Во Космо. Руменилава на Буржоа се предобри, за лето поготово бидејќи имаат и дискретни светки и сјај ми се совршени. Многу се трајни, а нијанси имаат најдобри од сите руменила.
Незнам, видов на нивната фан страна на фејсбук, обично месечни им се каталозите, но да не тврдам со сигурност.
Ма не само за во лето, руменилата на Bourjois се прекрасни секогаш, а понудата е премногу поволна, со оглед на тоа што руменилата не се ронат, многу се пигментирани и се трошат бавно. Паѓам во искушение да си купам уште некое, ќе видам дали ќе успеам да одолеам до крајот на неделата. Омилени во овој период ми се оние со потопли, песочни нијанси (#38 ), а за во зима прекрасно е она под бр. 16. Дава толку убав здрав сјај и природен изглед - румени образи како од планинско сонце. Сум кажала безброј пати дека тоа без сомнеж е моето најомилено руменило.
Го користам тоа од Орифлеим и ми се погоди. Користев од Авон ама исто како ништо да не сум ставила. Ставав, ставав со четкичката и пак слабо. Мислев дека е до мене ама ве читам тука не сум единствена.
@miss.real јас ја користам од авон, со синтетички влакна е и е мека, идеална ми е за многу пигментирани руменила и за тие што се ронат. За понежните нијанси имам покрута со природни влакна, не ми е од тука купена, ама ако бараш таков тип на четка од аура е со природни влакна.
Има и од Есенс прекрасна четка за руменило, 219 денари е во ДМ. Розева, со некаков дезен - преслатка е! И фина ми е за нанесување на руменило, баш онаква каква што сакам, ама малце е потенка од онаа на Аура, па ми изгледа дека не би била за сечиј вкус, иако прелесно се нанесува руменилото со неа и прецизно бленда.
Јас ги имам оние топчињата на Авон, и или јас не знам да ги користам, или стварно мака се мачи додека се стави на лице Имам доста светол тен, ама па доста и се исунчав (морав да си купам потемна доста пудра после одмор), а сакам и да купам некое нормално руменило (не проклети перли). Некој совет (кој не ги поминува границите на разумните цени - до 300 денари)? П.С. на розевко да биде, не кафеави тонови или портокалови, не користам таква шминка - ич П.П.С. И да, сакам дискретни светкички
@CameliaMiller јас ги користам тие на Essence-silky touch blush со години и задоволна сум. Имаат доста нијаси, само зависи каде што ќе начекаш. Моментално го користам summer dreaming, корална нијанса. http://i993.photobucket.com/albums/af56/beautygloss/2015/April/2_zpsdoqrublw.jpg Цената е 200 ден.
Би ти кажала да го бараш на Буржоа 16-ка, зашто е убедливо најубавата розева нијанса со дискретни светки која некогаш сум ја имала во животов. Поскапо е, некаде над 400 денари е, освен ако не е уште на акција во Космо - тогаш достига некоја пониска цена, околу 350 денари. Многу е фино руменилово и многу бавно се троши, ќе ти трае со години.
До сега ги користев само перлите на Авон, и искрено ич не ми се свиѓаат, па решив да пробам со друга, нискобуџетна варијанта: Ruby Rose руменило бр. 3 односно потемното, и вака, на прво ставање, much better, а е само 120 денари
Женски дајте некој предлог за праска боја на руменило. Ги имам перлите на Orifalime, ама при крај ми се, па некоја слична варијанта