Elence93 јас го користам на Essence Silky touch blush руменилото нијанса *10 аdorble. Светло розева боја е баш како што бараш, не е мат има дискретни светки ама не се познаваат кога ќе го ставиш на лицето, дава убав свеж изглед.И многу е пигментирано ако се заборавиш малку со четката во руменилото има да се зарумениш како младо невесте, Јас го користам со четката за руменило исто од Essence. Еве ти и рецензија: http://makeupandbeauty.com/essence-silky-touch-blush-adorable-review/
Девојки, во дилема сум, како да си одберам боја за руменило? Да не бидам како кловн ако утнам. Дали еднаш во животот имам ставено, ми стоеше многу убаво, ама не знам каква боја беше. Се чудам зашто мислам дека маваше накај кафено? Од каде да знам дали ќе ми оди со тенот или по лична желба се одбира? Инаку имам светол тен.
ги имате ли перлите на орифлем џордани користено? сакам да си ги порачам па сакам да видам кометари за нив
Џордани перлите се најдобри оставаат убава боичка, јас ги имам бронзените и се доста трајни. Ќе ги користиш баеги време.
Јас ги користам, веќе неколку години ги имам и никако неможам да ги потрошам ми се смачи од нив. Ги имам тие во средина. Многу сум задоволна, одличен производ се. Конкретно моиве (средина горните) оставаат многу убава бронзена боичка со сјај, воопшто не се нападни, т.е. може да бидат ако нанесеш без осет. Јас еднаш двапати поминувам со четкичката (исто од Џордани за руменило) и добивам одличен ефект. И боја и сјај, за вечерна шминка па се перфектни. На исончана кожа во лето многу добро стојат, јас дека не ставам пудра во лето само сатавам од перливе и топ сум. Задоволна сум и од трајноста. Искрено за цената нема да најдеш подобро руменило и руменило што ќе го користиш стварно долгоо време. Многу споро се трошат. Предност е што неможе да ти паднат и да се искршат како стандардно руменило, можеби затоа ми траат толку .
Јас сум многу задоволна од руменилото на NYX - Orchid 06. Многу ми се допаѓа природниот изглед кој што го дава, а стик пакувањето пак од друга страна , го прави ептен практично. Лесно се бленда, мноогу е пигментирано, супер кремасто, не е мат, има ситни светкички низ него и се одликува со одлична трајност. Би го купила пак, ептен ми се допаѓа освежувањето кое му го дава на мојот бел тен!
@Amaris, јас го користев пред неколку години. Многу ми се допадна, доволно е пигментирано, не се рони и трајно е. Моето беше еднобојно, во корална-праска нијанса. Одамна е потрошено и амбалажата е фрлена, инаку ќе ти кажев и бројче. Прекрасни се руменилава, само четката што е дадена мене не ми се допаѓа воопшто, премногу е мека и нефлексибилна, па си користев друга.
Да ве прашам? Кое е подобро руменило она во вид на крем или пудресто.Ќерка ми сака да сум и купила ,инаку е плавуша со нормална кожа на лице. Предлог за двете и да се објасниме кое е подобро и зошто?И секако не многу скапи и лесно достапни. п.с.јас сум за руменило во вид на пудра ама не можем да ја разубедам.Си кажав колку да покажам дека и јас имам став.
Мислам да одите и да ги погледнете на Есенс (195ден) и на Кетрис(до 300 ден, не знам точно ама повеќе од 300 ден не беа вчера ги гледав) руменилата. Многу девојки читав дека се задоволни од нив. Мислам дека не е лошо за почеток, а боја ќе си одбере сама И дефинитивно сум за ваков вид руменило, а не крем. Мислам дека полесно ќе биде за нанесување.
Искрено не знам, а и немам побарано такво, јас ете погоре и за мене прашував за боја, ама повеќе сакав вакво како на сликите. Одете во Космо или Шатци па прашајте некоја од вработените за предлог, мислам дека така ќе биде најубаво ако не ви одговори некој друг од форумов.
@lunicka Rimmel stay blushed! Инаку и јас сум повеќе за кремастите или во стик руменила. Нанесуваш многу мала количина, блендаш со прстите и тоа е тоа... ни четки, ни бутур. Јас сум многу задоволна од ова руменило, многу е пигментирано, трајно, се нанесува во минимална количина и ќе и трае многу, многу (нема да те масира за ново долго време). Цената е до 250 ден. ако не се лажам. Првата нијанса мене ми е хит, оти и јас сум плавуша.
