Јас сум плава и со многу светол, да не кажам блед тен и го користам Flormar Pretty Compact Blush-On P115 и сум супер задоволна. Кога користам црвен или корал кармин пудрата ја нанесувам многу дискретно, колку само да ми даде здрава боја и сјај. Околу 170 ден е.
Морам да го пофалам новото руменило на Аура, Glorious Cheeks. Многу фина, мазна текстура, не се рони кога поминувам со четката и изгледа прекрасно на образи. Мојата нијанса е 210 Coral Crush (на образи воопшто не е толку портокалово како на сликата). Одамна сакав корално руменило, ама бидејќи сум плава, морам да внимавам при изборот на вакви нијанси, обично розеникави и месо боја нијанси ми одговараат. Ова го земав на тепка и се покажа совршено за мојот тен. Доволно е само малку на четката, прилично е пигментирано ова коралното, многу повеќе од другите три боички. Има ми се чини 8 нијанси од руменилово, повеќето ги има во Космо и сите се преубави. Има и мат и со дискретни светки. Ова моево, Coral crush има низ него ептен, ептен ситен седеф, кој дава здрав сјај на образите, но не блешти воопшто, ептен е дискретно и мене ми одговара - иако имам мрсна кожа, не светам 213-ката, на пример, е со малку позабележителни и поголеми светки, но сепак дискретни. А матот се преубави, ама дома имам веќе две мат руменила, па сакав нешто со ептен дискретен сјај, малку да сменам, и го најдов вистинското За 209 денари, ми се погоди и тоа како Има и многу убави хајлајтери од истава линија на Аура, повторно со смешна цена. Следно на листа ми е едно од овие: Spoiler
Најчесто ги користам перлите од Орифлејм и сум многу задоволна. Бронзената нијанса ја користам, розевата не ми одговара ич. Долго траат и ептен ми е погодено
Девојки ај препорачајте ми некое вакво руменило, до 200/220/230 денари, за подарок ми треба. Розе/праска нијанса, седефасто. Баш како на овие ве слики долу.
Еве ме и мене, пак тука, среќна и задоволна, што конечно си најдов руменило какво што одамна барав. Во последно време, барав руменило за поклон ама кога го најдов руменилово и кога видов на тестерчето дека е баш такво какво што сакам (а и последно беше во Космо, кај Беко) го задржав за себе. Станува збор за: Rimmel 3 in 1 powder blush Summer fever 002 Spoiler Малечко е (4,5 г) и чини 309 денари (во Космо), ама вреди за сеееекој денар и трае долго време. Претходно го имам купено и сеуште го користам 001 Spring flower, тоа е розево и сум премногу задоволна, како и од интензитетот на бојата кој се добива со еден потег (максимум два - како што ставам јас, на пример ), така и од трајноста на руменилцава. Ова денес што го купив 002, е повеќе како бронзер и е седефасто малце, а 001 е розево, речиси мат, со неприметни и ретки светки низ него. Наредно на листа сигурно ќе ми биде некое друго од овие руменила на Риммел.
Јас ова си го користам на деби, многу е долготрајно и преубава боја дава на лицето, баш е природна.Премногу сум задоволна Моето е 02 бројче.
денес го купив руменилово на флормар , многу ми се допадна бојата само што не знам што е тоа другото бело , за што се користи некој да ми каже
Другата половина можеш да ја користиш наместо руменило во лето, а инаку добро е како бронзер и се става малку под руменилото. Ќе го изблендираш со голема четка и ќе добиеш блага контура на јаболчната коска со што поубаво ќе се истакне, а нема да изгледа нападно. Можеш и да ги измешаш двете бои една врз друга. Види си како ти одговара на твоето лице, јас вака како што опишав го користам.
Јас си зедов вакво руменило Артдеко од Шатци што е во ГТЦ. Има попуст цената е 450 денари, а со попуст го зедов 360 денари. Имам светол тен и ова руменило баш ми одговара ептен ми дава природен изглед. Бројчето е 39. Spoiler А инаку има повеќе бои и нијанси и Артдеко како фирма се многу добри германско произвдоство.
Пудра за лице Кога ќе го ставиш ова на лице исто како ништо да не си ставил, не ја препорачувам никако. Ај јас дека имам акни ама и другарки мои не се задоволни од неа. А инаку ме интересира колку оваа од Флормар би била покривна за лице со акни? Дали толкава покривност постигнува, има ли некој искуство со неа? А и за ружот од Флормар дали е многу светол? И дали на штандовите има четки нивни? Или во продавнициве?
Пудра за лице Имаш голем број на ружеви од флормар , разни бои и темни и светли незнам за каква боја поточно те интересира јас овој го имам вториот ред средниот
Последното што го купив е на праска боја ,ама многу ми излезе темно кога нанесов,дај предложете некое за бел тен ,да биде заприметливо за дневен изглед не многу јако. Вакво зедов од оваа фирма ама ја згрешив нијансата ,навистина се убави и трајни ,доволно е малку на четката да нанесеш,само претерав малце со нијансата темна е,темна праска
Оф леле дури сега видов дека си ме прашала овде си пишала. Ќе ми извиниш. Не знам искрено да ти кажам да не те излажам. Ако веќе си била си купила ок и ќе ми извиниш што не ти пишав одма. А ако не си била појди може се уште трае. Поздрав !
Го имам на Севентин преубаво е, трае многу и бојта е преслатка преубаво изгледа од Боржуа е исто така убаво трае ненормално многу бавно се троши ама тешко е за нанесување.
^ Maлечкото руменило на Bourjois прелесно се нанесува со обична голема четка за руменило, доколку не ви се допаѓа ефектот со тоа малечкото четче во кутивчето. Мене ми беше проблематично додека да се навикнам, потоа ми легна и не би го менувала малото за ништо на светот.