@Leo-nora јас би ти ги препорачала на Голден роуз четките , влакната им се мекани , не паѓаат , ја имам таа за руменило и кабуки четката за пудра. Сега мислам дека се нешто околу 200 и нешто денари ама се квалитетни вредат мн за таа цена
Девојки, руменило и четка препорачајте ми ве молам. Розевко нешто сакам и да се нанесува убаво со четка некоја добра. Имам една ко со свилени влакна ама...не ми е баш. Сакам да купам сега али немам време да ве читам наназат можда ке се снајдев некако низ коментарите.. На есенц на пример нешто? Фала
@Kukla994 Јас видов преубава четка за руменило од Орифлејм, на Giordani Gold и си ја нарачав, ќе ја земам за неколку дена, ама не се сомневам дека ќе биде добра, супер се нивните производи. Руменило имам розево од Голден Роуз, Teracotta Blush On Nr 8, еве како изгледа: А, еве ја и четката:
А дека сум јас бледа троа отпоќе нема ли темно да ми иде ова нијанса? Дан изгледам ко шлаканица да ми акнал некој или не е толку можда во живо И четкава мислам дека е добра ама сакав одма да купам не можам многу да чекам вака од авон или орифлејм...
Јас сум многу задоволна од четките на Есенс а и од руменилата. Не се многу пигментирани, така што не можеш лесно да претераш, а и имаат светли нијанси. Исто задоволна сум од ова руменило на Флормар, имаат штанд во Веро Џамбо (не знам на др место каде), ова е попигментирано, али бојата е изгледа многу прородно на лице и лесно се бленда. http://irecommend.ru/sites/default/...user-images/479485/j2Zy9weO1Tn2LtqDuc6Xng.JPG
@Kukla994 Охоо, и јас сум многу бледа во лицето, дури некои жуткасти тонови фаќам ,ок ми е руменилово, само да не претераш со нанесувањето, малку е доволно, освен ако не сакаш некој подраматичен изглед. А и сигурно има и други нијанси од руменилово на ГР. А за четка, сигурно исто имаш од ГР и од Есенс, ќе видиш таму, зошто вака стварно не знам да ти кажам, не сум многу по шминкањето јас.
Девојки, ја има ли палетава кај нас, колку пари е и ако некој ја користел- дали е задоволен? Фала Добредојден е и некој предлог за бронзер кој нема портокалов тон
Ја има од поодамна и мислам дека е околу 400 денари. Мене не ми се допаѓа затоа што бронзерот не беше мат, а јас не си се допаѓам со светкав бронзер. Руменилото не е лошо, Хајлајтерот не сум го пробала како изгледа на кожата затоа што и не сум баш некој љубител на хајлајтер, а бронзерот е неутрален меѓутоа со седефаст финиш. Темниот не знам дали го има и дали е убав, јас ја имав верзијата со посветлиот бронзер. Многу фино руменило кое го користам како бронзер е она multi-color од Catrice. Не верувам дека ги има уште, мислам дека ги повлекоа и извадија некои понови верзии, меѓутоа тоа руменило е врв! Како виножито е, има неколку нијанси почнувајќи од кафеава (неутрална, мат) за контурирање, сè до бледорозеникава со топол подтон.Делот кај руменилото ми стои непипнат со месеци, ама дупка направив во делот кај темните нијанси. Прекрасно е, ако некаде евентуално има останати, можеш да си земеш. Мислам дека беше до 300 денари. Аура исто така имаат фин бронзер од оние во црните поелегантни амбалажи. Старите им беа за никаде.
Денес баш ја гледав во ДМ, на попуст е моментално, мислам 289 денари. Има три нијанси палети, мислам 10 20 и 30, мене најубава ми се виде средната.
@Emotional123 види ги и мат руменилата на Севентин, имаат прекрасни нијанси, и тоа повеќето им се такви какви што бараш. Имам две нивни мат руменила, едното мислам дека е точно тоа што го бараш, но не сум дома моментално да видам бројче, ама ќе се потрудам да го најдам на нет и ќе ти пишам Едит: Го најдов, бр. 12 е, нијанса Peachy Rose (не ми се верува со имево, скроз исто како што ти ја опиша нијансата што ја бараш) Сликава не го доловува најдобро, ќе го видиш во живо, ама мислам дека тоа е тоа. Јас го имам и преубаво е, нежно, баш сега за пролет совршено. И трајно е, мене цел ден ми стои.
Јас сум многу задоволна од тоа на Алверде. Многу убава нијанса имам и не е скапо ич. Јас го имам последното може ќе ти се бендиса бојата.
Ќе се согласам со @buba4e89, јас го имам 01 Apricot и преубаво е.. Пробај го тестерот може ќе ти се погоди затоа што баш е мат, праскасто-розево и е 200ден.
Не. За таа цена не вредат. На рака преубави. Толку е тврдо , прво гребев со четката за да нанесам. А штета, супер нијанси има( ако не и најдобри од сите).
Леле разговарав со една членка и таа ми се пожали и не зедов од нив. На рака како што кажа преубави пигментирани, секој каталог на Космо се на попуст. Штета.