Предходно пишав за руменилото на Е.L.F Peachy Cheeky. Сега сакав да го пофалам Rich Rose кое е подеднакво добро како и другово само што е појака бојата, нешто помеѓу розево и кафеаво е но повеќе на кафеаво оди .
Јас го користам моментално тоа што треба да личи на бронзер и си нема врска... Имаш едно посветло едно потемно портокалово руменило. Сум пробала како бронзер да го нанесам ама многу е портокалово не одговара. Подобро купи си бронзер од друга фирма, не го купувај залудно
Одамна веќе сакам да си купам руменило праска боја така да ми даде свежина на лицето, и ги меркам овие руменила на Essence. Ми се чини дека 3то од лево кон десно е таква некоја праска нијанса мислам дека Secret It-Girl се вика, го има ли некој користено?
Од оваа линија на Есенс руменила, само 80 autumn peach е праскаста нијанса ама е есенска бојата , повеќе дава длабочина на образите отколку свежина. На страната на Есенс видов дека има и нова нијанса од оваа линија на руменила, нијансата се вика 90 summer dreaming и дефинитивно е праскаста боичка.Многу убава пролетна нијанса и мислам дека ќе дава ефект на свеж тен. http://www.essence.eu/mk/produkti/lice/rumenilo/e/product/silky-touch-blush-90/ Е сега, да не излезе дека сум те излажала не знам дали е донесено низ продавниците ама ако си од Скопје и ако си во можност, провери оти и јас сакам да си го земам. Друго што сакав да ти кажам...Неодамна го земав двобојното руменило на Флормар p115, повеќе ради бронзерот ама од руменилото се изненадив прекрасна нежна праска боичка остава и баш ја доловува таа свежина на лицето пошто не е мат туку е седефасто со светки.Прекрасно изгледа, плус за ефтини пари имаш и бронзер и руменило.Јас ти го препорачувам. Еве го како изгледа: Само јас го купив во циклама розово, а не бело паковање.
Може ли да ми препорачате руменило со боја како на сликата подолу, нешто како вино-црвена? По можност да не биде од печените на Буржоа (всушност и ова на сликава е такво, но некоја limited edition што ја нема кај нас), затоа што сакам поголема пигменитраност.
@Oxymoron, од Аура има такво руменило, deep wine нијанса е, мислам дека ќе ти се допадне ептен. Јас имам и од Maybelline, не ми е тука моментално, инаку некоја plum нијанса е, дури и во името на нијансата имаше plum. Еве во спојлер ова од Аура какво е. Спојлер
Фала многу Мишелке, ептен ми ја погоди бојата, а и мат е, мислам тоа е тоа, љубов на прв поглед Ќе го проверам и тоа на Maybelline, мислам дека беше од Bouncy колекцијата, но тие ми се некако посветкави, изборот веројатно ќе падне на првото.
@Oxymoron, тоа на Maybelline е од Fit Me колекцијата ако не се лажам. Не знам дали е ова точно, пишува deep rose, а мене ми останало во сеќавање дека беше deep plum, ќе треба да ја прашам мајка ми да ми провери. Вака изгледа. П.С. Аура е тотално мат и тотално љубов на прво читање откај блогерките. Не му дадов ниту шанса за тестирање, го купив без никаква проба, одлично ми е.
@Mishela Јас пак мислев зборуваш за ова, сега го гуглнав и бојата е Plum Wine. Ги има овие Bouncy кај нас воопшто, или сум ги гледала некаде во странство па се` ми се измешало?
Нее, ги нема кај нас, во Америка сигурна сум дека ги има, другарка ми има вакво, купено од таму. Освен слатката амбалажа, не ми е нешто многу посебно. Просечно, дури се разочарав.
Дa се слoжувaм сo мишелa, кaтaстрпфa се oвие руменилa јaс рoзевoтo нa тестер гo прoбaв и нa oбрaз aкo гo нaнесеш oстaнувa нештo кo флекa:/
И јас подолго време барав таква боја на руменило. Пред некој купив руменило на Seventeen - No. 10 - Peach Rose. Мене многу ми се допаѓа нијансата и ефектот кој го остава таа нијанса.
уф, како не памтам такви работи, а и сметката не можам да си ја најдам, но мислам дека беше околу 300 и нешто денари.
јас си купив едно руменило, но сум ја згрешила бојата изгледа, премногу е розово. Бидејќи досега немам користено руменило, дали некој може да ми посочи кои бои стојат најдобро на многу светла кожа?