Баш планирав да си купам руменило од оваа линија на Bourjois. Зошто не ти е погодено? Нијансата или? Знам дека се доста пофалувани и се руменила со долга традиција на производство.
Нејм, извини, не мислев лошо... само сакав да чујам повеќе искуства, и плус дали некоја го видела тука, бидејќи ти спомна дека го имаш од Лондон купено. Фала на препораката, и мислам дека ќе ми одговара. Јас немам проблематична кожа, имам прилично чисто лице, само што сум доста бледа, затоа и сакам да го пробам ова руменило, мислам дека поубав сјај ќе ми даде
Jас го користам и навистина сум задоволна,инаку имам доста бел тен и чисто лице ,претходно користев L'oreal,но бидејки бојата која ја користев веке не се произведува ,најсоодветна ми беше оваа. И не згрешив ,супер ми се погоди.
Си купив буржоа преубаво е ,претходно ги имав на џордани перлите ок се,ама ова руменило ептен ми се погоди и на сите ви го препорачувам,околу 420 ден е
Оваа нијанса 95 ми е преубава. :up: Јас сакав да прашам дали некоја ги има користено руменилата на Deborah? И второ, сакам да прашам дали некаде по парфимериите сте виделе ваква четка на Bоurjois за руменило? Jaс ја имам оваа четка што им е за пудра а воедно може да се користи и за руменило, и навистина ми е преубава. Ако сте во потрага по квалитетна четка за пудра или руменило без мислење купете си ја, затоа што ем е со одлична големина, а сепак ќе ви ја собере и во несесер за секаде да може да си ја понесете со вас.
Баш ми е чудно... Јас имам многу осетлива кожа на лицето ама со нив немам сега за сега никаков проблем... Мене многу ми се допаѓа што се сосема солидно пигментирани а не многу нападни, таман како што имам светол тен, а и имаат убав сјај. Многу слични ми се видоа руменилата на Deborah само што немаат толку избор на бои, ама сепак солиден е изборот. Затоа прашав дали некој ги има користено, да сподели искуство, а и со цена се тука некаде како Bоurjois.
Можно е и јас да сум грешка зашто и пудра и лак купував тогаш може сум смешала,ама ми се чини 420беше како убаво да загледав .во секој случај отприлика толку е 400 и нешто
Мммм мислам дека има 15 нијанси кај нас. Имаш мнооогу верзии на розе, кафено и праска. Најубаво ќе си пробаш на лице место и ќе си одредиш според тенот, иако ќе ти биде малку тешкичко. Можам да ти ги препорачам следниве нијанси како едни од поубавите според мене: 15 Rose eclat 16 Rose coup de foudre 33 Lilas D'or 34 Rose D'or 35 Lune D'or 95 Rose de jaspe 96 Rose universel (illuminating touch) - како илуминатор се води, сличен е со нијансата на број 35.
Јас би ти препорачала:ако имаш светла боја на кожата и плава коса би ти одговарало руменило со праска боја,какво што и користиш,а ако имаш темен тен темно кафеаво или црвено
завчера си го купив и ова на буржоа,32ката.го имав 95ката ама сакав сега нешто потемно.на тестерот некако убаво ми беше ама кога пробав дома темно испадна па ќе видиме ќе комбинирам некако,за вечерно излегување повеќе ќе ми одговара. и ако имавме дилеми околу цената-465ден е во космо
ели убаво изгледа на сликата и јас сакам вакво ама да соберам парички . да не е многу пигментирано па да ти изгледа темно,треба многу да пазиш со руменилото за разлика од перли -од руменилото треба сосема малку да се помине,на лицето,за сјај,а кога ставам перли ставам доста за да се познава.пробај нежно да го нанесеш