Малку каснам али нема веза . Руменилово е закон! Прекрасно е, делува ептен убаво на образите, како кадифени се и нежно перлени. Не знам, поубаво нешто не сум ставила одамна Ви го препорачувам. Јас ја имам 07 нијансата (втор ред прво), светло розе бидејќи сум плавуша прекрасно ми стојат розе и праска руменилца
Јас сум презадоволна од Technic руменилото, доста е трајно и убаво пигментирано. Не знам зошто на сите четири руменила ја пишува истата бројка, ама јас го користам второто од горе надолу Спојлер Некогаш и си правам комбинација меѓу сите четири, па си експериментирам со боите и нијансите ако имам време
^Јас го имам целиот комплет, чинеше околу 25 евра ми се чини, така што одделно не знам колку чинат. Не сум ги видела по нашиве парфимерии, ме прашуваа и други феминки за Technic производите, па им пишав ако случајно ги видат некаде кај нас да ме информираат. Ама еве ниту една не ми пиша
Се изненадив од руменилото на Буржуа, доколку на лицето имам ставено мат пудра без проблем издржува цел ден, овие два дена како ја користам Севентин, така покремаста пудра е, руменилото ми го снемува за еден час
Од Авон користам перли скоро една година, па решив да сменам и при крај ми се. Сакам некое неутрално да не е со светки мат да биде.. некој предлог? Боја нешто вака како на сликата
Луѓе нема да верувате, најдов во Шутка руменило за 20 денари! И не е само руменило, има и две бои на сенки со огледалце Боите на сенките мене никако не ми одговараат, ама ружов е одличен! Имаше 4 нијанси на розево, мојов е бр.2. Супер е, мат е, си стои на мене од прееска, мислам дека ќе го биде
Леле Сања, Dove! Јас се убив од барање Dove козметика насекаде, ама нит трага нит глас од производиве. Многу се добри, јас имав палета сенки и покрај тоа што преубаво мирисаа на оној специфичен Dove мирис, многу беа трајни и квалитетни, интензивни. Ај пиши подетално така која тезга и каде да барам, зашто гарант има и некои други тропоташки од Dove.
Се надевам дека мапава ќе биде јасна Големиот пазар е за ориентација На оваа тезга скоро сите производи се 20-30 ден. освен некои маскари што се 'марка', ама најсакпите се 100-150 А да, има и многу добри мат карминчиња марка Romantic Bird (претежно силни и нежни розеви и црвени нијанси) за 20-30
Пред некое време го купив руменилото на Боржуа бр.33, а со оглед на тоа што руменило користев само навечер, ова воопшто не ми се познаваше,си реков џабе фрлив пари.(очигледно нијансата сум ја утнала) Потоа купив на Дебора бр. 58 и одлично е, баш како што сакав. Е сеа ,пред некој ден се спремам да излезам на кафе преку ден и ставив од боржуа руменилото...се заљубив Преубаво ми е за преку ден,а така ми стоеше некое време
Кружните руменилца на Аура - Gloriuous Cheeks се ... љубов во мало пакување! Многу пристојна цена од 205 денари, многу многу убав избор на нијанси и екстра трајност како што ми изгледа. Мислам дека ова ми е една од подобрите инвестиции во врска со козметиката во последно време. Нијансата е преубава. На прсти изгледа можеби и доста светло, но на лице е тоа тоа. Станува збор за 216, honeymoon honey. Убава и топла праска нијанса, која драстично го освежува тенот, доволно пигментирано за да добиете убав ефект со минимални потези со четката и мислам дека за сите кои си патат од ваков блед тен како мојот е полн погодок, зашто секундарно се добива здрав и природен изглед. Руменилото е мат и навистина е љубов на прв поглед! Спојлер
Девојки на светол тен за шминкање со црвен кармин каква нијанса руменило најубаво би прилегало,јас досега користам само перли обични кафени и за со друга шминка ми е ок,но кога ке ставам црвен кармин некако многу контраст ми се прави воопшто не прилега ако може некој предлог
Јас ги имам следниве: Loreal true match - многу убаво руменило веднаш се нанесува и трае додека го имам на себе единствено јас ја утнав нијансата зошто ми е малку светло па не ми се познава многу туку има дискретна убава и не`на боја, со самото руменила од задната страна си има и четкиче и огледалце што е многу практично за во ташна. Maybelline Bouncy Blush - Ги имам две една розевка една праскеста нијанса. Кремасти руменила се и најубаво е да се нанесуваат со сунгерче beauty blender зошто со прсти кога нанесувам не ми е практично и внатре ми се "копа". На лице изгледаат природно за трајноста мислам дека не траат многу за разлика од камените руменила. Јас не би купила уште еднаш кремасто руменило. Флормар руменилото - тука веќе добро познато и препорачано затоа и го купив и мо`ам да ка`ам дека ми е омилено. Најчесто ко користам него и заедно со бронзерот изгледа ептен убаво, има дискретни светки. Во `иво е поизразито но на слика воопшто не е такво и изгледа преубаво. Deemy мислам дека овие фотографии ќе ти помогнат Светла не`на нијанса накај розевко или црвенкасто, и мислам дека и праска боја убаво би стоело како првото што го објавив од Лореал.
Прочитав многу пофалби за руменилото на Catherine Arley и решив да го купам.Не знам за кое имаа пишувано, но јас го најдов само ова.Бојата која се добива со помешување е многу розевкаста.Но не ми се допаѓа што остава светки, премногу ми е светкаво за дневна шминка. Пакувањето за 200 денари е огромно, тоа е најдоброто кај ова руменило. Морам да го споменам мирисот кој воопшто не ми се допадна, премногу ми е јако
преубаво...ама скапичко... денес бев да видам колку пари е ,од 24 на 18 евра на попуст ако има некој поголем попуст би го земала баш сакам да го пробам , вака на рака многу убаво и нежно розево е
Коритсаки, најискрен совет од мене ти е да не се залетуваш по Dandelion. Колку што те имам приметено, блед тен имаш но верувај дека руменилово е премногу бледо, дури не се познава убаво иако можеби ќе го нанесеш повеќе пати. Подобро ако веќе планираш да купиш Benefit руменило, земи си го Sugarbomb. Мешавина е од четири розе-корал-праска нијанси и доминира розевата највеќе. Мислам дека би било такво какво што сакаш и поубаво ќе ти стои зашто ќе добиеш многу во свежина.