Јас сум презадоволна од мат руменилата на Севентин. Многу сум проблематична кога се нијансите во прашање, секогаш барам нешто специфично меѓу нежно розово и нежно кафено и ретко успевам да го најдам Таквата нијанса најмногу ми лежи (за секојдневна шминка) и досега сум ја нашла само во руменилата на Лореал и во ова последно што го купив на Севентин. Баш онаква „пудреста“, нежна nude боја има (не знам како да ја опишам). Нијансата е број 12, peachy rose, иако иронијата е што не е ниту праска боја, ниту розово, туку баш нешто измеѓу розово и кафено Во кутивчето изгледа праска/розово, ама на лице е сосема друга приказна. Ни П од праска, ни Р од розово Лево на сликата е мојата нијанса, мада тука не е баш доловена, ама друга слика не најдов никаде Спојлер Друго, Артдеко руменилата се ПРЕКРАСНИ! Ептен се пигментирани, многу треба да се пази кога се нанесува, ама затоа се лудило. Преубави нијанси, постојани на лице, мат текстура... Немам зборови. За жал, совршената нијанса (погоре опишаната ) не си ја најдов во нив, ама си најдов прекрасно розе/кафено руменило (again ), совршено за вечерна шминка заради тоа што е малку појака и потемна бојата. Број 24, rosy azalea. Веќе некое време го имам, ама ми се чинеше премногу темно, па не го користев. Сега си купив нова четка за руменило па редовно си го користам за навечер и се чудам зошто сум била будала и сум го чувала дома Спојлер
Моментално го користам ова руменило. До скоро не ни користев руменило, а ова е преубаво. ги мешам сите 3 бои и преубаво испаѓа.
Ја сликав мојава камена пудра заедно со двете нијанси руменило што ги користам, чисто за споредба До пред некое време ја користев потемната нијанса - многу убава боја, доволно беше еднаш да ја допрам четката и да добијам убава нијанса што ми одговара на тенот. Ама во последно време се преориентирав кон посветлава нијанса, иако никогаш не мислев дека ќе ја користам, затоа што ми делуваше пресветла. Откако ја пробав (по грешка ја земав од несесерот, ги измешав) видов дека уствари е пре пре пренежна нијанса. Суптилна, не многу воочлива, ама доволна за да се одвојува од нијансата на пудрата. Многу нежен изглед дава. Хит ми е месецов
Го има ли ова руменило на Артдеко кај нас ? Одамна ги барам овие три нијанси заедно, многу ми се допага, или нешто слично на ова
Имам одамна пишувано и еве пак ќе ги пофалам руменилата од Аура. За само 200ден. за мене се откритие на годината (можеби треба да има и тема: Откритие на годината ). За парите се преодлични. -Имаат огромен број на нијанси (розевка, праска, вишна, црвеникава) -Имате мат и со светки -Амбалажата е одлична -Трајни се -Лесно се чисти -Може да ставате повеќе, да ја бришете од лицето додека ја нанесувате, значи лесна е за манипулирање додека се нашминкате по ваша желба -Воопшто не ми се нафрлило лицето од неа -Нема некој мирис -Ефтина е -Долго трае самото пакување, тешко се троши -Многу изгледаат природно на лицето -Убаво се пигментирани Имаат два хајлајтери, едниот е на златесто-кафеавка боја, другиот е на праска-розевка. И двата се преодлични и кој сака да проба, нема да зажали, не се скапи, а убави се. Мене ми се допаѓаат и двата бидејќи не се многу впечатливи и силни. А, кој сака подлабок изглед, може да нанесе повеќе.
Потврдувам за руменилава, поубаво руменило немам користено до сега Туку јас вака неискусна за шминка да прашам за хајлајтериве ги меркав кога го купив руменилово, за што поточно се користат
Со хајлајтерот лицето изгледа свежо, блиставо, се потенцираат контурите, а тие кои не гледаат не знаат што имаме ставено на лице. -цитирано. Никогаш не се нанесува на цело лице. Од самата светлина (зависно од сијалица или сонце) се рефлектира, отсјајува и изгледа преубаво.
Имам две руменила за лице. Првото ми е Гиордани Голд Не сум задоволна со ова бидејќи кога го нанесам изгледа многу вештачки а и башка сунѓерчето не го бива за нанесување. Бојата е некако утната и не ми се допаѓа. Јас имам бел тен, кога нанесам од ова ептен дели и затоа не го користам повеќе. Ептен ретко го користам. Од другото руменило сум задоволна. Нема промашај бидејќи е од Голден Роус, се што користам ми е таа марка. Ова, за разлика од другото не ме прави да изгледам вештачка во лице, а и ти е дека дека поефтино. Има многу убава нијанса, многу убаво изгледа. Ви го препорачувам второто.
со каква четка го ставате руменилото и техника некоја? за каков тип лице какви ставање на руж одговара? сакам некоја праска боја-златна,крем незнам како да опишам а не најдов слика... подобро е она топчиња или оние што се како сенки?
Сакам да си купам од тоа малото руменило на Aura, денес ги гледав во ДМ на попуст се 155 ден. Знае ли некоја од вас да ми каже кое бројче дава повеќе кафена боја,несакам да ми мава на розево, туку повеќе на кафено, а денес тие што ги гледав некако ми беа светли.
предлог руменило праска боја,нежно или некое многу слабо да удара на златна боја И кои се подобри топчињата или оние како сенки?
Јас си земав руменило на Мода, светло розева нијанса за мојот светол, блед тен. Задоволна сум од руменилово за таа цена, ми стои цел ден на работа. Сега наредно е некое од Аура, сакам некоја корална нијанса, а гледам има многу задоволни од нив.
планирам утре да купувам руменило. ги меркам на Бенефит,па сега дека има попуст планирам да си земам едно бидејќи имам едно корално дома на Буржуа,каква боја одговара на девојка со црна коса и кафенми очи ?