Ај, да се замешам и јас во муабетот. @lunicka и јас сум повеќе за кремастите, затоа што никогаш не изгледаат како да си претерал во шминкањето, т. е даваат доста природен изглед, дури и при нанесување со прсти. Омилени ми се овие од Bourjois: Четири прекрасни нијанси во компактни кутивчиња со огледалце. Многу лесно се нанесуваат. Првата нијанса одговара скоро на сите тонови и подтонови на кожа. Цени и каде можат да се купат во Македонија, не знам, можеби ќе сака да дополни некој друг. Еве еден линк со рецензија за сите 4: http://www.milkteef.com/2013/05/bourjois-little-round-pot-cream-blushes.html
ги има овде да се порачаат http://www.lookfantastic.com/bourjois-lrp-blush-creme-pink-sunwear-blusher/10948664.html
@koritsaki, L'Oreal l blush мене ми се едни од најомилените руменила после оние малечките на Bourjois. Прекрасно е руменилото, јас имам розе-праска нијанса. Од оние кои ги имам, би го споредила со руменилата на Bourjois, но во мат верзија. Прекрасно е, има свиленкаст финиш, трае со часови и има одлична пигментација. Убедена сум дека ќе ти се допадне. Доста се скапи, барем мене ми се. Мислам дека кај нас се нешто околу или над 600 денари, ама навистина важат за квалитетни руменила. Кармините и руменилата на L'Oreal ми се непребол. @lunicka, јас секогаш бирам руменило во прав, мене овие кремастите ми се глупост, најискрено. Го имав тоа 001 во туба од Rimmel, ама многу ретко ставав од него - не ми се допаѓа како се блендаше со четка, а јас да мачкам прсти додека се шминкам нема шанси, мене тоа ужасно ме нервира и сакам чисти раце, па го подарив пред скоро. Кој те знаел, што не кажуваш ти вакви информации, на драго срце би и` го поклонила на ќерка ти, имав ставено три пати преку сила. Сега ми е криво откако те прочитав, ама тоа е. Инаку, јас ви ги препорачувам руменилата на Catrice. Цената им е навистина пристапна - единечните се до 300 денари, а оние multicolour се нешто поскапи мислам, ама она кое е микс од праска и кафеави нијанси мене ми е прекрасно (и јас сум плавуша ) и не ме прави вештачка како напудрена до уши. Миксот од розе бои не ми прави мерак, многу се бледи нијансите и изгледав како болна. Исто, руменилата на Аура, оние кружните единечни - honeymoon honey 216 мислам дека е идеална нијанса за руси девојки во секој период од годината. Инстантно го освежува тенот и нема кој не ме прашал какво руменило сум ставила на себе. Во ДМ се 205 денари, што сметам дека е и повеќе од поволно. Моето го трошам со години, не се согласувам дека кремастите руменила траат подолго од прашкастите, а дека не можеш да претераш со кремастото - да не се лажеме, можеш и тоа како, посебно ако си почетник. Моето мислење е дека нема нешто полесно и поедноставно од четка. На крај, какво ќе одбереме зависи пред се од вкусот и од тоа какви производи повеќе преферираме. Јас секогаш сум за старата добра школа - прашкасто пред течно, барем кога се работи за мојот омилен дел од шминкањето, нанесување руменило. Крем-руменилата на Bourjois не знам дали ги донесоа кај нас, ама сигурно би биле скапи како и овие тврдо печените, кои патем се предобри, ама мене не ми се даваат 500 и 600 денари за руменило, зашто иста работа ми врши и тоа од 300. Ако видиш негде руменила на Bourjois на попуст (обично достигаат некоја пристојна цена од 350 денари), немој да се мислиш, земај му на девојчето. Ќе и трае многу долго, многу споро се трошат овие руменила. Инаку, ориентационо - L'Oreal, Bourjois и Max Factor си држат цена секогаш и обично цените им се 500-600 мкд; Manhattan и Gosh се нешто поевтини, ама не сум имала такви за да споредам на квалитет; Maybelline, Catrice, Rimmel се со нешто поприфатливи цени од 400 па надолу и Essence и Aura според мене имаат баш фини цени и супер квалитет, ги спомнувавме погоре. П.С. Руменила во стик немам забележано кај нас досега. Можеби има од полуксузните брендови, но освен хајлајтер кој патем веќе го обезбедив, не би купила ништо друго.
@buba4e89 И јас да ги пофалам перлите на Џордани. Прекрасни се! Моментално ги имам вторите и третите. Вторите кога ќе ги ставеш се познаваат, но не толку како што се познава кога имаш ставено од третите. Ептен ги прават јаболкниците розовки, и тоа ептен ми се свиѓа. Веќе со години ги користам, и немам ни една замерка. Ти ги препорачувам.