абе женски го имате сретнато некаде овој руж, буквално овој ми треба, не од новите колекции? Најдобро ми прилега :/
http://imshopping.rediff.com/imgshop/60 ... cao-12.jpg вчера го купив руменилово од Дебора, прекрасно е! совршена замена на super-blendable од lo'oreal
Вчера се подновив со новото од севантин, Pearl blush powder бројче 07... ќе ви пишам како изгфледа на лице кога ќе го пробам http://www.seventeencosmetics.com/en/co ... owder.html
Си земав вакво на Аура(само друга боја) и сум задоволна, многу е долготрајно и вреди за секој денар. Само бојата ја утнав, на тестерот таму покажуваше една а кога го пробав дома беше малку поинаква .
руменила како крем имало (незнам дали се мрсни па затоа да се ко крем )... со прсти или со сунѓерче се нанесувале... ме интересира какви се...марка..цена..искуства?
скоро сите фирми имаат ваков вид на руменило во нивните колекции ама за жал кај нас не ги носат или јас немам видено...имам сретнато само од essence и тоа не е крем руменило туку со некоја пенаста структура ама искрено никакво е,никако неможам да го блендирам на лицето и ми остануваат линии на лицето од прстите...ако имаш толку мерак можеш да пробаш да си направиш сама дома,има голем број туторијали на youtube,јас направив и сум премногу задоволна..за малку пари си добив руж со боја каква сакам
Според мене нема подобро руменило од Giordani gold oд Oriflame- на лицето му даваат совршена природна нијанса, а ги има во две нијанси и четката
На Гош има кремасто руменило. Јас си купив такво пред некој месец , во розе боја е, ама не го бива ич, не се познава ништо кога ке го нанесеш . Џабе фрлив 520 ден за него.
Како бе луѓе ви се добри на Џовани перлите, мене ми држи бојата максимум 3 саати и тоа мислам максимум. Од Орифлејм го имам и ова Very me, мислам некој го имаше ставено погоре и тоа дури подолго ми држи.
Го пробав новото руменило на Аура за 200 ден. Има голем избор на нијанси, претежно на портокалова и розова нијанса. Многу се пигментирани, пакувањето е убаво, не се трошкаат, лесно се нанесува, трајни се, цената е одлична. (Јас имам лошо искуство со Аура, ама со овие руменила сум презадоволна)
Извини, а какво е твоето лошо искуство од Аура? Јас користам едно руменило ,супер е пигментирано но имам забалежано како лицето во последно време ми стана за никаде, посебно на образите ми се појавуваат доста акни и црнки ( а порано немав толку) и не знам дали е можно од руменилото да е ...
Па другите работи кои сум ги имала претходно не ми ги задоволиле очекувањата за квалитет. Имав сенка за очи, целата се ронеше во кутивчето, по кратко време се собираше на капаците, изгледаше грозно, и ја фрлив в канта. Имав молив за очи, не ми црташе, брзо се бришеше. Имав лак за зацврстување на ноктите, ама не беше ич ефикасен. Лаковите им се добри, иако цената им е превисока за квалитетот. Но, приметувам дека сега се подобруваат, ги усовршуваат производите, па се надевам на подобар квалитет. Сепак се пристапни во цените. Еве, руменилата се навистина супер. Не се претрајни на лицето, ама на повеќе блогови што прочитав имаат одлични рецензии.
јас го имам ова руменило на golden rose. го имам скоро 2 години,и не е ни до пола потрошено а скоро секој ден клавам. предобро и прубаво седи, на лицето и дава убав сјај, и е доста трајно, скоро цел ден ми седи на лице. го купив 300 ден, ама се исплатија парите
L'Oreal Glam Bronze trio eclat soleil (Brunette) Ова руменило/бронзер на Лореал го користам веќе неколку месеци.Јас сум презадоволна,најпрво нијансата е преубава бронзена/праска,трае цел ден,и не светка туку дава сјај,нежно е не е нападно.Преубаво руменило,одлично пакување (со огледалце и четче).Препорачувам.
Јас си земав од Буржуа, по препорака во темава, дури и истиот број го земав што беше препорачан, бр. 74. Супер е, задоволна сум, ми се допаѓа што е мало, лесно преносливо, а нема потреба да се става многу, пигментирано е така да два пати да тапнам внатре со четче е доволно. Сега, пак, зависи кој колку става руменило, али мене ми е таман И бојата ми е совршена, бидејќи не сакав ни розево да е многу, ни кафено, ова е баш нешто измеѓу. Го препорачувам
Се надевам не каснам многу со одговоров. Ако сакаш немора да трошиш пари на крем руменила, за траење незнам какви се, но се сомневам дека повеќе траат од прашкастите. Како крем руменило можеш да нанесеш и розов кармин, а и обратно руменилата се нанесуваат НЕКОГАШ како кармин. Наменети се за да даваат поприроден, здрав секојдневен изглед.