@senza.parole и тука не го најдов шимерот на Макс фактор, па си го земав хајлајтерот на Аура бр. 218. Убав е и овој мноооогу.
@Lepaaa, eх, абе тоа е. И јас едно време се утепав од барање. Баш ми е мило за Аура, ќе го ѕирнам и јас. А, едно видео гледав на Essence Soo Glow хајлајтерот исто го фалеа, треба да го пробам и тој.
@senza.parole го нема уште кај нас тоа Glow на Essence Дури да дојдам во Скопје, ќе си го користам ова на Аура 209 денари било тоа Glow во ДМ.
Ми кажаа дека веќе со години не се произведува шимерот на Макс Фактор, така да евентуалноо некоја долгогодишна залиха ако анјдете некаде во некоја непрометна парфмирија.
Мислам дека треба да се отвори нова тема за хајлајтери Забележав дека кај нас ги има овие, но не ги пробав на тестер и не знам какви се. Всушност ова се коректори но во колекцијата има и еден хајлајтер. Колку наликува на Пан Стикот не знам, пробајте па пишете овде. Затоа што се од иста фирма можно е да се слични
Се двоумам помеѓу руменилата на Gosh, Aura и Catrice, па доколку сака некој нека сподели искуство кое е најдобро од овие три.
@naturally, ги имам пробано вториот и последниот и стварно ми се свиѓаше ефектот. Планирам да си ги купам и двата. Само шо ич не се евтинки, околу 800 ден. едно. И да, гласам за нова тема Хајлајтери и Бронзери (у комбинација може) .
Да, уште од средно само овие од Авон ги купувам и траат многу долго. Моментално ги имам кафеавите, некогаш и другата нијанса ја земам.
А дали овие светливе перли на АВОН излегуваат премногу розови на кожата? Имам посветла боја на кожа и би сакала совет- кои би ми ги препорачале - да имаат некаков сјај ама не да бидат многи розови/црвени?? Тенкс
Ај кажете ми збор/ два за крем руменилата на Орифлејм? Сега во муни брошурата им се 149 денари, па сакав да пробам некое.
Воопшто не се нападни. Јас имам некој си среден тен, и кога ќе ги нанесам мнооогу малку ми се познава, ама мене ми одговара така затоа што не си се допаѓам кога имам некое поизразено руменило Ако имаш светол тен мислам дека ќе ти одговараат, не се нападни значи не е баш розево ама има некој сјај суптилен Спојлер И можеби е оф топик ама вееее молаааааааам, значи најсеризно ве молам пазете каква боја и колку рименило ставате. Имајте на ум дека кожата е посветла за разлика од летните месеци и тие бронзено/кафени руменила веќе се нападни на така посветол тен. Имам видено преееубави девојки, не знаете каква совршена фаца ама коа ќе видам еден тон руменило и тоа во темна боја ми се гади значи. Така пред еден ден стојам во автобус, и девојката што седеше на столот на кој се држев, не можам да ви опишам колку беше убава ( хаха не ми се верува повеќе женски зјапам од машки ), косата цела мазна средена, и само во еден момент се врти абе луѓе мислам дека со ајвар да се мачкала поприродна ќе беше, значи темно, темно, пет нијанси потемно од кожата, плус некоја кафено/портокалова нијанса Остатокот од шминката и беше перфектен, средени веѓи се убаво ама со тоа руменилото зезнала се
Мислам дека имам пишувано за овие руменила, јас сум нивни верен корисник, го имам најсветлото, има преубава розево-праскаста нијанса, дава совршен здрав изглед, посебно за денски, и морам да кажам дека почесто го користам дури и без пудра, пошто имам чисто лице, често знам да го натапкам на образи колку да ми даде свежина и природен изглед Трајноста му е солидна, не се бриши одма, не се топи, како да кажам, и може да се надградува за појак финиш. Веќе реков, за денска шминка е супер. А и цената му е ептен пристапна, и јас го зедов некои 199 денари мислам, еве редовно го користам со месеци, и не ми ни до пола истрошено. Се на се, мене ми е супер.
Некое искуство да споделите за руменилата со две нијанси или бронзер и руменило на АУРА, поконкретно за овие, ве молам, ако можете
@babyblond овие не сум ги пробала, но сум пробала од другите руменила на Аура, слободно можам да кажам дека може да им конкурираат и на поскапите руменила. Ако збориме за трајност и пигментација јас ги избирам пред поскапиве Буржоа, Менхетн, Лореал... Многу сум задоволна од руменилата на Аура, сигурна сум дека и овие се со ист квалитет.
@babyblond Јас го имам првото од десна страна и сум многу задоволна. Добро е пигментирано и убаво се бленда. Двете нијанси се мат, ги користам посебно а понекогаш и заедно така што потемната ја нанесувам како контур/бронзер а посветлата само на јаболчниците. Ако ти се допаѓа некоја од нијансиве јас би ти рекла да си го купиш руменилото бидејќи мислам дека нема да се разочараш. Не можам да се сетам на цената но знам дека не беше голема а добиваш два руменила од 3,5 грама.
babyblond Јас вчера си го купив второто од лево,300 денари е од DM,не го имам многу испробано,но изгледа како долготрајно,а плус имам читано дека се пигментирани и долготрајни,моето едната нијанса е со мали светки,другата е мат,значи од лево првото и последното се мат и двете нијанси,а од другите во средина едната нијанса им е мат а другата со светки.Има тестери во DM ке пробаш,мислам дека се исплати за таа цена две руменила во две бои добиваш.
Фала, @mims-89 ,@sassyM и @Deemy за убавите мислења Јас го купив второто од лево од Зегин, за во иднина да знаете таму се по 250ден.