр.115, тоа што го испофаливте сите Ни на крај памет немаше да ми текне да барам руменило од оваа фирма ама читајќи тука си реков ајде ќе го пробам. Го земав, а не го ни пробав воопшто бидејчи малку сум тапа кога е у питање руменило И импресии: убаво, долготрајно, двете бои кога ќе се измешаат се добива една убава праска боја која што дава прилично свеж и здрав изглед, а и цената - 180 денари. Топло го препорачувам
Ужас! Нит боја остава по размачкување, а и да остави малку, лицето го прави суво некако. Не вреди ич.