Во последно време од руменилата на Аура сум најзадоволна, убави нијанси имаат и долготрајни се. Во перли руменила избегавам, смотана сум, стално ми паѓаат од раце. Сега периодов сакам да го дотрошам ова од Аура, па пробам и некое друго.
Ова нема да се пропушти, ама имам на залиха руменила, па не сакам да трупам, ама понудава не ја пропуштам, па доколку земам кафеавкаста нијанса што би ја користела како бронзер ќе згрешам, м? Затоа што сепак не е таква намената. И зошто некако мислам дека колку и да сакам некоја нова нијанса да земам, пак ќе биде некоја розевкаста и иста како тие што ги имам? Предлог нијанса? Може накај розе, праска. Само да не е нападно црвенкасто.
Цената е одлична. Јас го користам руменилово, многу е убаво. Многу бавно се троши, јас го имам веќе скоро две години. Baked руменило е, значи се стврднува со тек на време, но треба само да се изгребе горниот слој. Мене ми се најубави 33, 34, 54 и 95 од нијансите. Сите овие се розе, розе-праска, 34 е со ситни златни светки, а кафеавите нијанси ги немам пробано.
@Glossy-girl мене ми беа ок руменилава , само да знаеш дека не е производ што пушта мн боја. А како бронзер не ти препорачувам ниедно од овие да користиш. Сите имаат светки внатре , јас како што знам немаат Буржуа мат руменило.
Затоа и не ризикував, зедов боја како за руменило. Па можеби е и подобро да не пуштаат многу боја, обично сакам дискретно да сум нашминакана денски и посебно во последнава година од средно кога почнав сѐ почесто да го практикувам шминкањето минимално, ретко кога ставам руменило за вечерно излегувње. Ќе ми стигне петок, нетрпелива сум.
Јас сум многу задоволна од руменилото на Trend it Up. Јас ја имам нијансата 010, многу природно изгледа, пигментирано е и долготрајно. А цената на попуст беше околу 140 ден.
Обично руменилото се одредува според тонот на кожата, во зависност дали имаш светла/темна кожа и ладен (розов)/топол(жолт)/неутрален подтон. Каква е твојата кожа?
Девојкии, може ли да ми препорачате перли до кај 300 денари? Дали се добри на Golden Rose? Дали траат и со боја како пуштаат? Некој искуство?
Ми треба руменило во комплет со контури,но мат,несакам светки.Некое такво да сте виделе не е битна цената.
Првиот пат кога порачав пред неколку години беа супер исти вакви, но сега пред неколку месеци ги порачав истите мислам glow беа, абе ужас портокалови лицето како ајвар. И сега сакам пак да порачам за исти да ми бидат, но не му се ризикува нем пак да испаднат портокалови