руменило земав од колекцијата на debby cosmetics и многу е убаво indian rose е нијансата исто е како оние руменила од deborah и bourjous
Па не сум од Ск од Струмица сум ама би требало и кај вас да ги има јас од тука си го земав 330 ден е.
ги користев перлите на голден роуз но ми се нафрла малце лицето ( на неколку места ) и сега користам едно што ми го прати тетка ми од милано позз до неа мн ја сакам
Користам бронзени перли на Oriflame и Avon искрено заборавам да нанесам иако ги користам само за излегување Сакам да го пробам розоворо руменило на Manhattan некој го има користено ?
го користам: Deborah бр. 5 Golden rose добри се но не се тоа што очекував. ова руменило го користев порано и ми беше најпогодено од сите Seventeen а у последно време го меркам ова а според тестерот е врв. Gosh
Ги користам бисерите од Орифлејм,златните не розевите,ама веќе ми беа стари,па си купив едни поефтини не ми се даваа толку пари,еве овие ги купив број 303 за само 150 денари и сум презадоволна
Gabrini еве им ги производите Спојлер http://www.gabrini.com/Products.aspx убави работи,а смешни цени,многу слични се како голден роуз
Колку нијанси потемна треба да е камената пудра од тенот сакам да купам камена пудра и да користам и јас така па ај ако може малку да ме поупатите во ова зошто руменилото од bourjois што го имам не ми се допаѓа се осекам смешна со него. И воедно да прашам има некој користено од руменилата на aura какви се? Поздрав.
Колку чини на макс фактор? и на буржоа дали некоја има користено следно сакам вакво да си земам.инаку досега ги користев на авон и ориглејм перлите и ок се ама сакав да сменам особено за навечер руменило некое со светкави пигменти
Ги разгледував во Јунк би рекла дека се просек, морав да си купам зошто старото ми беше при крај сепак од Аура одлучив да земам само сјај за уста а купив руменило и четка Гош. Морам да кажам дека руменилото ми се погоди супер. Го препорачувам може да се користи и како сенка за очи.
колку кошта руменилото на gosh трајни се или ? а маца мене лично не ми се допагаат bourjois руменилата за таа цена има доста поубави јас го добив на поклон мислам дека е бр 16 ако несе лажам излижано е каде ја пишува бр (доста одамна е )доста се тврди и несе многу постојани иако го немам многу користено за да можам подетално да ти кажам какви се сакам сега некое друго а со ова се осекам смешна така да сега сум во потрага по некое со присојна цена оти не се шминкам многу а и токлу ми дозволуваат финансиите во моментот
А дали некоја освен Name има користено mousse blush? Вакво нешто? Ова е нешто како крем или пена, не е многу мрсно и сакам да пробам... има некоја искуство, дали може да се става на било кој тип кожа? Инаку јас перли користам, претежно некој микс од праска боја и малку кафено, ама сакам да сменам. Повеќето ми изгледаат некако суви, па се мислам, ако најдам кај нас, да си купам вакво руменило, како пена. Секој совет е добредојден
465 денари е во Јуник Мене ептен ми се допаѓа ми одговара на тенот ептен ми е по кеф. Прв пат купувам волку скапо руменило ама вреди. Се живо и диво разгледав од пудри и руменила и за ова се одлучив. И најважно од се е тоа што нема утка (неможеш да претераш) бојата не е воопшто нападна.
Зашто дали некоја освен нејм...? Јас имам искуство со ваквите руменила бидејки и ги користам.. Мене не ми веруваш или? Се навредив малку искрено, но еве сепак ке ти одговорам. "Ова е нешто како крем или пена.." Да, всушност ова е креместа пена не е мрсна. И ако зборуваш за тип на кожа -сува, акнеста.. јас би препорачала на сува-нормална кожа. Не би ја препорачала за акнеста кожа, зборам за акни на образите бидејки кога ја купив тој период имав прилично многу акни на образите и не изгледаше многу убаво..едноставно мене не ми се допагаше..сега немам акни на образите и многу подобро е.. не го имам употребено одамна бидејки ретко употребувам руменило..за у школо не се шминкам многу, а за искачање немам ставено.. Не се суви мене баш ми се убави.. е сега кој како преферира..јас имам и камено и вакво руменило.. Имам од мејбилин е сега има и други брендови кои држат вакви руменила..чудно што немаат од мејбилин кај нас.. ете така, се надевам помогнав. ако имаш други прашања слободно пиши
Bеројатно Aнатан мислеше дали некоја друга феминка имала искуство со тоа руменило инаку он топик имам едно од боржуја ама не ми е погодено а ова што го моус нешто погоре,можеби ке го порачам преку ебај