Jас го пробав руменилото на Bикторија Cикрет . Aууууу, нешто совршено луѓе, немам збор! Mе интересира дали го има кај нас, и која му е цената
Феминки, јас до сега немам користено многу руменила, само едно имам купено и тоа се перлите од Авон но некако премногу се розови за мој вкус, убави се, додржуваат доста но премногу се розови, како кловн сум, многу се пигментирани па си барам друго чаре. Имам кафеава коса, кафеаво-зелени очи и нормален тен, ни светол ни темен. Па препорачајте ми некое добро руменило, да не остава ПРЕМНОГУ боја и да е нешто помеѓу розово и бронзено, но повеќе на бронзено да удира (ако според ваша проценка ми одговара не сум искусна воопшто), мат да е. Фала
Гледам сите според боја на коса и очи руменило одредуваат,па незнам мене што ќе ми препорачате. Црвена коса и зелени очи имам,тен нормален,дури малце светол. Имав на Кетрин Арли руменило,бројче 1(розево),ама воопшто не сум задоволна,не трае ич.Едвај 2 саати. Препорачајте нешто да не е многу скапо,до кај 250,300 денари...
Убаво розево руменило, со светки и без имаш на Буржуа, обично е околу 450 ден. сега во карфур е на попуст на 340 денари до 11 август, јас имм две од оваа марка, и веќе никогаш нема да го сменам, стои со саати што е најважно
^Е,ок е тоа. Мислев да не бидам ко елка новогодишна Изгледа сепак тоа ќе си го земам,некоја нежна нијанса Се мислам меѓу 33,34,48 или пак 95. Ќе пробам,ќе видам. Фала ви многу женски!
Mногу се нежни, ептен ако им се загледаш ќе ги приметиш, не е апла светкаво руменилото. Јас не ги ни приметувам кога ми е ставено руменилото на лице, дури и на дневна светлина. Ептен ако ставам на рака, тогаш убаво се гледа дека е светкаво, но е доволно пигментирано и затоа светките одат во втор план. Инаку, ако сакаш розево, јас ти го препорачувам 16 - Rose Coup de Foudre. Освен што е прекрасно и супер го освежува тенот, преубаво мириса. И ова 95 е убаво, ама да не ти биде премногу розево. П.С. Сликата која си ја поставила не ги доловува вистинските нијанси за жал, ова под бр. 16 е далеку од кафено-праскасто, повеќе е розе-праска.
Девојки да се пофалам со моето ново руменило . Пред два дена го земав од Грција. Многу сум задоволна од него , значи немам никаква забелешка
Јас за првпат купив розево,ама незнам какво повеќе би ми одговарало,такво или портокалово,затоа ги ставив бојата на очите и косата. Инаку,ја гуглав нијансата Rose Coup de Foudre,ми се свиѓа. Ама некако многу пари,тоа ептен малечко паковање ми се гледа... Ќе видам што ќе правам,деновиве треба и онака да одам да купувам нешто,па ќе разгледам. Фала ти мнооооогу
^Руменилата на Буржоа изгледаат малечки ама разликата со повеќето руменила на пазарот е тоа што се печени, па затоа се многу трајни и тешко се трошат, со сигурност ти кажувам ќе го користиш со ГОДИНИ. Јас имам 3 руменила од нив што ги користам неколку години не се ни до пола потрошени..
феминки можи ли да ми кажите некоја црвенкаста нијанса на руменило? Долго време барам ама се утнувам никако да си најдам баш онака нежно црвенко да не е дреч некое , и да е поефтинко
јас го изгубив моето и сеа треба друго да си купам дај препорачајте нешто што ќе стои подолго на мене што не се брише лесно
Јас воопшто не би ги препорачала руменилата на буржоа,нивната трајност е краткотрајна,руменилата од деборах росе праска или паприка се десет пати потрајни.
Ова е преубаво, јас имам розева боичка нежна... Се согласувам со тебе, на Буржоа името им стана големо а не се ништо посебно