Јас го имам руменилото на Орифлејм, Soft peach нијансата, и можам да кажам дека ми е најкористено и најомилено руменило од сите што ги врткам низ несесер зашто ја има најсовршената нијанса што одговара на мојов светол тен а да изгледа природно за денски Нијансата, логично, од слика не може да се долови, не е ни приближно таа на сликата постирана погоре, има убава нежна баш кајсија боја, далеку е од портокалова, го користам секој ден, дава преубава свежина на лицето, трајно е и да, може да се користи и како сјај за усни Да знаете само колку пати ме поплукале дека сум пукала од здравје заради бојата на образи А да знаат оти тајната е во руменилото со исаф нанесено Не, башка шалата, навистина ова и на Аура ми се маст хев, пошто имам терсене тен, доволно се испотрошив додека погодив, овие се продукти што нема потреба да ги испитувам и сменувам понатака, баш ми се погодени.
Мими, од руменилата на Bourjois барај го бр. 85. Или ако ти е многу темно, тогаш бр. 15, ама имај на ум дека тоа има доста примеси на розе, некоја мешавина е од кафеаво и розе. Осумдесет и петката е баш такво како од сликата.
Моето најново руменило , да го пробам подобро па ке споделам импресии E.L.F Baked Blush Peachy cheeky
По толку време мислење, думање, пробување тестери од руменила низ ДМ, Космо и слични продавници, и од читање коментари и препораки од вас феминки, јас се одлучив конечно да си се почастам со ова руменило од Аура - нијанса Deep Wine. Уште не сум го пробала пошто денес си го купив, ама утре планирам да си ставам малку пошто ме копка какво е... Бојава некако магично ме привлече па се надевам ќе ми одговара на мојот тен.
Ја имам Прекрасна е само внимавај кога ставаш бидејќи руменилата на Аура се многу пигментирани.Доволно е само нежно да поминеш со четката по руменилото
Пред 1 недела ми стигна руменилото на E.L.F нијансата е Peachy cheeky иако од истава линија има повеќе нијанси мене најмногу оваа ми се допадна. Не сакам чисто розеви руменила па ова супер ми е, има некоја светло праскаста нијанса со кафеав шимер и ситни светки кои се скоро неприметливи. Многу нежно стои на лице за дневна шминка на бел тен (иако и за потемен тен би одговарало) е совршено. Јас го порачав од на интернет и ме чинеше 3 долари (135 денари) плус е печено и е со одличен квалитет Соодветна слика од нијансата не можев да најдам, на сите е различно но е нешто вака. Спојлер Спојлер http://www.iherb.com/e-l-f-cosmetics-baked-blush-peachy-cheeky-0-21-oz-6-g/51605 Сигурно ќе си нарачм уште некое руменило од E.l.f :up:
Презадоволна сум од руменилата на голден роуз.За 100 денари имате трајно руменило плус четкичка Вака изгледа кафеаво, ама остава убава праска боја.
SunnyGirl2 мислам дека има само бронзер и хајлајтер, нешто како хајлајтерот на Аура. Презадоволна сум од овие, доста пигментирани, даваат и малце сјај, али не баш како светки.
CATRICE Defining Blush - 080 Sunrose Avenue Нежно розе месо боја со бисерен сјај. Руменило кое одлично се вклопува со нежна секојдневна шминка, нанесено минимално, а поготово уште поубаво стои со гламурозна шминка. Воопшто нема потреба да се става хајлајтер зошто би дошло премногу, доста е светкаво баш како на третата слика еднакво на хајлајтер ми е. Многу убаво изгледа се прелива на кожа во зависност од светлината, ту е розе, ту е нежно лила, или па нежно месо боја. Прекрасно стои заедно со бронзер доколку сте љубител на истакнати контури, моментално ги имам двата бронзера од истата фирма за медиум и даркер скин, и со двата ептен убаво се вклопува. Исто убаво стои и кога го ставам врз друго руменило. Не е јако пигментирано од прва нема да добите јака боја туку многу нежна, бојата си се надоградува по желба, а со тоа станува и посветкаво. Не се брише, ниту избледува бојата, трајноста му е целодневна т.е. дур не си ја отсраните шминката. Цена 239 ден. за 5g, бавно се троши...вреди за секој денар. :up:
Последно руменило што го купив е на Benefit - Rockateur. Позитивно : - пакувањето е прекрасно, кутивчето се затвора како магнет и внатре има мало огледалце и четка за нанесување -бојата е розевкасто корална - ми го препорачаа ова и Sugarbomb зашто одговараат на девојки со светол тен - мириса преубаво , моето руменило мириса на цвеќиња -трајноста , можам да кажам слободно дека трае скоро цел ден - руменилото е пигментирано ( во средината кај буквите е мат а од страните има незабележителни светки ) Негативно -цената и грамажата , имам читано дека порано било 8грама а сега е намалено на 7 грама , а цената е иста , почетната цена му е 34 евра а јас го земав 27. Дали би го купила повторно - Да , ама само на попуст ( и се надевам дека нема да се потроши брзо )
Женски, ај ве молам препорачајте ми некој хајлајтер? Во потрага сум веќе долго време. Сакам да го постогнам баш оној светкав ефект на јаболкниците. Се мислам за Max factor Shimmer Pan stick.
Lepaaa воопшто нема да погрешиш ако се одлучиш да го земеш хајлајтерот на Макс фактор, го имам и потврдувам дека е одличен, дава баш гламурозен светкав изглед кој можеш да го надоградуваш колку сакаш, а и многу споро се троши, мене ми е речиси цел а кој знае од кога го имам.
Добри се и тие на Аура, мене баш ми врши работа, го имам Nude Shimmer, 218. Другиот со бр. 219 мислам дека нема толку светки, а овој што го имам јас е така погламурозен, ако можам да го наречам така. Пигментацијата е толку супер, што понекогаш го користам и како финиш во шминката на очите.
@Lepaaa, мила ако го најдеш тој на Max Factor обавезно пиши ми. Го барам одамна и нигде го нема. Ги прашувам продавачките ми се чудат и ми го покажуваат обичниот Pan Stick. На Аура ги немам пробано, ама јас го имам на Maybelline, тој еден како сенка за очи спакуван, ама пишува на него Blush. Бел е и светкав и траен е доста, а мислам дека 150 ден. го зедов.
Презадоволна од руменилото на Catrice, го фалам кај стигнам...ако барате совршено руменило слободно земајте го