Значи се нервирам што никогаш не можам да си погодам руменило за мојот тен и за џабе само фрлам пари...Последно сакав розево руменило и барав и најдов само едно во перли арно ама испадна дека е лилаво ...А инаку имам среден кон темен тен и најчесто си користам бронзер...Ама па не одговара за секоја прилика,за денски излегување па и за на зима некако бронзерот не ми оди во комбинација...Ај некое советче
Исто и јас имам таков тен и ти го препорачувам руменилото од Риммел, на претходната страна имам напишано за него. Исто добри се и руменилата на Флормар, (150-200 денари) што се продаваат на штандовите во Рамстор и во Веро, тоа големото, мислам Веро центар го викаат. Еве ти нијанси на Флормар:
Ја си земав Кетрин Арли 01. Ми одговара,онака... Пошто руменило не користам,само ќе ми треба за неколку пати,супер е ова 180 денари.
Се согласувам со Лепа во врска со руменилово. Веќе 2 недели откако го користам, навистина сум презадоволна од тоа како изгледа кога ќе се нанесе на образите.
Јас имам едно прашање. Смешно или не, јас незнам дали бронзерот се користи исто како и руменилото, на образите или има повеќе намени? Бај д веј, препорачајте ми некое, лето иде, а и одамна бронзерот ми стои на список, никако да го купам.
Многу е убав бронзерот од Макс Фактор (околу 350ден. е). Јас го користам на пролет, лето, зошто многу потемнувам од сонцево, и повеќе ми одговара бронзер, наместо руменило. Лани од Есенс имаа многу убави и интересни бронзери, ама веќе се потрошени, па што ќе донесат допрва, не знам. (нели знаат да донесат нова козметика, а некоја стара да не ја увезуваат пак). Исто и од Севентин гледав многу убави бронзери, тие кои ги користеа изгледаа одлично. Јас лично сум немала. (мислам дека беа околу 500 ден., ама големи беа)
Лепа јас го нанесувам на цело лице и малку на деколтето за вечерни излегувања. Т.е јас во лето после сунчање само бронзер употребувам не се шлакам со пудри дополнително. Поретко нанесувам само на образите затоа што повеќе ми се допаѓа ефектот што го дава кога е на цело лице нанесен, ама кој како си се свиѓа, на кого како му стои, и така и така може, нема некое правило. Ти го препорачувам на Лореал: Го има во две нијанси за плавуши и бринети Тоа за бринети јас го имам користено, поинтензивно е во споредба со тоа за плавуши тоа и повеќе на розево мава. Не е ни многу јако како на пример ова на Гош: Ова премногу боја пушта, а јас несакам таков ефект, претемно е за мојата кожа дури и кога сум сунчана. Аура имаат интересни бронзери само многу малку сјај некако ми имаат онака на изглед по мат ќе да се колку што сум забележала од око. Некој ако има искуство нека сподели затоа што прифатлива им е цената околу 300 денари ми се чини, а во однос на грамажата би рекла и дека се поголеми од Лореалов Како и да е не верувам дека ќе го сменам затоа што со него си го добивам посакуваниот ефект, цената му е околу 700 денари. П.С. Мислам дека има посебна тема за бронзери па нека се премести мислењево ако треба
Имав преубаво течно руменило од Есенс, но повеќе не го носат. Дали знаете за некое течно руменило, кое е убаво, ама не е прескапо ? Ефектите кои ги имав беа неспоредливи со камените руменила. Лицето ми го правеше многу посвежо, посјајно и поздраво.
^Јас го имам Кетрин Арли бројче 1,ептен ми е погодено.Првпат кога ставив,толку не ми се допаѓаше.Ама после...омилено ми стана.180 денари е
Скоро почнав да користам руменило за лице да не кажам редовно Последно го земав Ideal Luminous - classic aura од AVON и сум презадоволна!
Јас го користам моментално руменилото на мејбелин fit me Прекрасно е и трајно, со малку светки! Добро е и малото четче што оди заедно со него. Од кога го земав ова ги запоставив перлите на авон и џордани.
моментално и то а при крај е мојот гос убаво ми е али ке треба да си купам ново бидејки ми заврсува сега сакам да сменам со гос ама немам идеја каквод а си земам
Јас го имам розевото и искрено задоволна сум. Пред да го купам слушнав и негативни критики ама јас лично задоволна сум од него
Го земав и јас руменилото Fit me, на Maybelline. Light pink нијанса, совршена за мојов светол тен. Долготрајно, дава на свежина и има одлична четкичка. Препорачувам, особено за оние со посветол тен е must have. 400 и нешто денари во ДМ.
Не е лошо, ама очекував подобро искрено. Прво е премало, околу 280 денари е ама за таа цена на флормарот е дуло поголемо. Убавка е бојата кога ќе се спои, малку понежна од што замислував. Само се надевам дека ќе е трајно барем. Сепак се останувам на мислењето дека од руменилата на Флормар, за таа цена, нема подобри, измислени се, посебно тоа праска боја со другат половина дискретни светки.