^^^ Ѕирни ги розевите нијанси на Флормар, имаат убави и квалитетни руменила а не се поскапи од 200 ден
Мислам дека Буржуа и Аура имаа ваква нијанса , на Буржуа баш се и светкваи некои од руменилата најубаво е да си пробаш и на рака од некој тестер,можеш и на Артдеко да пробаш ама о овие се по скапи
Спојлер Elence93 можеби ќе ти фати око Essence silky touch blush, 10 adorable само не е светкаво туку е мат, ама е баш бебешко нежно резово. Кога сакам погламурозен изглед, да светкам повеќе му ставам малку светкав хајлајтер. Изгледа многу природно на кожата, доволно пигментирано, бојата може постепено да се појачува. Цена 195 ден. Мене ми е едно од најкористените руменила, со се одговара маста му ја извадив.
Еве го моето најново руменилце, преслатко е и на плавуши мн. фино стои А артдеко како марка се топ, квалитетно е, долго трае и бавно се троши ептен.
Па јас користам ама не многу често почесто со бронзер го заменувам за вечерните излегувања и некои свечености а за преку ден кога сме на кафе со другарките може по малку руменило
Лујџе златни..Како некогаш јас во животов руменило да си погодам? Ми се допаѓаат некои розевкасти нијанси ама гледам некако не ми стојат на лицево...Црна коса,темен тен розевото некако не ми се вклопува.Црвено-розева па нема никакви шанси,како булка се осеќам,а овие бронзериве се само со некои светки што лицево мое ми го прават како со дупчиња да ми е. Некоја добра розевкасто бронзена/кафе нијанса со дискретни светки се прифаќа
Ако имаш преку кого да порачаш,ти го препорачувам руменилото на Фармаси.Нијансата му е 04-Light pink и баш онака суптилно светка.Трајно е многу,мене ми се погодило највеќе од сите руменила до сега,а имај на ум дека јас имам мнооооогу специфичен вкус.
Сакам да го земам оваа второто руменило deep wine но неможам да најдам слика како стои јас сум плава и имам светол тен.Ќе ми одговара ли?
Ќе ти одговара, јас го имам но за жал дома ми е оставено и не сум во можност да ставам слика. Инаку и јас сум плава со светол тен, па супер ми изгледа на лицето.
Ги имате видено кај нас овие Римел Stay blushed течни руменила?Ги има во Unique магазинот ,пишува дека се 237 денари. Ама јас до сега никаде ги немам сретнато,а не им е прв пат да имаат производи како реклама во списанието што ги нема кај нас.
Ако купиш извести ме дали ќе си задоволна , и јас ги меркам ги најдов на ибеј па сакам едно да порачам
За 200 ден. има да го трошам сто години . Убаво стои на светол тен и не е страшна бојата иако така изгледа. Пушта боја како што треба. :up:
Koritsaki,вчера гo купив руменилoто Pop of pink(првото на сликата) и имам се на се многу позитивен впечаток од нив. Денес цел ден остана на мене,дури пред 5 минути кога се вратив дома го избришав. Руменилото не е баш течно,освен она со број 2 Touch of berry,тоа е баш течно и треба неколку пати да се надогради додека се добие убава боичка. Овие другите се во вид на мус,како она на есенс што беше,така погустички се. Низ нив има ситен седев,светки,поизразени се кај портокаловите нијанси. Ова 01 што го земав е многу природно,неколку точкички на лицето се потребни и само нежно да го размачкаш(а,дека со прсти го нанесувам ептен можеш да маневрираш каде сакаш да го нанесеш). Лесно се размачкува заради топлината на прстите. Ако утнеш и ставиш премногу,одозгора можеш да поминеш со камена пудра нежно и се неутрализира,плус така подолго трае. Во однос на трајноста мислам дека важна е пудрата под него,самостојно не верувам дека би траело долго.
Имам светол тен (ја користам менхетен таа у црната тубичка sand80 ) кафена коса и кафено/маслинести очи... која нијанса на руменило најмногу би ми одговарало?