Не се трошат брзо затоа што се убаво пигментирани и башка не се ронат па пола да отиде во прашина. Јас руменилото го имам пробано од другарка, но лично не поседувам, ама затоа ги имам двата хајлајтера што се исто пакување како руменилата и од нив сум презадоволна. Цело време се шлапам со бронзеникавиот хајлајтер, а особено за летово ќе биде бонбона. Многу се долготрајни и цел ден стојат на лице. Сите други ги баталив од кога го имам тоа. Инаку сакав да прашам дали сеуште ги има по парфимерииве бронзерите на Лореал во три бои, затоа што вчера на брзинка кога ги побарав во Космо не можев да ги најдам, па мислев да не ги повлекле или јас не сум видела убаво На ова мислам, го има во две варијанти, за бринети и за плавуши. Имам читано многу добри критики, па сакав да го купам летово.
^ Го видов јас во Космо кога бев последно, на почетокот од месецов. Мислам дека уште ги има, ги имам приметено и низ другите парфимерии. Го имам јас бронзеров, тврдам дека е и повеќе од одличен.
Џиована мене овој на Лореал ми е омилен бронзер и тврдам дека му нема рамен. Преубава нијанса остава што не мава на портокалово како 90% од бронзерите. Имам пробано и од Диор а сепак би го одбрала Лореал, плус долго време ќе го користиш, а и четкичката за нанесување е одлична. Треба да го има и во Космо и во другите парфимерии.
Околу 350-370, јас го земав скоро, од локална парфимерија кај нас. Но ми падна и стана прашок,па сега на секое отварање, се помалку ми останува. Траен е и супер ми одговара на тенот, јас го имам 01-Голд, но ме нервира тоа што ми останува на телефонот кога првам муабет. Други недостатоци нема. Да не го скршев ќе беше уште подобро, вака брзо ќе останам без него
Супер, и јас ќе го земам. За летово си треба бронзено, па ми го исфалија дека е едно од подобрите ова
А да пробаш да си го поправиш со алкохол. Мене камена пудра баш од истава марка ми се скрши и си ја поправив. Побарај туторијали на јутуб.
Си го порачав ова руменило на w7 - Double Act , пола руменило розево и пола бронзер кога ќе ми стигне ќе пишам критики
Кое руменило на Буржоа дава убава праска боја, да не мава на розе него чиста праска боја , ептен ми се допагаат руменилата па да си соберам цела колекција додека има попуст
Го имам видено руменилово на римел по дм , само за таква баш нијанса незнам дали има провери си на тестер
Има и од Oriflame, вака изгледа и има три нијанси. Ова ти што го сакаш ми изгледа како кафеавкасто-праска, можеби ова soft peach би ти одговарало Вака изгледаа нијансата: Спојлер
Овие не се сјајчиња за уста? o.O Оти неколку мои другарки имаат исти вакви поточно најтемната таа нијанса што е и сите ги користат како сјајчиња.
^Можеби во исто пакување има и сјајчиња па затоа си помешала, иначе ова сигурно се руменила и нормално се поголеми во паквањето од сјајче. Еве на самото пакување пишува Cream Blush
Јас имам читано, а богами и гледано дека ваквите руменила не е страшно и да се користат како сјај за уста. Овие од Орифлејм не ми се допаѓаат (нијансите), ама затоа течните руменила на Римел се фантазија.
Јас често користам крем руменило како кармин/сјај,обично кога имам потреба екстра долго да ми издржи карминот. И нема проблем,со хидратантно лабело одоздола зошто инаку ја сушат многу устата.