Нежно бронзено (Soft Bronze), како на сликава. Ова е на Римел, ама чисто да ти ја доловам бојата за да си споредиш од Бенефит ако има вакво. PS. Јас од ова на Римел сум презадоволна. _______________________________________________________________________ Едит* Ова мислам дека ќе ти биде идеално. Сепак пробај си од тестерот.
koritsaki ова Hoola е бронзер, барем сите оние девојки што ги гледам на youtube го користат и викаат дека е бронзер. Види какво е Rockateur исто од Benefit, овие девојкиве што ги спомнав паѓаат у несвест по него. Не ми изгледа нешто дека ептен остава боја, ама во комбинација со бронзер мислам дека би било супер. Еве ти слики
^^ Во бронзер категоријата е да, ама и Rockateur е во истата. Како и да е, пишува на страната на Benefit дека е за образи (cheeks). Башка и има слики дека може да се употребува на повеќе начини. Во секој случај ова Rockateur е доста розево, не знам дали ќе и се свиѓа, башка мислам дека повеќе би одговарало на посветли девојки. Заклучок, нека си проба, нека си види лично.
Да не знаете марка и бројче за вакво руменило.. конкретно еве на Аура руменилата кое бројче е приближно на ова ?
Во врска со руменилото на Бенефит, не го фатив попустот, а 33 евра за руменило не ми се даваа и така да фатив друг попуст т.е. 1+1 подарок на сите производи на Сефора. Си го земав ова руменило, а може и ко бронзер да се користи,Sephora Bronze Rayonnat Sunkissed Bronze Nº3 , бронзена нијанса со светки, еве вака изгледа јас сум презадоволна , цееел ден стои на лицето до вечер без да мрдне ,а и бојата е прекрасна за преку ден ставам сосема малку зашто многу боја пушта,а светките толку не се познаваат ипак би сакала да го пробам и ова на Бенефит , ќе чекам нареден попуст
Женски дали во Скопје уште можат да се најдат од флормар руменилата, и која е сега цената? Ми треба двобојното 115 и розевото 112. Во Битола не ги добиваат повеќе, не знам зошто. И на кои места во Скопје се наоѓаат, за да порачам по некоја другарка?
Во Шатци парфимериите има Флормар козметика и во Веро Џамбо имаат штанд. Не се сеќавам колку беа, но знам дека не се скапи и сигурно се до 200 денари.
^ Има во Рамстор и во Веро ценар штандови големи, нема да ги промаши, мислам дека беа 180 денари, не ме фаќај за збор, одамна го имам и уште не ми е дотрошено. ПОвеќе од 200 секако не беа. Јас почнав поинтензивно да си го користам руменилото на бружоа, не се троши мајчиното, вреди за секој денар а и му го фатив фатот на земање со малото четче и нанесување, па така ми се погоди, само треба време и пракса секако. Прво ич не ми се допаѓаше, ама сега само него го користам. Имам две,едно порозево, едно кафено, сакам уште едно да се купам кајсија боја има едно преубаво, 400 денари изгледаат многу вака, ама со тоа што не се троши чудото, буквално 6 месеци го трошам едното, ни абер нема за потрошување, вреди да парите, најскрено. Не се крши, мене двеста пати ми паднало и живо здраво е,вајда дека е печено, па е доста цврсто. Башка и мало е, ми го собира во секој несесер. Од мене има чиста 5ка.
Фала ви Mishela и Hipster , во Битола во Шатци немало да ги добиваат повеќе, ќе морам таму да пуштам некоја другарка што е Ск.
Сестро златна, јас го користам цела година и сигурна сум дека уште нема мрднато, исто си е како што го купив, а само него си го користам, многу ретко ставам од тоа на Аура што го имам. Плус, ми се погоди тогаш да го земам на попуст, не ми е жал што го платив поскапо. Би купила уште некое така повеќе накај праска-кафеаво, ова ми е ептен убава розе-праска боја но сакам нешто потемно. Што бројче е тоа твоето кафеаво?
Дали ги имате употребувано овие крем руменила,на Мејбилајн и на Bourjois?Како изгледаат,колку се трајни? Кои други крем руменила ги има кај нас?Освен тоа на Есенс,не ми прави баш мерак.
Сестро моево кафено е бројче 32 Абре Д`ор, тоа со седефаст сјај одозгора, најслабо кафеното. Другите ми беа многу мат, ама сега на слики гледам и тие убаво стоеле матот, само се малку потемни за поисунчана кожа. Убаво е, нежно стои, посебно на побели лица. Од розевите ја имам 16ката Роус Коуп де Фоундре, ама сите ми се допѓаат искрено, не знам некое руменило а да не им е убаво. Шетата кај нас не ги носат сите нијанси, пример некаде не сум ја видела 11 Броун илужн, или 10ката, а на нет гледам преку 20 различни нијанси. Кое и да го земеш нема да згрешиш според мене, нема утка со руменилава на буржоа. 48мицата сега многу ми се допаѓа, поинтензивна розева е, ама убава. Викам сите ми се допаѓаат, не знам кое би го земала да купувам сега
16-ката е најубавата розева нијанса која не ме прави да изгледам како девојчето млекарка од опаковката на Битолското млеко. Ќе имам предвид за ова твоево, највеќе ми треба да си најдам некое такво кога ќе потемнам зашто ужасно лошо изгледа темен тен со розе руменило, а бронзер не љубам многу. Ова ќе биде супер. Инаку, има една нијанса од руменилава, дали беше 74-ка не знам, но именувана е како healthy mix и тврдам дека нема поубава праска нијанса од оваа, но ес јужуал - кај нас го нема.
Мишела што борје ти е руменилото со розе-праска боја, или станува збор за 16ката што ја зборите? Остава ли многу боја, со касперскиов тен да не бидам ко кловн.
Да, бројчето е 16, Rose coup de foudre. Со малото четче остава доволно боја и дава неверојатна свежина. Јас сум многу бледа и пудрата ми е доста светла, плус тргни го на страна фактот дека во минус сум со спиењето и тенот ми е страшен. Со руменилово сум свежа, ко да сум спиела со саати. Мене ми е ептен погодено, дава преубав природен шмек. Вака изгледа, потполно исто. А тоa кое ми се моташе во глава било нијанса 41, healthy mix. Навистина е преубаво, ако некоја го забележи нека ми каже. Преубаво изгледа, штета што не можам да го најдам. Спојлер
Женски, имате ли искуство со ова руменило за лице? http://www.femina.mk/out/?id=df4a813460 ... gloss.aspx